Foursquare Super Swarm Фестивал
  • Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>
Home » SEM, SEO

Гостински пост: SEO vs. PPC

Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 3 May 2010 | 6 Коментари
Share

Како еден од клучните елементи на Интенет маркетингот, оптимизацијата за Интернет пребарувачи останува да биде и најактуелна тема за обработка на блогов.  Знаејќи ја потребата, а воедно и тешкотијата при успешно оптимизирање на вашите интернет страници, мојата колешка Биљана Пешевска сподели со нас дел од нејзиното знаење и ни ги објаснува главните разлики и сличности помеѓу платените кампањи и долготрајниот процес на оптимизација. Еве што таа напиша:

Во изминатиов период, SEO (Search Engine Optimization – Оптимизација за интернет пребарувачи) е една од SEO vs. PPCнајактуелните теми на блогов, пред сè затоа што со ниски директни трошоци можат да се постигнат големи резултати. Од друга страна пак, како некој вид на “брза алтернатива” на SEO е PPC ( Pay Per Click – Платени кампањи по клик). Брзата алтернатива секако не значи дека SEO треба да се замени со PPC, туку дека за кратко време и со многу повеќе пари може да се постигнат добри резултати резултати.

Кои се придобивките кои можете да ги очекувате од SEO?

1. Тоа што ќе го добиете со SEO е практично бесплатно.

Иако SEO одзема време, а времето е пари, немате никакви други директни трошоци за оптимизирање на вашата веб страна. Случајот е поинаков доколку SEO-то го препуштите на професионалци кои во САД наплаќаат и по $500 на час за да ви помогнат при оптимизацијата.

2. Вашиот бренд станува поверодостоен.

Луѓето едноставно повеќе им веруваат на органските резултати од пребарувањето. Прво, факт е дека секој кој сака може да стави реклами и да користи клучни зборови кои баш и немаат врска со веб страната која се рекламира. Иако има напори од страна на Гугл ова да се контролира, сепак сè уште постои веројатност ова да се случи. Второ, оние кои пребаруваат се свесни за значењето на органските резултати и знаат дека тие веб страни кои се таму се навистина најрелевантни за тоа што тие го пребаруваат.

3. Еднаш оптимизиран, засекогаш оптимизиран.

Ова баш и не е така, но штом успеете да ја оптимизирате вашата веб страна за клучните зборови кои ви се од интерес, понатаму ќе имате доволно знаење како тоа да продолжите да го правите успешно. Sледете го рангирањето и внимавајте затоа што вие сигурно не сте единствениот кој сака подобро да се рангира на тие клучни зборови. За разлика од SEO, кога станува збор за PPC кампањи резултатите ќе ги снема во истиот момент кога ќе ја стопирате кампањата.

4. Вашиот веб сајт нуди поквалитетна содржина.

Во напорите кои ќе ги вложите за оптимизација на вашата веб страна, спаѓа и делот на креирање на квалитетна и уникатна содржина за вашите посетители. Квалитетната содржина носи повеќе посетители. Повеќе посетители носат повеќе линкови. Повеќе линкови носат подобра оптимизација.

Кои се придобивките кои можете да ги очекувате од PPC?

1.Инстантни резултати.

Во моментот кога ќе ја стартувате вашата кампања ќе почнете да ги гледате резултати кои сте ги постигнале. Кога станува збор за SEO, резултатите ќе ги почекате подолг временски период, а во суштина и не мора да значи дека ќе бидат такви какви што вие очекувате.

2.Мерливи резултати.

Следењето и мерењето на остварените резултати преку PPC е навистина лесно, па дури може и да се каже дека се одвива во живо. Со тоа се овозможува прилагодување на кампањите според остварените резултати.

3. Квалитетна појдовна точка за SEO

Бидејќи SEO е долготраен и макотрпен процес, PPC кампањите можат да служат како добра основа за градење на SEO стратегија. PPC кампањите се одличен фактички показател за најбараните и најефективните клучни зборови за вашиот бизнис.  Резултатите кои ќе ги постигнете со PPC кампања ќе ви покажат каде да ги насочите напорите при оптимизирањето на вашата веб страна. При тоа ќе бидете сигурни дека сте ги искористиле вистинските клучни зборови кои се најпребарувани и кои ќе ви донесат потенцијални клиенти.

4. Обезбедува можности за малите бизниси.

Многу е веројатно дека на малите бизниси ќе им биде потешко органски да се рангираат затоа што големите бизниси со препознатливи брендови ќе бидат на првите места. Па, затоа преку PPC кампањи на малите бизниси им се дава можност да бидат рамо до рамо со големите брендови и да се борат за истите посетители.

5. Локална видливост.

Вие бирате на кого, како и кога ќе му ги презентирате вашите реклами. Алатките како Google AdWords ви овозможуваат да таргетирате по земји, дури и по градови; во кое време да ги таргетирате и на кој начин да ги таргетирате вашите потенцијални посетители.

6. Одлична опција за краткорочни кампањи.

Доколку имате некоја кампања која што трае одреден временски период, секако сакате потенцијалните посетители што побрзо да дознаат за истата и да се вклучат во кампањата. PPC кампањата ќе ви помогне многу брзо тоа да го направите, но и да ги однесете потенцијалните купувачи на конкретниот дел од вашиот веб сајт кој се однесува на кампањата која ја правите, што не е случај со SEO.

Ова се само некои од придобивките кои ќе ги добиете од PPC и од SEO. За истите може до бесконечност да се збори. Но, никако не може да се каже дека едното е подобро од другото. Интернет маркетинг стратегиите секогаш ги содржат и двете, затоа што сепак станува збор за 2 делчиња од истата сложувалка.

Доколку размислувате како да ја оформите вашата маркетинг стратегија за интернет пребарувачите, најпрво дефинирајте што сакате да постигнете, колку брзо сакате тоа да го постигнете и дали го имате потребното знаење. Откако ќе го направите ова, ќе ви биде значително полесно да одлучите на што да посветите повеќе внимание и пари.

Share

← Blackhat SEO – Неетички маркетинг процес                                          Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место →


6 Коментари »

  • Tweets that mention SEO vs. PPC | Интернет Маркетинг Блог -- Topsy.com :

    [...] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski and Viktor Stojanovski, Martin Dimovski. Martin Dimovski said: RT @zuberot RT @darko156 SEO vs. PPC http://emarketing.komunikacii.net/seo-vs-ppc/ (гостински пост на @Biljana) [...]

    # 03/05/2010 во 17:18
  • Драган :

    Добра споредба и одлична тема, само така продолжете.
    Двете средства се навистина актуелни и даваат резултати. Иако едното стратешко кое дава резултати на подолг рок (SEO) и второто краткорочно, но би кажал со одредени стратешки елементи кои можат да се искористат и во првото како што наведовте во постот.
    Би сакал само да додадам дека Google Adwords не е толку едноставен како што изгледа и иако резултатите може да бидат брзи, но сепак ќе бара еден процес од неколку недели можеби и месец за да се оптимизира самата кампањата. А во тој период и другите работат, па работите се менуваат. Освен клучните зборови и локално таргетирање, мора да се земат во предвид и негативните зборови со тоа малите бизниси ќе добијат уште поквалитетен таргет. На пример, ако продаваш софтвер како претприемач не сакаш твојата кампања да се појави на пребарување на Free Software.
    И можеби она најважното, Google не ги прикажува рекламите по буџет, оној кој платил најмногу, туку врз основа на најголем CTR. Затоа и сметам дека е потребно време за оптимизирање. На пример за една кампања започнавме со 0,2% да по различни прилагодувања дојдеме до некоја прифатлива цифра од околу 2%. Доколку е дизајнирана лошо една PPC кампања ќе значи само фрлени пари. Потребно е добро планирање, следење на резултатите и секако прилагодување, што за едномесечна кампања е краток период за вистински резултати, барем според мое искуство.
    Одлична тема уште еднаш, која допрва треба да ја анализираме и истражуваме.

    # 16/05/2010 во 23:54
  • Биљана Пешевска :

    Драган,
    Се сложувам со тебе дека за оптимизација на РРС кампања е потребен период од неколку недели, но во секој случај тој период е пократок од оној потребен за ЅЕО.
    Кога станува збор за негативните зборови да, на некои едноставно не сакаш да се појавуваш. Но, од лично искуство можам да кажам дека ако продаваш софтвер не е баш дека не сакаш рекламите да се појават на клучен збор “Free software”. :-) Се зависи од целите кои се поставени со кампањата.

    Инаку, секако дека за РРС кампањите треба да се вложи напор и дека резултати не се остваруваат преку ноќ. Како што кажа треба внимателно да се испланира, следи и прилагодува секој дел од кампањата.

    # 17/05/2010 во 11:44
  • Драган :

    Да Биљана, сосема си во право за примерот со бесплатен софтвер, можеби не е наједноставен пример бидејќи доколку имам верзија со бесплатен пробен период или пак давам бесплатна верзија со цел подоцна да поттикнам продажба на платежна верзија ќе одам и со зборот бесплатен, но доколку продавам само платежен ќе направам грешка. Јас сакам купувачи, или посетители со висока стапка на конверзија.Ова е особено важно заради The Quality Score Pentagon и делот Landing page. Бидејќи ако не давам нешто бесплатно а таргетирам збор со бесплатно во него тоа е едноставна измама. Корисниците имаат можност да дадат негативен фидбек и лесно може да се најдеме банирани од страна на Google особено поради кршење на Terms and advertising guidelines во делот на: Sites that feature false or misleading claims and missapointing content…
    Инаку нешто што не опфативме е да се пресмета вредноста на посетителот за да знаеме до каде можеме да одиме со наддавање. На пример ако имаме 1000 уникатни посетители од кои 3 продажби по 100 долари тогаш вредноста на посетителот ќе ни биде 0,3 долари. Што ќе биде во случај на зборот бесплатен, доколку не нудиме ништо бесплатно, а ни донесе уште 500 посетители кои нормално веројатно е дека нема да купат. Тоа ќе не чини 450 долари а продажбата е 300 долари (ова е финансиската страна, не измама во однос на негативни зборови). Добро, јас се фатив само за Free зборот, но доколку се проучи пребарување, може да се види дека некој пребарува со плус збор за земја. И во тој случај не сакам да се појави земја во која немам испорака. Дел од тоа ќе го решам со exact зборови, но дел ќе останат во broader ниво.
    Во 2010, новите правила од страна на професионалците за Google Adwords е користење на една екстензивна листа на негативни зборови.
    Сакам да кажам дека ние тука опфативме само еден мал дел од една кампања, каде постојат многу варијации, комбинации, пермутации… Затоа и поголемите компании најмуваат професионалци кои ќе ја водат и спроведуваат кампањата.
    И уште нешто па прекинувам. Landing страната треба да биде оптимизирана во однос на главниот збор на кампањата. Едно од правилата на Pentagonot. Тоа значи дека во некој случај овие кампањи ќе не поттикнат да извршиме и оптимизација.

    # 17/05/2010 во 12:32
  • Дарко Булдиоски :

    Доцна ви се приклучувам во дискусијата, според она колку ве познавам вероајтно имате повеќе практично искуство од мене но мислам дека темата абра уште подетално разглобување за да може да се донесат некои валидни заклучоци. Зборувам за ова со free software. На пример текстот, оптимизирањето и клучните зборови зависат и од тоа дали рекламата ќе се појавува на резултатите од пребарување или во содржина.
    Зависи дали ќе биде текстуален оглас или ќе биде слика (во последно време и овие имаат солиден ефект). Има уште некои детали кој, како што рече Драган, го прават овј тип на огласување не баш многу лесен. Токму затоа постојат и професионалци со искуство кои може за пократок период и евентуално за помалку пари да креираат и управуваат поуспешна кампања која ќе оствари повеќе од целите.

    # 21/05/2010 во 18:14
  • Драган :

    Добро што го спомена и тоа Дарко дека постои зависност и во однос на тоа дали рекламата ќе се појавува на резултатите од пребарување или во содржина. Тоа е можеби и најкомплексното нешто за анализа кое сеуште го следам и анализирам. Имам веќе некои заклучоци но барам уште математички доказ за тоа.
    Малку го анализирав она за software и ги добив следниве податоци. Free software во последните 6 месеци го користеле само 3 компании: Google (за Google Pack – кој е бесплатен), Norton (за Trial Верзија) и уште една која има наведено на почетната страна дека повеќето се бесплатни софтвери.
    Она што е интересно е дека Zoho кој нуди бесплатни верзии на свои софтвери на пример го нема во една таква генерична фраза како free software. Го нема и во Free CRM Software што како верзија до 3 корисници ја имаат. Но, ја користи фразата CRM Software во своите кампањи. Најверојатно, направиле анализа и ја прилагодиле кампањата да биде најоптимална.
    Во секој случај она што сакам да го потенцирам е да не се заборават негaтивните зборови, бидејќи нивното значење е скоро идентично со клучните зборови доколку користиме broad и phrase.

    # 23/05/2010 во 13:44

Коментирај!

Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • Engagement Rings on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Gino Lesniewski on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Marla Spotwood on Новогодишен пост
    • window cleaners on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    • Devona Sawallich on Студија на случај: DEWmocracy – Mountain Dew
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.