5 чекори до подобра содржина
“Content is king” ( “Содржината е крал”). Оваа фраза сум ја слушнала илјадници пати и е неизоставен дел од секој семинар или друг настан поврзан со маркетинг. Не залудно е најповторувачката фраза на секој човек кој работи во полето на маркетингот, едно од топ 5 правила во неговиот речник. Секој кој сака да има добро оптимизирана страница за интернет пребарувачите најмногу напор инвестира во креирање релевантна содржина.
Тука никако не ги изоставуваме и линковите коишто водат до вашата страница, бидејќи Google обрнува големо внимание во нивната анализа кога ги рангира страниците. Но доколку имате релевантна и добро оптимизирана содржина на вашата страница, линковите сами ќе си дојдат.
Е сега да се вратиме малку назад, пред вашата одлична содржина да си ги добие заслужените линкови. “Одлична содржина” во интернет маркетинг речникот е еднакво на “релевантна и добро оптимизирана содржина”. За да стигнете до оваа релевантна и добро оптимизирана содржина, еве еден план во 5 чекори, кој лесно можете да го адаптирате за да одговара на целите на вашата страница:
- Чекор бр. 1: Најдете ја трендовската клучна фраза (трендовска заради некој настан, актуелна ситуација или можеби зборови актуелни за сезоната) соодветна за вашиот бизнис, со помош на Google Trends. На пр. доколку имате туристичка агенција, сега е правото време агресивно да ја таргетирате фразата зимовање. Доколку ја определивте вашата клучна фраза подготвени сте за следниот чекор.
- Чекор бр.2: Со помош на Google keyword tool ќе ги најдете останатите зборови или фрази кои се блиску поврзани со вашата иницијално определена клучна фраза, а воедно и обемот на пребарување на соодветните клучни зборови на светско и локално ниво. На пр. доста пребарувани клучни зборови релевантни на зимовање се: агенција, хотели, Копаоник, Боровец, смештај и сл. Изберете ги клучните зборови кои сметате дека се најрелеванти и продолжете на следниот чекор.
- Чекор бр. 3: Пребарајте колку се зборува на Twitter за клучните зборови избрани во вториот чекор. Twitter е непресушен извор на новости и идеи кои многу лесно ќе ви помогнат да ја дефинирате вашата содржина според актуелните теми во моментот. Користејќи ги темите на коишто корисниците на Twitter дискутираат, многу лесно ќе ги задоволите интересите на вашите таргетирани клиенти.
- Чекор бр. 4: Дефинирајте ја содржината користејќи ги клучните зборови избрани во чекор бр.2, имајќи го во предвид и истражувањето од чекор бр.3. Исто така ќе биде корисно доколку прегледате што во моментот е популарно на Digg или Delicious, за да добиете идеја која содржина поврзана со вашите клучни зборови предизвикува најголемо внимание кај корисниците.
- Чекор бр. 5: Содржината е спремна и достапна на вашата страница, но тука не завршува вашата работа. Во овој чекор треба да им дадете до знаење на луѓето дека имате нова или променета содржина на вашата страница, многу пред да чекате да ја пронајде Google сам. Дефинирајте конкретен начин на дистрибуција за секое парче содржина што сте го напишале. Најлесен начин за брзо пренесување на ваква информација се друштвените медиуми. Па засукајте ракави и кажете им на луѓето дека сте работеле нешто :).


Одлична статија. Само згрешен ви е линкот на Google Trends. Поздрав
Фала многу, поправено :).
Сакам само да додадам дека луѓето следејќи ги сите овие совети кои може да се најдат на интернет за содржината, забораваат една многу важна работа. Обидувајќи се да го преполнат сајтот со релевантни keywords и посветувајќи големо внимание на истите забораваат на она што е најважно, а тоа самата содржина која ќе ја читаат посетителите. Никој не сака да чита текст во кој 30 пати се повторува еден ист збор (keyword) и да добие чувство дека чита објаснување за тој збор. Содржината пред се’ треба да бида релевантна, интересна, корисна, а во сето тоа да бидат испреплетени клучните зборови на начин што нема да биде наметлив за читателите…сепак ќе биде препознатлив за интернет пребарувачите.
Ивана, потполно се согласувам со тебе.
Веќе имам пишувано и на таа тема овде – http://emarketing.komunikacii.net/uspesna-seo/
Следејќи ги горенапишаните совети, луѓето се во можност да креираат содржина која ќе биде вредна за читателите, бидејќи истражувајќи, точно ќе знаат што најмногу го привлекува нивното внимание.
поточно, Како во трк да го искористиш Гугл, Твитер и копачите, за да пласираш добра содржина. Тоа што не може да се опфати со 5, 10, како, што, трикови, типови, топ листи… е King Content, инаку џабе дробиш, копаш, гуглаш и букмаркираш
Скрос точно. До King Content има 5*5*5*5*…. Ех да беше така лесно со 5-10 чекори, ќе имавме многу вредна содржина по нашите страници.
Ова само еден guide план до подобра содржина. SEO е дооооллггг и макотрпен процес со секојдневно мониторирање.
на facebook кликнато like, а овде напишано LIKE :)
другите работи ги кажавте вие и коментарите над мене.
:)thanks
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари