Webit: e-Business & e-Marketing
Ни тргна денов сo фалење за новиот блог, па решив да ја искористам можноста и да продолжам да се фалам :). Слободно кажете ако претерувам.
Она што имам за фалење е дека, како дел од маркетинг тимот на Seavus, ја имам таа среќа и можност оваа година да присуствувам на Webit, заедно со мојата колешка Биба.
За оние што не знаат , ако има такви, ајде да дадам кратко интро. Webit е единствената B2B e-маркетинг конференција која што се одржува во Југоисточна Европа. Како што можете и да прочитате на нивната страница, на оваа конференција ќе присуствуваат најмоќните и најеминентните светски компании како: Google, eBay, AOL, IAB, Guardian, Pay Pal…
Презентери на оваа конференција, која се одржува во Софија (за малку ќе заборавев да спомнам), ќе бидат претставници (на мнооогу високи позиции) од гореспоненатите компании. Програмата е многу богата, вклучувајќи голем дел од најактуелните теми во интернет маркетингот денес.
Многу повеќе информации ќе најдете на нивната страница (луѓето убаво си објасниле), а од мене очекувајте многу твитови и понекој пост додека сум таму (7-8 Октомври). Е да, ако некој случајно решил да оди, обавезно е да ми се јавите за да се дружиме. :)




Коментирај!