• Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>

marketing »

Два примера за добро интернет таргетирање
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 6 Jul 2011 | 3 Коментари

Share

Константно повторувам/е дека кога се работи интернет маркетинг најважно е таргетирањето. Во секоја фаза од работата и секој дел, интернетот нуди богатство на податоци кои понатаму овозможуваат сегментација и секако поквалитено обраќање до публиката. Секако целта е повеќе конверзии и поголем ефект од планираната активност.

Изминативе неколку недели налетав на два одлични примера кои ме мотивраа да го пишам овој пост:

4 целни групи во еден newsletter – Accor Hotels

Една главна и 3 други целни групи во еден меил. Под генералниот повик кој секако е најдоминантен опфатени се три, веројатно најчести, опции за летно патување (сигурно имаат статистика :). Се си има, % попуст, соодветен повик за акција и фотографија со претставници на целната група.  Интересниот дел е што клик на која било од овие слики (понуди) води до една иста локација на нивниот сајт. Поточно води до специјална промотивна страница каде всушност треба да започнете со пребарување, нема воопшто никаква конкретна понуда различа за секоја од групите.

Посебен сајт за секоја услуга – Red Photography

 

Студиово од Британија решило да направи посебни два сајта за (претпоставувам) две од нивните најбарани или најквалитени услуги. Тие очигледно специјализирале сликање шишиња и конзерви. Па затоа и решиле да направат одлично дизајнирано сајтови (со ист концепт) преку кои едноставно и кратко си ја споделуваат својата порака, а на тој начин и се обраќаат до целната публика со поголем ефект. Многу едноставно: weshootbottles.com и weshootcans.com

Колку вие се грижите за тоа на кому му испраќате порака? И колку, од искуството како корисник, гледате дека локалните компании се грижат за добро тергетирање на своите онлајн кампањи?

Share

3 Коментари

marketing, SMM »

Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 28 Jun 2011 | 2 Коментари

Share

Веќе одмна (пред неколку години) стана јасно дека на поразвиените пазари настапи ера во која потрошувачот, или подобро речено корисникот е тој кој ја има главната улога. Зборуваме, нели, за корисник кој на неколку клика ги има достапни сите инфорации и препораки од своите блиски врз основа на кои ја носи одлуката дали да го купи производот А или Б. Споредбата на цените веќе се случува во реално време, искуството на останатите корисници исто така може да се најде или дознае за неколку секунди, или во најлош случај секунди.

Деновиве Forester Research објавија еден многу интересен блог пост во кој ги разгледуваат токму овие промени. Еве го графиконот кој ја прикажува еволуцијата на пазарите:


Велат, денес, во дигиталната ера конкуренцијата може да дојде од секаде. Компетитивните вредности по кои досега најчесто се вршеше анализа на конкуренцијата, денес вредат помалку.

Previous sources of dominance — manufacturing, distribution, even information mastery — are now just table stakes. This is the age of continuous disruption. Your relationship with customers is the only thing that enable you to survive that disruption (think of the movie industry as it continually embraces new formats). That’s why we are christening this “the Age of the Customer.” In our new report “Competitive Strategy In The Age Of The Customer,” we assert that companies must be more than customer focused, they must be customer obsessed. This is not just jargon, it has a real meaning:
A customer obsessed company focuses its strategy, its energy, and its budget on processes that enhance knowledge of an engagement with customers, and prioritizes these over maintaining traditional competitive barriers.

Може не верувате дека овој развој се случува и кај нас, но тоа е комплетно погрешен чекор. Секако дека не е до толку изразен, но еве како пример погледнте која идеја победи на неодмнешниот Stratup Weekend, или погледнте кои сервиси се најголем хит, па потоа заклучете дали вашите корисници о голема мера се разликуваат од оние на поразвиените пазари. Секако, прашање на време е кога овој одност ќе ја направи клучната промена во донсеувањето на одлуките и на нашиот пазар. А тогаш, верувам дека веќе треба вашата компанија и вашите услуги да бидат во близок, искрен и транспарентен одност со вашите корисници. Зошто се друго веќе ќе значи дека доцните.

За крај, еве ги сумирани пораките од Forester во видео, а целиот пост може да го прочитате на: Welcome to the Age of the Customer. Invest accordingly.

Share

2 Коментари

marketing »

Алгоритам за продажба (изработка) на онлјан присуство
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 8 Jun 2011 | 1 Коментар

Share

Верувам дека има многумина кој секојдневно (некои веќе со години) се соочуваат со предизвикот на креирање соодветна понуда, и терање на најиделаниот процес при преговарање и договарање со потенцијален клиент. Секако зборуваме за изработка на нешто (стратегија, сајт, мобилна апликација, совфтвер како сервис и сл.) со кое ќе се дефинира, подобри или диверзифицира присуството на интернет на одредена компанија/организација.

Следејќи ги дискусиите на тема во која и ние лично со NewMediaMK сме вклучени, наидов на одличен линк во коментарите на постот на Драгана Ѓермановиќ. Линкот води до блогот на Стеван Мајсторовиќ и до постар пост во кој тој графички го прикажува алгоритмот за: Paradigme u prodaji izrade on-line prisustva

Ми се допадна ептен, и затоа се решив да го споделам. Нас сигурно ќе ни користи, се надевам дека ќе му се најде и на некој друг.

Патем, кое е твоето искуство со овој процес? На кои препреки се сопнуваш?

Share

1 Коментар

events, marketing »

[IdejaX - Gary Vaynerchuk] Содржината е крал, маркетингот е кралица а контекстот најважен :)
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 30 May 2011 | 5 Коментари

Share

Два дена по IdejaX конечно дома и во обид да ги средам импресиите. Иако фестивалот повеќе ги третираше традиционалните маркетинг активности, сепак на мое големо задоволство фино ги обработи интегрираните кампањи и главниот заклучок е дека големиот процент на користењето на новите медиуми ќе прерасне во голем буџет кој ќе ја смени целта на индустријата на огласување. Потрошувачите имаат многу поголема моќ и поволна позиција на преговарање, затоа што новите медиуми му даваат можност на секој поединец да преговара за цената, условите на продажба и да научи како да бара дополнителна вредност од маркетингот и огласувањето.

Вториот ден беше далеку подобар од првиот и ги исполни очекувањата кои ги имав пред да тргнам на пат и воедно главната цел на организаторите “ре-енергизација на маркетингот и огласувањето” беше постигната. За првиот ден ви го пренесов само предавањето на Pieter Goiris во минатиот пост “Трчајте по паметни идеи”, но затоа ви оставив линкови до Блогот на Eniac, и до Netokracija на @IvanBrezakBrkan кои ги пренесоа сите предавања.

Вториот ден проследив 4 презентации и сите ми се допаднаа. Темите на кои се зборуваше беа:

  1. “Распространета дигитална перспектива” – Helge Tennø;
  2. “Комплетно ресетирање: Маркетинг и огласување во дигиталниот свет” – Gerd Leonhard;
  3. “Креативно решавање на проблемите во новата ера” – Ari Merkin;
  4. “Економија на благодарноста” – Gary Vaynerchuk

За првите 3 предавања повторно ќе ве оставам да читате кај Eniac и Ivan, затоа што очекувано ѕвезда на фестивалот беше Gary Vaynerchuk и по неговото излагање заборавив се што кажаа другите :). Не, се шегувам, но има толку многу да се пренесе од се што кажа тој, па за останатите ќе ви пишувам во некој од идните постови.

За оние кои не знаат кој е Gary Vaynerchuk, мал вовед – како што неговото био на Твитер вели: бизнисмен @Vaynermedia, винар @dailygrape, автор на @TYEbook и човек кој гo обожува метежот, луѓето и New York Jets :). Но она по што е познат и заради што другите луѓе го обожуваат е неговата страст кон интернет маркетингот и социјалните медиуми, неговата умешност да ја пренесе оваа страст на луѓето и се разбира неговата успешна приказна за заработка на милиони преку практикување на интернет маркетингот.

Се сеќавате на постот “5 чекори до подобра содржина”, кој започнува со фразата “Content is king”? Повторно спомената фраза на овој фестивал во излагањето на Gary, но овој пат проширена. Содржината е крал, но маркетингот е кралица, но контекстот е најважен. И не само оваа. Уште еден куп фрази споменати во предавањето верувам дека ќе станат урнек по кој ќе се дефинираат цели практики на маркетингот. Ќе се обидам да ви ги пренесам главните заклучоци од предавањето, иако нема да го добиете ни приближно истото чувство кое го имав јас. Оние кои го слушале Gary вo живо знаат за што зборувам. Еден твит од Eniac го пренесува она што сакам да го кажам:

Eпа ај да почнеме со главните поенти изнесени на неговото предавање. Она што беше многу важно е што од самиот почеток оствари интеракција со публиката. Од првичните контакти исто така можеа да се извлечат многу значајни заклучоци:

  • 99% од публиката има Facebook профил
  • 10% од нив пред 3 години би се заколниле дека никогаш нема да отворат профил или пак Фан страница на Facebook
  • 40% од публиката користи Twitter
  • само 5% од нив го користат Twitter пребарувачот секојдневно за пребарување на луѓе со кои можат да остварат интеракција
  • само 10 % од публиката користи Foursquare
  • 95% од публиката го чуваат својот телефон на дофат 24 часа на ден (да, и додека спијат)
  • 80% од публиката имаат втор екран пред себе додека гледаат телевизија (на пр. лаптоп)
  • 50% од публиката имаат 3 екрани пред себе истовремено (ТВ, лаптоп и smartphone)
  • 5% од публиката, како што би рекол Gary, се многу болни :) и имаат 4-ти дополнителен екран истовремено (ТВ, лаптоп, smartphone и iPad на пр.)

Иако предавањето го отвори со зборовите дека сеуште верува во традиционалниот маркетинг, и дека го мрази зборот социјални медиуми, главна поента беше дека маркетингот се менува 100 пати побрзо од порано. Тој смета дека интернетот е далеку помоќна алатка од весниците. Интернетот ја направи најголемата културна промена што се случила во последниве 200 години, а е стар само 17 години и според Gary сеуште немал ни секс :). На тоа го надоврза и заклучокот дека се тоа што денес зборува и го пишува во неговата книга, за 4 години нема да важи и ќе биде застарен начин на маркетинг. Ако светот и интернетот не е осуден на константни промени, тогаш според Gary, IBM не би дозволил да се случи Microsoft, Microsoft не би дозволил да се случи Google, Google не би дозволил да се појави Facebook, Facebook не би дозволил да се појави Twitter, итн. итн. итн. И во целата оваа верига на промени, дури и сапунските серии во Америка ја доживеале својата порпаст, бидејќи Zynga со Farmville тотално ја замени пасијата на одредена публика кон сапунските серии со одгледување на онлајн ниви :).

Маркетерите го имаат главното оружје во своите раце, кое се спремни да го искористат до степен да уништат се што направиле. Според Gary, маркетерите се уништувачи. Толку брзо учат што му е потребно на потрошувачот, и толку брзо научените работи ги ставаат во употреба, што ќе притискаат се додека генерираат приход, и се додека потрошувачот не се скрши. Затоа Gary вели дека го мрази зборот медиуми, особено кога се зборува за социјалните медиуми, бидејќи овој збор го потсетува на целата таа упорност на маркетерите да притискаат и да ги туркаат своите пораки до крајните купувачи, што воопшто не одговара на социјалните медиуми, каде основна цел е да остварите една искрена и долготрајна интеракција со вашите потенцијални купувачи, наместо да настојувате со своите продажни пораки. На пример ако вашиот мобилен оператор направи добро профилирање на вас како корисник, и научи дека сакате трчање, во следниот момент тој ви подарува патики за трчање. Вие сте толку среќни што тој се грижи за вашити интереси, но тој не застанува тука. Почнувате секој втор месец да добивате патики за трчање, се до моментот додека не станете иритирани и не почнете да ги мразите подароците кои ви стигаат.

Поентата е што маркетерите не знаат да застанат кога е доста. Војната која денес се води во маркетингот е префрлена од борба со добивање што повеќе клиенти, во борба за задржување што повеќе клиенти. Сепак Gary смета дека за успешно користење на новите медиуми за маркетинг треба всушност да имате што да кажете. Тој вели дека 99% од оние што се декларираат како експерти за социјални медиуми се кловнови. Пред да почне да зборува за она што го работи на социјалните медиуми тој направил бизнис вреден 60 милиони долари. Со толку вреден бизнис, сигурно има добра приказна за раскажување, што всушност е основната потреба за успех на социјалните медиуми.

Од друга страна, маркетерите толку добро знаат да го искористат тоа за што повеќе муштерии. Неговиот пример е со еден купувач на вино, кој за прв пат решил да купи онлајн од неговата компанија. За потребите на едно негово предавање ја замолил својата асистентка да го истражи последниот купувач на негово вино. Според Твитер и Фејсбук профилот на купувачот, тој бил искрен навивач на квотербекот локалниот рагби тим – можеби не беше рагби и не го запаметив тимот, но вие ќе ми простите нели :). Gary решил да му испратил мал незначаен поклон со ликот на овој играч за да му се заблагодари што станал негов клиент. Дури по 8 осум седмици добил повратен одговор од клиентот кој гласел: “Јас сум многу зафатен човек со многу малку време, но вашиот гест вреди да одвојам време и да ви се заблагодарам за поклонот. Досега имам потрошено преку милион долари на вино од други набавувачи, но за сите овие години не сум добил ниту поклон ниту едно едноставно благодарам. Веќе никогаш нема да купам од кај нив и од овој момент станувам ваш лојален купувач.” Тука многу добро се надоврзува неговата изрека: “Jас не сум мајка Тереза, јас сакам да продавам”. Со тоа што се погрижил да го задоволи интересот на еден свој клиент кој купил само едно шише вино, тој си обезбеди милиони генериран приход од овој клиент во следните години.

Во целиот овој хаос на корисничко однесување Gary вели  дека мора да се следат промените кои денес се случуваат во однос на купувањето. На пример, денес никој ништо не купува од Амазон ако нема бесплатна достава. Во една негова кампања за бесплатна достава на вино, му се случило човек да нарача вино и да го складира во својот подрум дури до свадбата на својата ќерка, која во моментот имала само 12 години, само за да го искористи моментот на бесплатна достава. Друг пример е убедувањето со еден негов пријател кој во никој случај не сакал да го користил Форсквер и сметал дека е тотално бесмислен сервис. Кога Gary му рекол дека локалот во кој се наоѓаат дава бесплатно пиво за секој кој направил check in таму, пријателот веднаш го сменил мислењето. Исто така го спомена и Groupon како пример (бизнис модел ист како нашите Групер и Колектива), за кого вели дека бил еден од најуспешните бизниси во Америка се додека не се појавиле уште еден куп исти такви и го презаситиле пазарот. Денес сите тие имаат опаѓачки тренд на раст и се очекува многу скоро да почнат да работат со загуба.

Уште неколку алатки кои ги спомена како корисни се Tumbrl – платформа за лесно споделување на содржина: линкови, фотографии, видеа, музика, итн. од телефон, декстоп, електронска пошта, пребарувач, или што и да користите во моментот; Allfacebook.com – овде можете да најдете одлични студии на случај и искуства со користење на Фејсбук; Facebook.com/gary – за да му кажете здраво, всушност за да се пофали дека има /gary адреса на Фејсбук :).

Прочитајте што се твиташе за време на неговата презентација на IdejaX на search.twitter.com, што воедно беше споменат како многу корисен сервис за секојдневно пребарување на потенцијални клиенти за интетакција од страна на маркетерите.

На крајот, и покрај тоа што изрази задоволство со работите кои се случуваат во Хрватска во областа на интернет маркетингот, тој смета дека напредокот таму е барем 3-4 години зад Америка. Но, според него тоа не е недостаток, туку предност на регионот, бидејќи маркетерите точно знаат што треба да се случи во наредните 3-4 години, следејќи ги настаните во Америка, и можат комплетно да се подготват за промените кои следуваат во индустријата.

Што мислите, ако Хрватска заостанува 3-4 години зад Америка, тогаш како стои Македонија со напредокот во однос на интернет маркетингот?

Share

5 Коментари

events, marketing »

[IdejaX] Трчајте по паметни идеи
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 27 May 2011 | Нема коментари

Share

IdejaX, Загреб, 26 и 27 мај – хрватски фестивал за огласување кој го организираат HURA и хрватското преставништво на IAB, а јас дел од од посетителите :). Целта на фестивалот е да ги претстави најдобрите креативни решенија во традиционален и онлајн маркетинг во Хрватска.

Во овој пост нема да ви зборувам многу за целокупната организација и предавањата кои се оддржаа. Тоа ќе го чувам за сумарниот пост по завршетокот на фестивалот. Сега сакам да ви пренесам едно инспиративно предавање со одлични идеи, креативни решенија и кампањи кое го одржа Pieter Goiris, коосновач, главен извршен директор и член на управниот одбор на Boondoggleu, белгиска агенција за маркетинг и комуникации. Ова беше единственото предавање од денешниот ден кое ме натера да го следам во целост и ми остави впечаток.

Тезата кои ја застапува Pieter е агенциите прават грешка кога лудо “трчаат” по креативни идеи. Она што ги прави различни и ги издвојува од остатокот на креативни идеи е паметната идеја. Фино беше тоа што тезата што ја застапуваше беше олицетворение на неговиот профил – просечен предавач, без многу креативни елементи во неговото излагање, но со многу паметно креирана содржина на презентацијата и многу паметно избрани примери за кампањи. Всушност и не беше тешко да го постигне овој ефект, затоа што неговата агенција може да се пофали со едни од најпаметно изведени кампањи кои креираат зачудувачки ефективен вирален момент. Дел од кампањите кои ги презентирање се TakeAntwerp – апликација која совршено ги интегрира секојдневните активности како трчањето со социјалните медиуми и геолокациски сервис; KLM Surprise – кампања која е одличен пример за таргетирање и следење на интересите на идеалниот корисник, Axion banner concerts – кампања која успева да ја вклучи тинејџерската публика, и Antwerp Zoo – кампања која на уникатен начин успева многукратно да ја зголеми посетата, воедно и брендот, на белгиската зоолошка градина.

Последете ги кампањите во следниве видеа:

Nike Take Antwerp Facebook Application

Самата кампања започнува со ставот дека секојдневната активност на некои луѓе како што е трчањето, без разлика што не прави да се чувствуваме добро, здраво, корисно и задоволни сами со себе, е активност која е ужасно досадна. Идејата на кампањата е да покаже дека оваа активност со едно паметно решение како апликацијата која што е изработено, може да стане многу забавна, интересна и пред се неизоставен дел од вашите останати активности. Одличен спој на различни делови од вашиот живот.

KLM Suprise

Најдобриот пример за совршено таргетирање. Најдобриот пример за тоа како социјалните медиуми ви помагаат да го запознате вашиот корисник и да ги пресретнете неговите интереси. Најдобриот пример за тоа како да креирате лојални корисници.

The Concert in a Banner

Одлична идеја за тоа како да се анимира на тој начин што го таргетира нивниот есенцијален интерес – музиката. Преку пресретнување на нивните интереси, вашиот производ станува многу попријателски за нивните гледишта. Воедно, одличен пример за креирање на идни корисници.

Baby elephant at Antwerp Zoo

Целокупната идеја на кампањата е презентирана на дедицираната кампањска страница. Совршена интеграција на сите достапни медиуми за огласување. Совршено изведена идеја, следејќи го реалниот тек на животот и реалните постапки на луѓето. Како што и самата кампања кажува, агенцијата го направи само она што секој родител би го направил. Секоја мајка ги информира своите најблиски за секој детал од нејзината бременост. Оваа кампања го стори токму истото, уште од првиот направен ултразвук на бебето слонче, и ги направи сите Белгијци да се чувствуваат по малку трудни :). Оваа кампања стана неизоставен дел од животите на голем број луѓе додека траеше. Ова е најдобриот пример  за долгорочна кампања и совршено исполнување на големата идеја од почеток до крај.

Кампањите ми оставија исклучителен впечаток од аспект на паметна идеја, совршено планирање и совршено следење на планот. Изгледа како сите чекори во кампањата да им се искалкулирани однапред и дека не можат да се соочат со неуспех. Најубавото во овие кампањи е што паметните идеи во нив всушност се многу едноставни – преземени од реалните активности и постапки на луѓето, со совршено анализиран профил на крајните корисници и одлично таргетирање.

Повеќе за првиот ден од IdejaX, можете да прочитате на Twitter (#Idejax), кај Eniac на блог, и од @IvanBrezakBrkan на Netokracija. Ако пронајдете уште неколку постови оставете ги во коментар. За утре останува најинтерeсното – Gary Vaynerchuk и “Thank you Economy”.

Share

Нема Коментари

Next Page »
« Previous Page

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • professional contract beds on Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд
    • kefir grains in australia on [IdejaX - Gary Vaynerchuk] Содржината е крал, маркетингот е кралица а контекстот најважен :)
    • cougars dating  on [Webit] Како Ericsson им приоѓа на огласувачите
    • Fruit Carving on PPC, бидете чекор пред конкурентите
    • Pumpkin Carving on Дали Твитер ќе ги “убие” Твитер клиентите?
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.