Успешна SEO – нелогично логичен потег
Вчера имав многу интересна дискусија со човек кој, помалку или повеќе, е во водите на интернет маркетинг и навистина ме натера на размислување. Иако долго се објаснувавме на темата, сепак сеуште ми се врти во паметот па решив да ја споделам.
Според моето искуство, најболна и највеќе дискутирана тема на сите оние коишто се занимаваат со интернет маркетинг е оптимизацијата за интернет пребарувачите. Темата на којашто дискутиравме е застапеноста на клучните зборови во мета таговите и содржината на страницата. Иако и јас како почетник ја застапував тезата дека треба да се стори се’ (читај: што поголема застапеност на клучните зборови), за да можат интернет пребарувачите најлесно да ја индексираат страницата, сега имам и малку подвоено мислење, заради неколку причини:
- Дололку го наполниме мета тагот со клучни зборови, на интернет пребарувачите им ја даваме следнава слика: Наместо да кажеме “Мојата страница е за ОВА”; ние кажуваме”Мојата страница е за ОВА, ОВА, ОВА, ОВА, ОВА”. И доколку истиот клучен збор го повторувате во URL-то и во насловите на вашата страница, веќе е јасно дека тоа е намерна манипулација и повторување на истиот текст насекаде во напор да обезбедите што подобра позиција.
- Втората причина се насловите на страниците. Ако настојуваме тие да бидаат 100% оптимизирани би требало да изгледаат вака: “Клучен збор Клучен збор Клучен збор”. Да, тогаш дефинитивно ќе се најдете меѓу првите 10 резултати при пребарувањето, меѓутоа ајде да размислиме колкава е веројатноста луѓето коишто пребаруваат да кликнат токму на вашиот линк. Насловот на страницата треба да е логична фраза којашто ќе им биде сфатлива на читачите и којашто ќе им даде слика за што точно е вашата страница.
- Клучот за добра оптимизација е добро напишана содржината, која е компактен и интегрален дел на вашата страница. Доколку соджината е преплавена со клучни зборови, нивни синоними и варијации, многу е веројатно дека таа нема да има смисла за читателот. Ваквите клучни зборови ќе бидат игнорирани од интернет пребарувачите и во најлош случај, вашата страница ќе биде тргната од резултатите поради спамирање.
Да сумираме, со цел за подобра оптимизација, вие ќе ја преплавите вашата страница со клучни зборови, лесно ќе биде индексирана од интернет пребарувачите, ќе биде пронајдена од читателите и потоа што? Размислете дали посетителот ќе успеете да го задржите на страница со содржина одлична за интернет пребарувачите, но нејасна и без смисла за читателите.
Затоа при оптимизација на вашата страница, секогаш имајте го читателот во прв план. На крајот, интернет пребарувачите не си ги измислуваат правилата, туку ги поставуваат во корелација со истражувања за тоа како луѓето го користат интернетот.


[...] See more here: Успешна SEO – нелогично логичен потег [...]
[...] This post was mentioned on Twitter by Oliver Noveski. Oliver Noveski said: RT @Natalija Успешна SEO – нелогично логичен потег – http://bit.ly/CyPXY | …бидејќи премногу SEO може да има и негативни последици… [...]
Клучните зборови треба да бидат околу 10, останатите ќе бидат игнорирани.
* Кај ви е keywords тагот на блогот? :)
Тука е некаде, плагинот за SEO го крие :), ми се чини
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари