Foursquare Super Swarm Фестивал
  • Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>
Home » marketing

Добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација

Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 5 Nov 2009 | 3 Коментари
Share

Деновиве на Интернет, особено на Facebook може да се забележи заедничката кампања на Црвениот крст и Dormeo. Зад Dormeo стои Студио Модерна, компанија која во послено време заслужува голема пофалба за ниваните Интернет кампањи. Мотивацијата да поразговарам со нив потекнува уште од кампањата која ја реализираа за денот на вљубените, но ете изгеледа Разбудете се хумани беше вистинкото време и финалниот мотиватор. Спремивме (јас и Нате) неколку прашања на кои со задоволство се нафати да одговори Ана Бојаџиева од Студио Модерна Скопје.

  • 120 Душеци за две недели. Честитки. Дали е ова резулат само на интернет кампањата или станува збор за интегрирана кампања? Ако е интегрирана, колкав е делот/уделот на интернет делот?

Благодарам. Се радуваме и што бројот на донации постојано се зголемува, а тоа значи дека заедно со Црвен Крст и сите оние кои донираа можеме да им помогнеме на голем број граѓани да имаат поудобен и поквалитетен живот. Првата донација во петок (6.11.2009) ќе ја добијат старите лица од домот „Мајка Тереза“ во Скопје, а ние нестрпливо го чекаме тој момент. И се разбира, акцијата ќе продолжи понатаму за повеќе такви моменти.
Facebook рекламаИдејата на „Разбудете се хумани“ беше токму будењето на хуманоста, па за да допреме до што поголем број на граѓани се одлучивме за интегрирана кампања во која вклучивме ТВ, Интернет, Принт. Интернет делот, ако го мериме според она што ни беше најважно, а тоа е секако бројот на донации, изнесува 40%. Но, ако малку пошироко гледаме на целата кампања, ќе видиме дека не се работи за мерлив дел или влијание. Дали со интернет кампањата сме помогнале во подигање на свеста? Тоа да, сигурно. Е-маил пораките за поддршка кои ги добиваме, како и бројот на донации преку веб-страницата го потврдуваат тоа. Но, дали некој се одлучил да донира преку веб-страницата поради интернет кампањата или ТВ спотот, добиениот флаер, видениот постер? Тоа не можеме да го знаеме. Исто така, има и многу кои дознале за „Разбудете се хумани“ од Интернет, а сепак се одлучиле да се јават на 02/3094 555 (тел. број за донации) и да донираат на тој начин. На крајот, начинот не е толку важен, колку што е важна целта – да им се помогне на што повеќе луѓе.

  • Што вели вашето искуство кога зборуваме за ефективност на Интернет кампањите во Македонија? Кој е клучот за успешна Интернет кампања?

Моето скромно досегашно искуство ми покажало дека Интернет прозорецот нема само еден клуч, туку дека тие се повеќе. А и динамично се менуваат. Досегашниот ефект на „Разбудете се хумани“, според мене, се должи на пораката, на која добиваме одговори. И така гледам и на останатите кампањи – ако пораката допре до мене и ме натера да делувам, тогаш кампањата е успешна. Повторно, не е важно колку, какви банери имало и на која позиција…добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација.

  • Колку време и колкав тим се потребни за креирање и спроведување на една квалитетна Интернет кампања во Македонија? Што е неопходно да се има како позадинска поддршка?

Сѐ е позадинска поддршка кога се интернет кампањите во прашање ☺. Кога креираме една кампања, поаѓаме од идејата и ја бараме најсоодветната порака.

И на тоа го посветуваме најголемиот дел од времето. Без разлика на функцијата – креативец, дизајнер, програмер, во овој процес е вклучен целиот тим бидејќи токму тимот е она „неопходното“ за квалитетна кампања. За „Разбудете се хумани“, морам да кажам, сите имавме некаква посебна енергија и сѐ одеше брзо и лесно. Но, креирањето на една кампања на запира на нејзиниот старт – таа треба да се следи и доколку има потреба – да се менува и додека трае.

  • Вашите реклами често се поткрепени со стории од задоволни корисници. Која е тајнта, ако е воопшто тајна, во процеот на поттикнување на мотивацијата на корисниците да ги споделат своите стории?

Нема тајна. Многу од задоволните корисници (особено на производите од програмите на Космодиск и Дормео) сами ни се јавуваат да го споделат своето задоволство и да ни кажат дека веќе го препорачале производот на своите пријатели. И мислам дека ова не е чудно за средина каква што е нашата. Сите го правиме тоа – препорачуваме што ни се допаднало и им веруваме на пријателите кога ќе ни дадат некаква препорака. Кога нѐ контактираат задоволните корисници, наше е да ги прашаме дали сакаат тоа да го споделат и со пошироката јавност. И секогаш, оние на кои не им е непријатно од камерите, со задоволство прифаќаат.

  • Имате ли некоја препорака за останатите кои не собрале храброст и не стекнале искуство и знаење за имплментација на Интернет кампања во Македонија?

Ова е навистина тешко прашање, а јас изгледа повторно ќе треба да ја споменам пораката ☺ бидејќи сметам дека комуникацијата со он-лајн публиката е најважна. За стекнување знаење и искуство е потребно време, но доброто нешто на овој медиум е што ги наградува свежите идеи, реализирани на нов, поинаков начин. Целната група лесно може да се лоцира, слични кампањи да се „сурфнат“, темплејти и туроријал-и се достапни на едно кликање. Но, Вашата порака кажана на Ваш начин ја прави разликата.

Фала Ана

Share

← Македонија: веб аналитика                                          Facebook Page vs. Facebook Group →


3 Коментари »

  • Добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација - Интервју со Ана Бојаџиева од Студио Модерна | К О М У Н И К А Ц И И :

    [...] ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ: Добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација [...]

    # 05/11/2009 во 21:41
  • Дарко :

    Добри поенти. Но и некои деструктивни:

    Повторно, не е важно колку, какви банери имало и на која позиција…добрата порака го наоѓа патот и развива комуникација.

    ————————————-

    Ова не е точно, треба да се тестира се…различни банери, различни позиции и различни пораки даваат различен CTR.

    По се на се, да не заборавиме дека Студио модерна се бизнис и дека нив главен приоритет за да опстојат е профит, така што одговорите дека објавуваат тестемониалс само од добра воља се смешни искрено.

    Но сепак некои клучни поенти. Да, пораката е важна. Исто така се согласувам дека се учат големи лекции ако една голема фирма комуницира со луѓето оналјн…

    # 12/11/2009 во 23:56
  • darko buldioski (автор) :

    Една мала слика може значително да влијае на CTR на рекалмите на FB на пример. Ова од лично искусво го кажувам.

    Со други зборови, се сложувам Дарко :)

    Фала за коментарот.

    # 13/11/2009 во 00:01

Коментирај!

Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • window cleaner in South London on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    • Engagement Rings on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Gino Lesniewski on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Marla Spotwood on Новогодишен пост
    • window cleaners on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.