Впечатоци од Webit 2009 – e-Marketing & e-Business
Сподели
Готово е, готово. Заврши Webit и јас се вратив дома пред 2 дена. Се извинувам на сите вас што малку го запоставив блогот и не стигнав порано да напишам пост. Ама затоа бев многу ажурна на Twitter. Се надевам дека ме следевте редовно. Епа ајде сега да ви пренесам колку што можам повеќе од се што се случуваше таму.


Како што на еден блог веќе прочитав, секое чудо за три дена, т.е. ова траеше 2 дена. И навистина беше чудо, иако уште на почетокот ме дочека разочарување. Сакајќи да слушам предавање кој што не беше вклучен во бизнис-пакетот, требаше да си купам дополнителна карта… но, тоа не беше возможно до 10:00 иако предавањето почнуваше од 9:00. Ама некако успеавме да се нагодиме, па ми дадоа карта која требаше подоцна да ја платам. Значи така, не премногу воодушевена од организацијата, се упатив кон првиот панел и воедно ги посетив штандовите на спонзорите на настанот. Освен неколку хостинг фирмички и студија за дизајн, друго и не можеше да се види меѓу нив. Значи, и тоа ништо импресивно.


Eпа доста околу организацијата, сега малку да зборуваме околу она што видов и слушнав на предавањата.
По презентацијата на DataPort, која можам слободно да речам дека беше целосно комерцијална презентација (иако беше полна со интересни факти и информациии) за нивната платформа за интеракција на луѓе со исти проблеми – спротивно на Facebook, следеше официјалното отворање, коешто морам да речам дека беше се само не обично. Спротивно на претставата што ја имав за едно официјано отворање (фалби, фалби и само фалби за тоа колку организаторот успеал), ова беше тотално информативно презентирање на состојбата со интернет маркетингот во регионот. Ваквиот пристап пријатно ме изненади. Потоа, како и секогаш видно воодушевена од предавањата на светските гиганти, морам особено да го издвојам Alex Marks од E-bay. Три збора го опишуваат неговото предавање: издржано, импресивно, информативно.

Со екслузивно прикажување на резултати од нивното најново истражување, презентираше бројки и проценти коишто и мене ме изненадија. Најзначајните од нив беа следните:
- 40% од вкупните трошоци за рекламирање на Интернет одат на друштвените медиуми
- 81% од купувачите прават нарачка на Интернет само на страниците на коишто им веруваат
- 61% е веројатноста дека ќе забележите реклама на страниците за електронска трговија, додека овој процент е само 41% на интернет пребарувачите
- Телевизијата сеуште претставува најмоќен медиум којшто влијае на одлуката за купување.
Потоа следеа панели за коишто навистина не можам да се одлучам кој беше поинспиративен. Почнувајќи од предавањето на AOL, кадешто Andrew Bradford ја нагласи важноста на содржината при огласувањето на Интернет и истакна дека CMS се идните системи за огласување; продолжувајќи со Microsoft каде што бев воодушевена од Microsoft Looking Glass (визуелно) и од импресивната бројка од 9,5 милијарди долари којшто Microsoft ги троши за истражувања и развој; за да дојде Coca Cola презентацијата на ред, којашто иако немаше многу мотивирачки почеток, сепак на крајот се прикажа во право светло. Она што најмногу ми се допаѓаше во презентацијата на Prinz M. Pinakatt е истакнувањето на важноста на купувачите во креирање на репутацијата на брендот. Coca Cola јасно истакнува дека нивниот успех и директна заслуга на нивните потрошувачи. Дури и нивниот Facebook Fun Page, е оставен во рацете на корисниците и Coca Cola директно се вклучува со само 30% учество во креирањето на содржината таму.
По презентацијата на Coca Cola следуваше панел за дискусија, којшто искрено не ми се допадна многу. Дента и следниот ден присуствував на уште 2 од сличен тип и тие не ми се допаднаа. Причината беше таа што очекував дека публиката ќе биде директно вклучена во овој панел, меѓутоа целата дискусија се одвиваше помеѓу присутните предавачи. Како модератор на овие панели, организаторот Plamen Russev го имаше главниот збор и скоро 90% од дискусијата беше насочена за потребите на бугарскиот пазар. Последно што можам да истакнам за првиот ден беше предавањето на Alexandra Deutsch од OutThere која зборуваше за mobile marketing, и исто така презентираше некои импресивни бројки како на пример:
- OutThere достигнал 2.5% CTR во Австрија (5 пати повеќе од Интернет огласувањето)
- Првата реклама за мобилни во Бугарија – Nescafe & KitKat- достигнала 3,25 % CTR и 10% конверзии.
И така пристигна и вториот ден. Постов стана премногу долг ама ова е најкраткото нешто што можам да ви го напишам верувајте.

Прво на распоред беше Adwords Master Class. Ако ме прашувате мене ништо ново, дури и премногу основно, но сепак е сосема друго чувството кого Google човек ќе застане пред вас да објаснува за она што го работите. Темата која што Steffen Ehrhardt ја обработи детално е успешното таргетирање на кампањите и важноста на адаптираниот пристап при огласување на различни пазари. Релевантноста на содржината на огласите неколку пати беше спомената и претходниот ден, но и Google ја нагласи како најважна.
Една од најистакнатите презентации беше онаа на Liz Butler од Guardian. Без цифри, проценти и импресивни истражувања (што воедно е мојот омилен дел во една презентација), сепак презентираше едно сосема интресно гледиште за начините на анимирање и интеракција со корисниците. Следен на распоред беше Norm Johnston од MindShare, за мене можеби најинтересен од сите предавачи на Webit, според неговиот стил на презентирање. Интересно, мотивирачко и зачинето со доволна доза на хумор, Norm презентираше неколку интересни решенија за реклама. Она што повторно беше споменато во оваа презентација, а мене искрено не ме радува многу, е дека телевизиските реклами директно влијаат на бројот на посети на вашата страница. Меѓутоа сепак инднината се состои од дигитална телевизија, рекламирање на мобилни и страници изработени во 3Д. Други интересни податоци што беа изнесени на оваа презентација беа фактите дека 90% од сурфањето започнува на интернет пребарувачите, 1/3 од сурфањето во Кина оди преку мобилни телефони и, ова е интересно, Dove постигнал огромен успех со спонзорството на кинеската верзија на “Ugly Betty” којашто вкупно го чинела колку 2 недели огласување во Тајланд.
Следна беше една од оние дискусии каде што предавачите си правеа муабет меѓу себе без никакво учество од публиката. Присуствуваа некои предавачи од Турција, Романија и Бугарија и искрено немаше нешто особено вредно што овде би го истакнала, освен дека истакнаа дека PPC кампањите се модерни во регионот и дека иднината останува на mobile marketing. Е следното беше од најинтересните – PayPal предавање од Przemek Pluta. На мое големо задоволство и тука имаше многу проценти и цифри:
- Секој трет корсник на Интернет доаѓа од Кина, Индија или Бразил
- 7% од корисниците на Интернет во Европа купуваат во во странство
- 21% од продавачите на Интернет продаваат во странство
- 9% од електронската трговија се одвива преку PayPal
- PayPal очекува раст од 15%-20% за 2010.
И на крајот од ова предавање најважното прочитајте го во овој твит: http://twitter.com/Natalija/statuses/4707294147 (like never?????).
До крајот на денот присуствував на две предавања од Google (Christian Hernandez и Andrew Pozniak) и уште едно од Chiao (Marco Di Noi). Трите беа супер интересни, во знакот на сите останати на Webit.На овие предавања повторно беше истакната важноста на корисниците за брендот и репутацијата на фирмата. Самите корсници всушност претставуваат и најдобрите продавачи на вашите производи и услуги. Нивната позитивна препорака се смета за најзначајна информaција при купување. Некои од интересните бројки коишто беа изнесени на овие предавања се следните:
- 81% од секое купување започнување со пребарување преку Интернет
- Помеѓу пребарувањето за одреден производ и одлуката тој да се купи, во просек поминуваат околу 30 дена
- 67% од пребарувањето на Интерент е иницирано преку некој офлајн канал
- По прикажувањето на некоја реклама, скоро ист е процентот на пребарувањата за рекламираниот производ со процентот на кликови на прикажаната реклама
- 71% од луѓето очекуваат дека водечките брендови ќе се најдат во топ резултатите од пребарувањето
- Во јули 2009, имало 36 милијарди пребарувања во Европа, а 113 милијарди во светот.
На крајот, морам да кажам и што не ми се допаѓаше, зошто ништо не е совршено нели?
- Иако ова беше B2B конференција, сепак многу повеќе внимание се посвети на B2C маркетот. Дури во еден наврат кога една од предавачките беше запрашана да даде B2B пример за темата којашто ја обработуваше, таа одговори дека е многу тешко и дека скоро и да не постои успешен пример до денес.
- За целото време беше дискутирано за физички производи. Скоро никој не се осврна на секторот на услуги или апликации. Microsoft зборуваше за своите апликации многу, меѓутоа не од комерцијален аспект.
- Сите од предавачите многу успешно избегнуваа конкретно да одговорат на прашањата на публиката за тоа како всушност тие го работат својот бизнис. Сите нивни одговори беа завиени во форма да го задоволат вашето интересирање, меѓутоа не и јасно и конкретно одговорени. Сепак тоа го сметам за моќ и за професионализам.
Имаше уште неколку работи кои не ми се допаѓаа, но на последното предавање си добив и Google маичка, па решив да ги изоставам :)))).
И така Webit заврши. Многу сум среќна што имав можност да присуствувам како дел од маркетинг тимот на Seavus, бидејќи ова беше едно од најубавите, најнспиративните и најинформативните искуства во мојот живот. Имам уште толку многу да зборувам, меѓутоа неможам се да ви доловам во еден пост. Се што ве интерсира дополнително, тука сум прашувајте, ќе ми биде задоволство да одговорам.
А сега, сите да се спремате за Glocal, и доколку некој заборавил трк одма на регистрирање.






Импресивно Наталија
Би сакал да те запраам само зошто од англискиот збор billion преведуваш билион? 1 билион е многу голема бројка. 1 милијарда е правиот превод.
67% од пребарувањето на интерент е иницирано преку некој офлајн канал
Се фрапирав од овој податок и кога ти го видов твитот. Живо би ме интересирало дали овој проент кај нас е поголем или помал. Имама некои аргументи на ум и за едното и за другот.
Но во секој случај само покажува колку мора да се излегува надвор од рамката и од други медиуми да се праќаат луѓе на нет.
[...] This post was mentioned on Twitter by Natalija and Никола Бојков. Никола Бојков said: RT @Natalija: Впечатоци од Webit 2009 – e-Marketing & e-Business – http://bit.ly/9tFJU #webit [...]
@Goran: Поправено. Се извинувам за грешката.Навикната сум да размислувам на англиски и тоа ми е хендикеп. Се надевам нема да ми замерите. Благодарам за забелешката.
@Darko: Не ми се веруваше. И тоа информацијата беше пренесена на предавање од Google. На моето прашање дали тоа значи дека најголемиот дел од буџетот за маркетинг треба да оди по офлајн каналите, одговорот беше дека тие трошоци сеуште не се згаснати и дека мора да се обидеме направиме баланс. Сеуште не ми се верува. Се разбира, сите за во иднина имаа други прогнози.
Свака част! Ја сам те пратио на Твитеру, била си ажурна!
Велики поздрав из Србије
Фала Милош, се трудев :).
Најголем поздрав
Баш ми е криво што не отидов на Webit – ама мило ми е што некој бил па таман да ми пренесеш впечатоци во живо :)
Честитки за Google маичката, само немој сега нон стоп да ја носиш по сите ИТ настани кај нас :)
Инаку интересни факти, и баш истото го имам забележано кога се во прашање вакви предавања, за “best practices” од областа на интернет маркетирање.
Никој неможе да даде некоја најдобра формула за B2B и тоа посебно во делот на услугите и апликациите. А тоа се и едни од најтешките индустрии за рекламирање.
Голем поздрав и се гледаме во живо за впечатоците
Гугл маичка а? Корупирана една :)
ахахаха, да… да го имаше логото и одпозади на маичката немаше ни тие 3 да ги напишам :)))))
@Ивана Некако ми отишол твојот коментар во спам па извини за доцната објава.
За маичката, нема спас тоа е, додека не избледи ке биде униформа.
А за формулата, ние ке ја смислиме, ако никој друг не може :)))
Донекаде се сложувам дека Б2Б маркетингот е потежок, но повеќе мислам дека тука фали многу труд и желба да се успее. Моето мислење е дека бара многу повеќе посветеност, иновативност и оригинални идеи, а воедно е и најпрофитабилниот сектор за работење.
Проблемот е што најчесто сите зборуваат за тоа што треба да се направи, но никој не зборува како тоа да се направи. Ретко кој би сакал да ги сподели своите позитивни искуства (читај тајни) и да даде реален пример. Ама сите ние сме спремни и сами да си ги откриеме тајните, нели? :)))
Конечно седнав да напишам коментар за Вебит. Само 2-3 дополнувања, а за викендов што следува ќе додадам некои работи.
Иако имавме неколку забелешки за организацијата мора да се пофалат организаторите дека овој настан го најавија пред 9 месеци и за тој период многу добро го водеа процeсот на промоција. Мора да забележам дека според мојот впечаток 95% од присутните беа Бугари, иако очекував за ваков настан да биде изразен интерес од луѓе од оваа област од сите балкански земји.
Алекс Маркс од Е-Bay не потсети зошто толку го сакаме маркетингот воден преку Интернет. Тој наведе пример за тоа како ги таргетираат посетителите на нивниот сајт со примерот дека доколку неодамна сте купиле автомобил, ве таргетираат со информации за осигурителна полиса.
За презентацијата на Кока Кола изнесен беше фактот дека тие кога сакаат да се рекламираат преку Интернет “не разговараат со aкаунт менаџерите, кои мислат само како да им ги соберат парите”,туку со програмерите кои ќе им укажат што е следната работа што ќе биде ИН и потоа да ја имплементираат во својата маркетинг стратегија. Liz Butler од Guardian имаше многу јака презентација со тоа што ги презентираше начините на кои Guardian ги анимира своите корисници. Еден од примерите: креирале инфо портал за фудбал од кој корисниците можат слободно да ги користат информациите за своите блогови, веб сајтови…Звучи многу едноставно, всушност е едноставно, но функционира одлично…
Koga ke ima Pay Pal vo Makedonija? Odgovor: hm….mmmmmmm…hmmmmm…… by Przemek Pluta, Sr. Manager, Pay Pal Poland
Дали му го прочита изразот на фацата(во најскоро време или има многу време за тоа)? :)
Инаку за ВебИТ верувам дека до толку не било лошо – дај малку повеќе оптимизам колешке :)
и предлог еден за повеќе блог постови од вебит, поопширно за секој панел- јас малце касно го глеам овој пост – можда си поставила нешто веќе
Pay Pal во Македонија? Паааа, сеуште чекам повеќе новости на таа тема. Ми ветија дека ќе ги добијам во скоро време, ама поминаа веќе 3 недели а јас уште ги чекам. :))))
Webit беше одличен, уште сум под импресии, само морав објективно да ги опфатам сите аспекти :)) Немам пост после тоа, затоа што се случуваше Glocal и веќе Webit беше застарена тема. Се надевам дека го следеше периодот на Twitter, таму се пренесував во реално време.
Фала Наталија,
сакав да одам, ама не успеав и еве конечно се вклучив барем на блогов и се надевам дека вака ќе се вклучам и во е-маркетингот кај нас повеќе. ако има нешто интересно кажувајте
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.
На Twitter
8 hours ago from HootSuite
13 hours ago from Tweet BFFs
14 hours ago from Tweet BFFs
14 hours ago from Chromed Bird
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари