Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
Колку пати сте збеснале заради постоењето на социјалните медиуми? Рака на срце, не можам да живеам без нив, ама понекогаш толку ме фрустрираат што мислам дека животот би ми бил полесен ако не постоеа. Лaжам :).
Убаво е понекогаш да признаеме дека не секогаш сме фасцинирани од социјалните медиуми и често ни создаваат потешкотии во животот. Ви се случило често да и покрај сите напори што ги правите, не успевате да се поврзете со вистинските луѓе. Понекогаш и се прашувате дали ќе успеете да се поврзете со било кого, па да живне малце активноста на вашите профили. Со месеци гледате иста бројка на фанови, немате RT или mention и ретко кој се впушта во дискусија со вас или вашиот бренд па се прашувате што се случува и каде сте погрешиле.
Често го добивам ова прашање од луѓе кои се трудат своите брендови да ги направат видливи на социјалните медиуми. Понекогаш, кога работите не се одвиваат на начинот на кој што сте се надевале тешко е да сфати зошто е тоа така. Но најчесто постои јасно видлива причина каде грешите. Има неколку чести грешки што ги прават компаниите или брендовите кои доведуваат до состојба да бидете игнорирани на социјалните медиуми:
1. Не сте доволно присутни
Отворивте Твитер профил, имате неколку луѓе што ве следат, почнавте да следите некои активни твитерџии и што потоа? Ако веќе сте решиле да се вклучите на социјалните медиуми, бидете таму. Постоењето на Твитер профил нема да ви донесe резултати сам по себе. Сведоци сме на брендови кои го прават ова.
Vertigo го истакнувам како пример со тотално непропорционален однос помеѓу заедницата што ја има изградено и бројот на твитовите на неговиот профил. Не наидов на друг пример со толкава заедница и воедно толкава негрижа за луѓето што го следат. Имајќи 3244 луѓе кои ја следат оваа компанија, навистина е жалосно што таа не им обрнува внимание. Последниот твит го има постирано на 19 мај, додека тој пред него е во февруари.
Постојат и ред други пример: Obuki.mk, Nie Magazin итн. Некои од нив се појавуваат од време на време но сепак 2 твита месечно не е воопшто доволно за да ја задржиш заедницата што ја имаш, уште помалку за да ја надградиш. Има и такви кои се занимаваат со областа, маркетинг, комуникации, односи со јавност, а Твитер профилот им е тотално запоставен. На пример ЕlementPR на својот профил има само 3 твита.
Или на пример eAbacus која во својата основна понуда на услуги го има Интернет маркетингот со вклучена понуда за социјални медиуми, а нивниот Твитер профил не ја одразува нивнaта стручност во областа.Да не зборувам за нивната Фејзбук страница или пак нивниот блог. Каде е грижата за оние 628 луѓе кои го следат нивниот Твитер профил и ониe 228 кои се фанови на нивната Фејзбук страница? Дури и тие заборавиле дека eAbacus постои па не се сетиле да се отстранат себеси од фанови.
2. Премногу сте присутни
Да не речам спамирате. Никогаш не може да се направи прецизна проценка за тоа колку треба да ве има. Ама секако може да се направи проценка кога треба да ве има. Не треба да твитате по секоја цена. Твитајте тогаш кога имате нешто паметно да кажете или кога сте и потребни на вашата заедница. Внимателно дозирајте ја количината на информации кои им ја пренесувате на луѓето што ве следат. Тоа што имате да го кажете ја презентира вашата компанија или бренд, па затоа треба да бидете исклучително внимателни да не направите грешка. А фала богу нашите твитерџии тешко простуваат грешки :).
Постојат неколку профили на кои доста често се твита. На пример f1Almanah или sportskoinfo. Рај за љубителите на спортот, но не прават ништо дополнително освен тоа што многу често твитаат. Истите информации се секаде, дали на Твитер, дали на радио, дали по портали, дали по весници. Имајќи твит на секој час или два часа, веќе сите стануваме презаситени од информациите кои имаат да ги понудат.
3. Не им додавате вредност на другите корисници
Оваа точка често се проценува од субјективно гледиште. Она на што мора да внимавате тука е дали вашето постоење и она што имате да го споделите е вредно за публиката која ве чита. Затоа ви треба анализа на интересите на луѓето што се во вашата заедница. Видете за што тие зборуваат, кого тие го пратат, што е за нив вредно, па потоа проценете дали имате да им дадете нешто што одговара на нивните интереси. Доколку немате ништо паметно да кажете, кое воедно ќе биде интересно и за луѓето што ве следат, тогаш или воопшто не го кажувајте, или преиспитајте го вашето постоење на социјалните медиуми. Можеби немате јасно определена цел, или можеби целта воопшто не постои. Ако не успеете да се адаптирате на интересите на заедницата, или да ги убедите дека она што го нудите е за нивните интереси, тогаш грешката е во вашата стратегија а не во заедницата.
4. Не одговарате на прашања и барања
Неприфатливо е да ги игнорирате прашањата на другите. Брендовите често го прават ова, не знаејќи како да се справат со директните коментари на луѓето во заедницата или можеби пак воопшто не се заинтересирани за нив. Ова лично ми се случило со ONEmk неколку пати, а често им се случува и на другите твитерџии (споделете искуства во коментар). Друг проблем кој се јавува тука е неможноста да испратам директна порака (DM), само заради тоа што компанијата или брендот не ме следи без разлика што јас ја следам. често ќе видиме дека компаниите или брендовите имаат повеќе луѓе кои ги следат нивните активности, отколку луѓе кои тие самите ги селдат. Следен чекор на ова е да направам reply видлив за сите твитерџии што ме следат. Доколку компанијата се погрижи да ми овозможи да не го изнесам јавно коментарот, тогаш полесно ке и биде да се справи со мојот коментар без да биде изнесен во јавноста.
5. Премногу сте ориентирани на продажба
Маркетингот на социјалните медиуми е убав само додека е суптилен и е прифатен од луѓето кога всушност не личи на маркетинг. Ако вашата единствена цел е да и продадете на заедницата и така се однесувате, всушност ризикувате да не си ја исполните целта. Кај нас многу често компаниите го прават токму тоа. Толку се трудат да ни продадат, што веќе стануваме незаинтересирани за нивната понуда. Неколку пати сме зборувале дека социјалните медиуми се наменети за луѓето да можат да ги запознаат личностите кои стојат зад брендот. Откако ќе ве запознаат како личности, многу е поверојатно дека ќе бидат позаинтересирани за она што го работите и за тоа како може да ги задоволите нивните потреби. Одбегнувајте да покажете дека целта ви е да продадете. Наместо тоа однесувајте се исто како што би се однесувале на вашиот личен профил.
Адаптирано од:http://smallbiztrends.com



бла бла бла. како не ве мрзи да пишувате вакви глупости. бла бла бла
Za kogo kako БлаБла , veruvam deka ne si vo targetot koj go zasega temava, pa verojatno i slucajno si se nasol na blogot. Ako ni kazes koj si i sto te interesira, mozebi i ke sfatime sto za tebe ne se gluposti. Vaka so anonimnost ne mozeme da gi zadovolime tvoite interesi.
[...] This post was mentioned on Twitter by Natalija, Petar Spasovski and Aleksandar Atanasov, Petar. Petar said: Check out: http://twitthis.com/kfo5tl [...]
Совршено напишано, штета што многу малку од нашите компании ги применуваат овие правила. Пред сè, веројатно затоа што се водат од мислата дека штом користиш социјални мрежи за лични потреби, тогаш сигурно знаеш како преку нив да комуницираш со публиката.
Единствен позитивен пример за успешна комуникација со публиката преку социјалните мрежи кој ми паднал во очи е ВИП Оператор.
Супер текст! Се согласувам со Билјана за Вип, а кога сме кај успешните примери во социјалниот маркетинг, кај нас се многу малку.
Тоа што го гледаме е една култура на продажба и наградни игри која се практикува преку новата платформа. Се надевам дека ваквите текстови допираат до некого засегнат и полека ќе почнеме да гледаме нашиве компании го искористуваат потенцијалот на оваа алатка.
Вистинско отворање на очи. Одличен напис.
Само, една работа можеби треба да се додаде: Ако компанијата сака сериозно да се зафати со активноста во социјалните медиуми, тогаш мора да знае дека е тоа full-time (или near full-time) работа.
Треба да се има посебен вработен (или повеќе од еден) кој ќе се занимава со тоа.
Уште подобро би било кога сите вработени би се задолжиле да имаат одреден минимум на постови во период (недела, месец, сеедно).
Да не одам во крајност, па да кажам дека тоа треба да се издигне и до ниво на (блага) наредба. Мислам дека на друг начин и нема да функционира по нашиве фирми.
И да, нема да вреди да се има надворешен консултант за оваа работа. Информациите мораат да бидат изворни, од самата внатрешност на фирмата.
Мислам дека во посочените примери токму тоа и се случило — немање на стратегија и конкретни процедури за одржување на присутноста.
Фала богу некој размислува и во таа насока. Фала ти Ванчо. Имам пишувано и на таа тема, а еден од поинтересните постови е овој http://emarketing.komunikacii.net/tweetologist/.
Без разлика дали некој во компанијата ќе се занимава со социјалните медиуми полно работно време, или ќе се довери оваа активност на агенција која знае тоа како да го работи, 100% тврдам дека си во право и дека само така може да се функционира. А исто така тврдам дека и "блага" наредба не секогаш функционира, па можеби и треба да се оди во крајности.
Кога ќе упсееме да стигнеме до нивото кога придобивките од социјалните медиуми ќе бидат познати и прифатени од компаниите, а не ќе треба да ги докажуваме и објаснуваме, тогаш веројатно ќе се работи со задоволство без потреба за наредби и одење во крајност.
Одлично, на иста линија сме.
Само уште да нѐ разберат клиентите :)
Имам еден клиент, чиј директор своерачно го одржува прилично големиот following на нивниот ФБ профил.
Бидејќи имаат доста голема продажба, имаат и неколку илјади фанови. Можете да замислите колку пораки, прашања и коментари (добри и лоши) се создаваат дневно.
Несреќниов мој корисник, до 3-4 сабајле останува буден и работи со тоа (знам, затоа што понекогаш ќе добијам email во, на пример, 3:40 AM).
Нормално, после ми дреме на состаноци.
Има среќа директорот што има вработен како твојот корисник. Веројатно си ја знае работата дечкото. Се надевам дека директорот разбира што би значело доколку тој не останува до 3-4 сабајле. Несреќен е, да, ама мене ме радуваат вакви примери. Барем се грижи, присилно или доброволно.
Колку вакви примери има? Можеме ли да најдеме уште успешни приказни? Споделувајте ги примерите на кои ќе налетате, заслужуваат место во некој нареден пост.
Покрај ВИП, во послено време ми имаат задржано внимание и твитер профилите на Нова Македонија, кои иако релативно нови, покажуваат одличен потенцијал. како за почеток доволно е што не „фидуваат“ вести, туку одат и со најави. не знам кој стои позади тие проили, но им честитам
Имаат интересен пристап, различни профили за различни теми. Внимавале на таргетирање и интереси. Интересно е да видиме како ќе се развиваат понатаму, како ќе продолжат да го спроведауваат ова во пркаса.
Можеш ли те молам да ги ислисташ сите профилите што ги држат? И ако некој знае која личност стои позади овие профили би било интересно да сподели.
se e vo red… ama tuka samo kazuvas NE OVA, NE ONA… epa kako de? najlesno e da nabroish pricini zoshto neshto ne e dobro… koa ke kazes kako treba i predlogot kje bide efikasen, togas ke kazam dobar tekst… ili ne te interesira dali nekoj ke kaze dobar tekst?!
Гого, ова е еден од ретките текстови каде што пишувам како не. Ако малку подлабоко го разгледаш блогот и постарите постови ќе видиш дека преовладуваат постови како треба и дека многу ретко најбројувам што не чини. И воедно ако го елиминираш тоа како не треба, ќе добиеш како треба.
Во кој момент сфати дека не ме интересира дали некој ќе каже "добар текст"? извини ако си создал таква слика, меѓутоа блогов е насочен токму кон отварање на очите за вредноста на Интернет маркетингот и ако успееме да го сториме тоа тогаш ние сме си ја постигнале целта.
@NMvesti @NMrelax @sportNM
Цел пост (а може и два) ќе посветам за да дискутирам на дел од точките кои ги допираш во коментаров. веќе некое време му се спремав да го пишам, се андевам до утре ќе биде готов :)))
Те чекав :). Фалат многу уште многу примери, успешни или неуспешни. Некако низ сите приказни се вртат истите примери. Постојат еден куп профили на Твитер на кои деновиве случајно налетав а не сум ни знаела дека постојат. Знам дека ги знаеш сите :). Ајде утре со нов пост. :)
Извни Нате ама не ти реплицирав тебе туку на Ванчо :) и нема да пишувам за примерите туку за односот на компаниите кон интернет маркетингот :)
ajde… so netrpenie go ochekuvam postot "kako da ne bideme ignorirani na socijalnite mediumi" (so konkretni primeri, normalno, kakov shto e ovoj). I ti vetuvam deka kje go primenam tvojot recept… nemoj da me sfakjash pogreshno, nitu sum hejter nitu sum tuka da napagjam nekogo, samo poshto u princip sakam da chitam soveti i analizi, mnogu me nervira shto (generaliziram) kaj nas pristapot e na KAKO NE TREBA. Site mavaat na konkurencija i sve ostalo so "vidi gi ovie vakvi onakvi", a nikoj nema da ponudi reshenje. I drugo, so formulacijata "ako go eliminirash toa shto ne treba, kje dobiesh kako treba" iskreno ne se slagam voopshto.
Pozdrav
Не си сфатен погрешно, ниту пак мислам дека мене ме сфаќаш погрешно :). Јас размислувам исто како тебе. Само да ти дадам пример каков е нашиот принцип на функционирање генерално, тоа што ти зборував во претходниот коментар:
Како да менаџирате професионален Twitter профил
10 корисни совети за користење на LinkedIn/ итн.
Вака планираме и да продолжиме, но од време на време ги потенцираме и негативните примери кои верувам ќе им ги отворат очите на оние кои допрва почнуваат. Драго ми е што се вклучи во дискусијава. И нам ни требаат луѓе како тебе што ќе ни кажат што сакаат да видат во наредните постови. На крај, јас треба да бидам тука за вашите интереси, а не вие за моите.
"блага" наредба не секогаш функционира, па можеби и треба да се оди во крајности.
Point taken! Еве веќе од утре :)
Изгледа дека сакаш да добиеш нешто за ништо.
Овие луѓе живеат од тоа што им кажуваат на компаниите како да се однесуваат на Интернет. Значи, издаваат фактури кога некој ќе ги праша "Како треба?".
Сигурен сум дека ќе бидат среќни да ти понудат решение, според ценовникот.
Зошто ти би добил бесплатно?
Од друга страна, анализите се токму тоа — анализи на некоја состојба. Не мора нужно да нудат решение. Прочитај ја анализава и извлечи си сам што треба да се направи.
Потоа, постирај го на твојот блог. Јас ќе бидам среќен да појдам и да прочитам решение.
А најсреќен би бил кога и ти би коментирал со својот идентитет. Вака, не е рамноправно…
Знам кој стои зад нив. Но што е разликата? Таа личност може утре да се замени со друга. Важно е што фирмата го направила тој чекор.
:)))), абе види не делуваат кај сите наредби :))). Ама тоа веќе е надвор од темава, HR теми не обработуваме :).
Лично ме интересира. Имаме теми за муабети. Можеби имаат што да споделат и овде на блогот.
Немој бе така Ванчо, па не сме ние од таа (стара) школа :) И сам си читал други постови на блогов, кажи ми дали не споделуваме знаење и корисни совети? Еднаш ќе го изоставиме тој дел и одма да се мрчело :))))
Сериозно, ние ќе заработиме со нашето знаење и искуство, не ме плаши тоа. Блогов сме го отвориле за да ги тераме дискусиите и да го споделиме нашето знаење, не сме водени од девизата дека ако треба да ти кажам мора да ми платиш. Ќе дојде ред и за тоа, онаму каде треба.
Ова не е краткорочна инвестиција. Рекет. Градиме квалитено присуство. Досега тоа ни се исплатело, верувам дека и понатаму ќе е така.
Да, кога ќе погледнам повторно, арно правите. Ги навлекувате луѓето со пристуство (квалитетно, се разбира), па потоа мораат да ви станат муштерии :))
Ама вие сте си стручњаците, знаете како треба на ова чудово — Интернет.
Јас сум стара школа: паре на сунце! :))
Професионална деформација.
Ок, пробај да ги исконтактираш НМ на нивните твитер акаунти и прашај. Не ја знам нивната политика, но ако им е ОК твојава идеја, ќе немаш проблем.
мое мислење е дека се зависи од таргетот. Еве примери во Мкд. како да донесиш едно чудо народ за апликација или сајт:
- направи наградна игра со награда во вредност поголема од 100е.
- на насловна страна да има минимум 2-3 танги и сеирџиски видеа
- црна хроника обавезно
- апликации немој да рекламираш без да ставиш линк до кракот или апликацијата да е фрееее
Чисто сакам еден коментар во насока на дискусијава. Идентитетот @ordanovskiv не ти го кажувам бидејќи се уште не си ме викнал на пиво, за тоа што ти кажав како да модифицираш коментари на блогот, еве само едно смајли :)
Како и да е, Гого, прво дистанцирај персонален од корпоративен приод на водење на профил. Личниот твој профил можеш како сакаш да си го водиш и не мора да се водиш по никакви правила доколку го користиш за неформална комуникација. Е сега ако се работи за фирма, компанија, приказната е малку поинаква и има правила и она што @Natalija го истакнала е во целост точно.
Коментарот е за позитивниот пример на @VIPMK . Сметам дека не треба да користат толку многу смајли во секој свој твит. Ок е, контаме и чувствуваме дека се френдли и не мора да потенцираат дека се цело време насмеани во секој твит.
Твитер не е место за ROFL, LOL, hahahahahah… Не велам дека го прават токму ВИП, но има многу профили што го користат тој да речам месинџер говор на Твитер.
Ајде поздрав.
Во крајна линија, сѐ зависи од видот на бизнисот и општиот впечаток кој сака да го остави компанијата.
Многу смајлија == среќно чувство, позитивна и пријателска компанија.
НО, како и секаде, и овде важи правилото дека и од многу боли глава. Од толку кезење, на крај ќе испаднат creepy (во недостаток на подобар македонски збор).
Јас би сакал да проектирам (како фирма) сериозност, грижа за корисници, посветеност, стручност, стабилност, иновативност, отворен ум …
[...] This post was mentioned on Twitter by IT.com.mk, Александар Pipelin and Boris Kuzmanov, Vanco Ordanoski. Vanco Ordanoski said: Commented on Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми? / eMarketing http://bit.ly/eltAh8 [...]
You killed me :D. За наградниве игри пингни го Дарко, има што да ти каже :))). со сеир и еротика не можеш да се бориш, не е само македонска работа тоа, општо прифатено глобално решение е :))). башка знаеш колку лесно sex sells. за црна хроника, мислам дека се презаситивме и од ова и малце се има сменето менталитот по оваа тема.. сепак субјективно зборувам. За последно не коментирам, уште не сум стекнала искуство со продавање апликации во Македонија, а и башка морам да верувам дека не е вистина во Сивус работам нели :))). Да, реално мака мачат оние кои треба да продадат кај нас, ама има луѓе кои се спремни да платат добри пари за добра апликација. Барем луѓето што ме опкружуваат се такви… Ете уште една добра тема за разработка.
мал пример за апликациите … оди во било која компанија каде претежно се користи вин. и ќе најдеш 1 тон нелиценциран софтвер или софтвер кој се користи а лиценцата не му е неприкладна за корпоративно работење … Точно дека има луѓе кои би платиле за добра и потребна апликација, но тие се исклучоци кои за жал само го потврдуваат правилото. Лично познавам компании кои користат нелиценциран софтвер во вредност од илјадници евра … Предизвик : како со маркетинг кампања ( кампања од производителот на софтвер ) да се влијае на нив да го лиценцираат т.е. купат софтверот :) ? Мое мислење е дека едноставно не сме навикнати да реагираме позитивно на било какви камањи ама затоа пак на камшик, стап, казни и слично респонсивноста е огромна :) Како се реагира – Маркетинг кампањите за софтверски производ кај нас мислам дека само иницираат срч на торент, рапидшер, мегааплоуд … :))). Можеби некогаш и тоа е целта на маркетингот ама што знам јас … Ајм џуст а џуниор програмер!
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари