Највлијателни луѓе на Интернет во Централна и Источна Европа – Webit
Се сеќавате на минатогодишниот долгометражен пост за Webit? Оваа конференција се одржува повторно годинава, на исто место. Моето искуство минатата година беше повеќе од пријатно, па затоа и оваа година топло ви препорачувам да се приклучите на оваа конференција. Трошоците се незначителни за искуствата и контактите кои ќе ги добиете таму. А за оние кои сепак сметаат дека трошоците се над нивниот буџет, организаторите решија да им понудат шанса да присуствуваат бесплатно и тоа го сторија на многу интересен и забавен начин. Воедно, тие си обезбедија одлична програма за поддршка на нивната промоција.
За што станува збор? На прв поглед знам дека на сите ќе ви личи на спам, но тие тоа го земале предвид и си смислиле содржајна приказна која ќе ве навлече да го правите тоа. Повторно се работи за кликови, меѓутоа тоа е изведено на многу попристоен начин којшто верувам дека нема да прерасне во спамирање ако се работи внимателно. Програмата опфаќа два дела:
1. Споделување на линкови по вашите профили на Facebook, Twittre, LinkedIn и сл.
2. Вметнување на код на вашата Интернет страница, при што ќе го прикажувате нивниот однапред дизајниран банер.
Се што треба да направите е да се регистрирате. По вашата регистрација добивате уникатен линк којшто можете да го споделувате со кого сакате и код за банерот. Не сум експерт за дизајн, меѓутоа сметам дека банерот е многу привлечен и забавен, па затоа јас и Дарко решивме да го ставиме на нашиот блог, а воедно и да си помогнеме во споделувањето на линкот. Линкот е решен е со bit.ly, алатка за скратување, споделување и следење на линкови. За ваквите алатки Дарко пишување во еден од минатите постови па можете да се запознаете подобро со нивната функција.
Главната цел е да заработите најмногу кликови на вашиот уникатен линк. Секој клик ви носи по 1 поен. Доколку некој од посетителите кој дошол токму преку вашиот линк реши да плати и да учествува на конференцијата, вие добивате 10 поени.
И да ова ви звучи досадно и спамерски се додека не дознате дека според бројот на кликовите се мери и вашето влијание на Интернет. Затоа тие решиле дека целта на оваа програма е да ги најде највлијателните луѓе на Интернет во регионот. Нивното оправдание за мерење на влијателноста според бројот на кликови е дека тие сметаат дека ако сте доволно влијателни и имате голема мрежа на контакти, тогаш вие ќе добиете најмногу кликови.
Меѓутоа зборот “највлијателни” не е баш најсоодветниот збор за промоција на оваа програма. Не значи дека победниците се всушност и највлијателните луѓе на Интернет во регионот. Се зависи и од тоа колку сте вешти и желни да одвоите време и да се занимавате со постојано споделување на линкот. Некои од највлијателните луѓе сигурно нема да се одлучат да учествуваат во програмата поради недоволна заинтересирност или недоволно време.
Она што е битно тука да го истакнам, е дека иако програмата е направена по урнек на иста таква програма спроведена во САД, тие сепак направиле добар избор за промоција и ширење на програмата на најбрз можен начин. Програмата има неверојатен одзив на Twitter, а верувам и на другите социјални медиуми.
Освен за највлијателните во целиот регион, Webit овозможува бесплатно присуство и за највлијателните од секоја земја посебно. Ова беше доволен предизвик за мене да се приклучам, бидејќи сакам да присуствувам и оваа година. Помогнете ми и вие да се искачам погоре на листата и ветувам дека ќе ги споделам сите искуства и знаења, исто како и минататa година :).



[...] This post was mentioned on Twitter by Natalija, Natalija and Kihu Potru, Podkrepa Net. Podkrepa Net said: RT @Potru: Највлијателни луѓе на Интернет во Централна и Источна Европа | http://bit.ly/cvqzmj [...]
И? Кој е Никола Бојков?
:) Има сеуште време. Никола Бојков е од http://www.e-nevladina.com/
Како не знаеш кој е Никола, па не влијаел тој на тебе? :))))
Коментарот повеќе ми беше во насока на изразување на скепса во поглед на ваков вид на мерење на влијателност. Можат да те кликаат многумина, ама малку да имаш „во супстанца“.
Ова не се однесува на г-дин Бојков — едноставно му го видов името во илустрацијата на сторијата, па го искористив за поента.
На пример, малкумина надвор од професијата слушнале за Jakob Nielsen ( http://useit.com ), но неговите истражувања и репорти го моделираат изгледот на секој веб-сајт кој држи до себе.
Или Џои Ито ( http://joi.ito.com ) — колку ваши познаници, дури и IT професионалци, знаат за кого се работи? (За да им уштедам време на оние што не знаат: директор на Creative Commons, оригиналниот инвеститор во Flickr.com, итн.)
Јасно, јасно, јас се шегував Ванчо. Те разбирам комплетно. Патем на темава одличен пост има пиано Драган – задолжително да го прочиташ за да не мора да раскажувам тука во коментариве. http://www.draganvaragic.com/weblog/index.php/241…
Потполно се разбираме.
Одличен текст на Драган Варагиќ – задолжително четиво… Фала за линкот
What is the secret to healthy eating?
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари