Sell, sell, sell
Сподели
Ми тргна со англискиве наслови, ама некако многу помоќно ми звучат :). Се надевам никој нема да ми замери, ова е со намера само најдобро да го привлечам вашето внимание.
Е сега, ајде да видиме што е муабетот. Реков дека прво нешто што мора да се направи во процесот на креирање интернет маркетинг стратегија е да се дефинира профил на идеален купувач. Потоа, нели, за да заштедите пари треба да сте присутни на интернет. Факт е дека да имате бизнис на интернет денес е далеку полесно одошто пред некоја година. Се што ви треба за да успеете е добар производ, добра веб страница и редовни посети на страницата.
Добро, имате веќе одличен производ и да речеме дека сте го дефинирале вашиот идеален кувач и сте ја насочиле вашата маркетинг стратегија токму кон него. Доколку сеуште не можете да го видите плодот од добро извршената работа , тогаш проблемот може е до вашата веб страница. Во последно време може да се забележат веб страници со многу модерни дизајни и шик елементи. Некогаш тоа многу ми се допаѓа, некогаш и не толку многу. Она што е најважно, а сите го забораваат, не е дизајнот на страницата, туку нејзината намена. Значи да расчистиме, без разлика за што е вашиот бизнис, вашата веб страница мора, ама мора, да продава. Ако имате огромен број на посетители, тие ништо не ви значат доколку не сте ги убедиле да купат. Бројот на купувачи всушност ќе ви каже колку сте успеале да направите профитабилна веб страница, или пак сте направиле само уште еден маркетинг трошок со минимални добивка.
Како всушност можете да бидете сигурни дека вашата веб страница ќе продава? Еве неколку методи кои се повеќе ги практикуваат странските компании:
- Задоволете ги потребите на вашите посетители – најважно е да го нудите она што им треба, да дадете добра информација и малку забава.
- Направете страна лесна и едноставна за навигација – колку подолго еден посетител се задржува на вашата страна, толку е поверојатно дека ќе стане купувач. Најважни се првите 20 секунди, во кои посетителот одлучува дали тоа е она што му треба. Ако вашата страна е едноставна, нуди јасни информации за вашите производи и услуги и посетителот лесно се снаоѓа во наоѓање на истите, тогаш бидете сигурни дека веќе се имате здобиено со неговото внимание и интерес.
- Овозможете интеракција со посетителите – инволвирајте го посетителот овозможувајќи му да го остави своето мислење директно на вашата страна. Креирајте анкети, поставете форум или блог, ставете форма каде што може директно да ве контактира со неговиот фидбек и веќе сте ги надминале критичните 20 секунди кога најлесно можете да го изгубите неговото внимание.
- Направете ја страната атрактивна – употребувајте конзистентни бои, лесно читлив текст, интересни слики. Експериментирајте со дизајнот се додека тој убаво изгледа, без претерување кое може да ги избрка вашите посетители.
- Изброите ги кликовите – од било кое место на вашата страница проверете колку кликови му се потребни на потенцијалниот купувач за да дојде до последниот чекор.
- И најважно, направете вашата страна вистински да продава – излистајте ги бенефитите на вашите производи, покажете им како тие ќе ги решат нивните проблеми и направете го нивното купување наједноставно што може. Верувајте, на крајот тоа многу ќе го ценат и ќе ви бидат благодарни.
Да направите страница која што продава воопшто не е лесна работа. Ви треба добра стратегија за да им овозможите на вашите посетители пријатно искуство кога еднаш ќе ја посетат.
Пред да ја пуштите страницата, побарајте мислење од вашите колеги и пријатели и следете го нивното искуство кое загарантирано ќе биде искрено и чесно и многу ќе ви помогне.







Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.