Се по ред
Пред да почнат активно да се употребуваат техниките кои ќе ви помагнат да го пробиете вашиот бизнис на интернет пазарот, има неколку чекори кои треба да се поминат. За ефективна маркетинг кампања треба се да оди по ред, нели?
Значи, пред да ја почнете вашата маркетинг кампања, добро размислете за кого таа е наменета и на кого треба најмногу да влијае. Најдете ја вашата идеална публика. Потрошете малку повеќе време од планираното во истражување и дефинирање на вашиот идеален купувач. Ветувам дека потрошеното време двојно ќе ви се врати во пари.
Оценката на вашиот идеален купувач зависи од неколку варијабли:
- Лоцирајте го вашиот купувач. Анализирајте каде продавате и определете ја географската застапеност на вашите клиенти. Потоа, локализирајте ги вашите кампањи. Доколку вашиот бизнис е застапен на локално ниво, нема причина зошто вашата веб страница и вашите производи и услуги да не бидат на врвот на листата на најпопуларни во тој град. Потрошете ги паметно парите и таргетирајте ја вашата кампања во градот во кој што продавате. Дополнете ја оваа анализа со демографските карактеристики на вашиот идеален купувач.
- Идентификувајте ги психолошките карактеристики на вашиот идеален купувач. Направете негов комплетен профил. Составете листа на неколку прашања кои што ќе ви помогнат да дефинирате каков во суштина е вашиот купувач, каков е неговиот стил на живеење, како комуницира со другите луѓе, дали е интровертен или екстровертен, дали приоѓа кон работите аналитички или емоционално, кои вредности во животот најмногу ги почитува и сл. Ова ќе ви помогне да разберете како купувачот се однесува пред, за време или по користењето на вашиот производ. Психолошката анализа ќе ви овозможи да креирате највлијателна и најефективна маркетинг кампања која што ќе допре до купувачот.
- Идентификувајте ја мотивацијата за купување. Повторно листа на прашања најмногу ќе ви помогне. Запрашајте се која е потребата на купувачот што вашите производи и услуги ја задоволуваат. Направете естимација колку фреквентно вашите производи или услуги би се купувале (дневно, месечно, годишно) и во колкави количини. Анализирајте го начинот на кој што купувачот донесува одлука да ги набави вашите производи и услуги и колку време му е потребно да ја донесе таа одлука. И на крајот, истражете од каде тој најчесто купува.
Горенаведената анализа ќе ви одговори на прашањето кој профил на посетители сакате да го донесете на вашата веб страница. На тој начин лесно ќе одлучите и како да ги натерате да ја посетуваат вашата страница и кои клучни зборови ќе ги користите за најдобра оптимизација (подетално ќе зборуваме за оптимизацијата во некој нареден пост).
Доколку успеете да го идентификувате вашиот идеален купувач, ќе успеете и значајно да го зголемите профитот на вашиот бизнис. Не го заборавајте “Парето оптимум” принципот, според кој 20 проценти од купувачите генерираат 80 проценти од профитот. Вашиот идеален купувач ги преставува овие 20 проценти. Останатите 80 проценти од купувачите всушност се најголемите потрошувачи на вашиот маркетинг буџет без некои значајни резултати.
Па, сами извлечете заклучок сега дали треба да се троши ектра време во детална анализа или веднаш да се впушта во безполезна маркетинг кампања.



Коментирај!