Foursquare Super Swarm Фестивал
  • Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>

marketing, SMM »

Бизнисите мислат едно а корисниците друго. Зошто следиме брендови на СМ?
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 1 Sep 2011 | Нема коментари

Share

Читајќи нешто на темата за CRM (Customer Relationship Management), наидов на еден извештај кој годинава го правел IBM Institute for Business Value,  а се однесува на промената на односите помеѓу бизнисите и клиентите под влијание на нивните интеракции на социјалните медиуми. Неколку пати сме пишувале за влијанието на социјалните медиуми врз комуникацијата, репутацијата и целокупниот маркетинг на компаниите и во овој пост ќе начнам една многу интересна тема за различната перцепција на компаниите и корисниците на социјални медиуми.

Имено извештајот на ИБМ покажува длабок јаз помеѓу перцепцијата на бизнисите – зошто тие мислат дека луѓето се поврзуваат со нив на социјалните медиуми (СМ), и зошто луѓето всушност се поврзани со нив на социјалните медиуми:

Socila media relationship - perception gap

Бизнисите се убедени дека попустите и намерата за купување се последните причини поради кои луѓето се поврзуваат со нив, а како што можеме да видиме во табелата, според ИБМ тие се топ 2 причини за интеракција.

Скоро сите бизниси ги гледаат социјалните медиуми како нов извор на приходи, но, во исто време, многумина веруваат дека добивањето на попусти или купони при купување на производи или услуги се меѓу најмалку важните причини заради кои клиентите ќе ги пребаруваат на социјалните медиуми. Иронично,  потрошувачите велат дека добивање материјална вредност е главната причина тие да комуницираат со една компанија, што е добра вест за оние организации кои се надеваат дека ќе заработат од активноста на социјалните медиуми.

Според горното објаснување, заклучуваме дека оние бизниси на кои главната цел им е да продаваат, и само да продаваат на социјалните медиуми се на вистинскиот пат?! Тие бизниси им го даваат на луѓето она што го сакаат?! Сите правила за интеракција, комуникација кои претходно ги зборувавме паѓаат во вода?!

ГРЕШКА!!! Вредноста на продавањето на социјалните медиуми, во отсуство на креирање на долгорочни врски со вашите контакти, може да ја помножите со нула.   Бизнисите имаат погрешна перцепција на продавањето како активност. Доколку оваа активност ја разгледаат од поширок агол, ќе разберат дека таа повеќе се однесува на управувањето на односите со клиентите – нудејќи им додадена вредност преку ексклузивни понуди, добро адаптирани на нивните интереси, а не дирекни реклами на својот бизнис и изнасилена понуда со единствена цел само да се купи нивниот производ.  Ако ги разгледате останатите причини поради кои луѓето се поврзуваат со брендовите на социјалните медиуми, ќе сфатите дека мора да креирате причина поради која тие ќе зборуваат добор за вашиот бизнис, ќе оставаат позитивни критики, ќе го оценуваат високо вашиот производ и ќе ги убедат своите контакти дека вреди да се поврзат со вас. Заради овие причини и нивните контакти ќе посакаат да го купат вашиот производ и да побараат ексклузивна понуда за себе.

Какво е вашето искуство? Заради која причина вие мислите дека луѓето се поврзуваат со брендовите на социјалните медиуми (разгледувајќи ги двете страни, вие како бизнис и вие како корисник)?

Share

Нема Коментари

SEM »

PPC, бидете чекор пред конкурентите
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 28 Aug 2011 | Нема коментари

Share

Според моето искуство во PPC огласувањето, секогаш нешто недостасува и секогаш има место за подобрување. Во целиот тој куп реклами и огласувачи, мора да најдете начин како да го привлечете вниманието и да направите вашите реклами да бидат подобри и позабележливи. Најдобар начин за да сфатите како можете да ги подобрите вашите реклами е да ги анализирате рекламите на вашиот конкурент.

Главната цел е секогаш да понудите нешто повеќе од конкурентот, за да си обезбедите  конверзии и успешно потрешени пари. Додавањето вредност на вашите кампањи зависи од вашата ажурност и способност ефикасно да ги анализирате конкурентите и да бидете чекор пред нив. За успешна анализа можете да следите 5 едноставни чекори, кои ќе ви послужат како иницијален водич во планирањето на вашите кампањи:

1. Дефинирајте ги вашите конкуренти

Скоро секогаш ги има повеќе отколку што мислите. Многу често ги занемаруваме конкурентите кои имаат директно влијание на нашиот бизнис, а се фокусираме на најголемите и најуспешните компании во нашата индустрија. Дали тие се вашите директни конкуренти? Каде се тие? Која е нивната способност?

2. Направете брза проценка на нивната вредност

Овој чекор бара површна анализа на она што веќе ви е јасно понудено и достапно на нивните Интернет страници, нивните профили на социјалните мрежи, содржината што ја креираат, и начинот на комуникација. Следејќи ги овие неколку параметри можете да донесете многу логични заклучоци за нивната стратегија на рекламирање и таргетирање и да процените дали тие ги следат најдобрите практики во огласувањето. За анализа на веќе достапните информации, паметен избор би ви било да си поставите Google Alerts за секој конкурент и да добивате нотификации секогаш кога нова содржина ќе биде креирана.

На скала од 1-5 вреднувајте ги  параметрите кои сте одлучиле да ги следите за секој конкурент посебно.  Потоа направете споредба на нивните предности и слабости со оние на вашиот бизнис. Ваквата споредба треба да ви даде одговор каде се тие насочени? Дали се таргетираат големи или мали бизниси? Дали се лидери на пазарот?

Ако се тие лидерите во вашата индустрија, која е вашата позиција? Кои се нивните основни пораки во огласувањето? Дали вие ги пренесувате истите пораки? Дали можете да ја пренесете истата содржина, но на подобар начин? Дали тие ги следат промените што се случуваат? Колку се тие способни да одговорат на промените во огласувањето на нивните конкуренти?

3. Анализирајте го нивниот начин на продажба

Која е нивната уникатна вредност и колку се разликува од вашиот бизнис? Ваквите податоци, можете да ги искористите во дефинирањето на вредноста на вашиот бизнис и комуницирање на истата преку вашите PPC кампањи?

Дали нивната комуникација е онаква каква што вистински одговара на вашиот бизнис? Како го комуницираат квалитетот, цената, придобивките за клиентите, и како таа комуникација се разликува од вашата и од останатите конкуренти? Дали сте способни да го постигнете тоа ниво на комуникација, и да го усвршите додавајќи му ја вашата уникатна вредност?

4. Дефинирајте ги нивните предности во комуникацијата

Кое е нивото на комуникација што ви се допаѓа и што сакате да го постигнете? Што е она што навистина ги разликува конкурентите? Дали е тоа содржината на нивната страница, пораките во рекламите, клучните зборови што ги користат?

Анализирајте ги нивните мета тагови, рекламите кои до сега ги користеле и направете листа на се она што ви се допаднало од анализата во претходните 3 чекори. Потоа издвојте ги содржината, пораките и клучните зборови што сакате да ги преземете/користите во вашите реклами.

5. Оптимизирајте

Соберете ги сите анализи од претходните чекори и создате ја големата слика за тоа што сакате да вклучите во вашата кампања. Имајте на ум дека она што го прават вашите конкуренти треба да го земете како насока во креирањето на вашите кампањи, а не да го копирате. Направете промена во вашата стратегија за огласување и анализирајте како се разликува од таа на конкурентите, а воедно и од вашата поранешна стратегија. Практикувајте ги промените некое време (оптимално е 1 месец), а потоа направете анализа на резултатите пред и по промената.

Најважно е да разберете дека PPC кампањите се “жива материја” која мора да подлежи на постојани анализи, тестирања и промени за да ви ги носи саканите резултати. Овој процес е всушност еден круг кој не смее да престане да се врти се додека вие трошите пари на огласување. Најуспешните постојано внесуваат промени, а доколку сакате да бидете успешни како нив, мора да ги следите, анализирате и да ги аплицирате заклучоците од таквите анализи во вашата стратегија. Доколку не сте спремни да бидете толку ажурни, тогаш не очекувајте долгоречен успех од вашите инвестирани пари.

На крајот еве неколку алатки кои се користат во светот за анализа на активноста на конкурентите

  • AdWords Analyze Competition tool
  • Compete.com
  • Keyword Spy
  • SEMRush
  • SpyFu

Некои од нив за жал нема да ви служат доколку таргетот на вашиот бизнис е само во Македонија, но вреди да ги познавате. Ги има уште многу, па доколку имате искуство со некоја од горенаведените или со друга алатка која не е во листата, ги очекувам вашите коментари.

Share

Нема Коментари

SMM »

Дали Твитер ќе ги “убие” Твитер клиентите?
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 11 Aug 2011 | 5 Коментари

Share

Ајде и јас конечно да се вратам од одмор и да му се придружам на Дарко во споделувањето новости и совети на блогов. А богами новости има.

Твитер ни го одзема вниманието овие неколку дена. По вчерашните новости за споделувањето на слики, денес Твитер повторно го ажурира својот сервис со нови функционалности. Во последните измени, претставени се 2 нови опции поврзани со активностите кои се случуваат во реално време и им помагаат на корисниците да откријат што точно се случува на Твитер, а е поврзано со нив и нивните следачи. За таа цел Твитер воведе 2 нови таба: @[username] и “Activity” таб.

@[username] табот го заменува “Mentions” табот и функционира како табла за лични известувања. Тука корисниците ќе можат да ги следат активностите поврзани со “Replies”, “Favorites” “Retweets”, односно да имаат нотификации кој им одговорил на твитовите, кој ги означил нивните твитови како омилени и кој ги ре-споделил нивните твитови. Воедно, на истото место ќе има и информација за новите следачи.

“Activity” табот ги собира истите информации како и @[Корисничкото име] табот, меѓутоа поврзани со луѓето кои ги следите.

Со последните новости, Твитер очигледно се труди да ги задржи корисниците на својот сервис и да ја намали употребата на Твитер клиентите. Веќе тоа има ефект кај некои корисници:

Која е бизнис вредноста на овие измени?

Твитер вистински го олеснува пребарувањето и истражувањето на активности, поврзувањето со луѓе со слични интереси,  откривањето на релевантни информации низ светот. Со “Activity” табот, Твитер всушност ве поттикнува да ги истражите вашите контакти и да им понудите содржина адекватна на нивните интереси. Сега ви е уште поблиска можноста да предизвикате релевантни дискусии и да ги поттикнете вашите контакти да активно да ги следат вашите активности.

Дали новите измени ќе ве натераат поактивно да го користите twitter.com? Колку мислите дека ќе ви помогнат во генерирање поквалитетни дискусии со вашите контакти? Дали веќе ви носи резултат нивното користење?

Share

5 Коментари

marketing »

Совети за добар подкаст од најдобриот, Leo Laporte (via @netokracija)
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 10 Aug 2011 | Нема коментари

Share

Бев на конференцијата кога Иван го снимаше ова интервју, но не ги слушнав прашањата, и секако одговорите. Денес Иван уште еднаш на Нетокрација, не потсети колку беше одличен овој настан и колку добри работи се случуваат таму.

Во 13 минутното видео Leo споделува одлични совети за креирање на квалитен подкаст или како што тој сака да го нрекува неткаст. Пазарите не се разликуваат премногу, рецептот за успех помалку или повеќе е тој. Потребна е напорна работа и верба во она што го правите.

Но, да не зборувам јас, ние овој месец сме на летна пазуа со нашиот Комуникации.нет Подкаст, па за тоа време погледнете го видеото со Leo. И ние за нашиот подкаст има што да научиме од него.


 

TWiT:  This Week in Tech, Tech News Today, iPad Today, The Social Hour i All About Android

Via Netocratia

Share

Нема Коментари

Tools »

[Инфографик] Најчесто употребувани алатки од старт-ап компании
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 5 Aug 2011 | Нема коментари

Share

Често се наоѓаме во ситуација кога нашите клиенти ги советуваме да започнат со користење на одредени (пред се) веб базирани алатки за да можат да ја зголемат ефективноста и да ги намалат трошоците во своето работење.

Некои од препораките (алатките/сервисите) нам ни изгледаат очигледни и релативно широко познати, но искуството го покажува спротивното. Постојат голем број компании и организации кои не ни помислуваат дека може да има друго, често, поедноставно и поелегантно, а да не зборуваме и за поефтино решение од она кое во минатото им го „продал” некој.

Веб базирани алатки, или SaaS, денес има премногу. За секоја намена има можност да се бира. Но сепак има некои кои едноставно се незаменливи. Во таа насока, а делумно и како препорака еве еден инфографик на кои се презентирани одговорите од истражувањето спроведено на 550 вработени во мали (старт-ап) компании (мислам сите) од Америка. Инфографикот (и истражувањето) е изработено од Best Vendor компанија која им помага на другите компании да ги пронајдат најдобрите алатки за нивните потреби.

Startup Toolkit

Која е вашето искуство? Кои алатки вие ги користите? Дали се тие повеќе десктоп или веб базирани?

* знам дека дел од алатките наведени во инфографикот не се употребливи во МК, но има голем дел кои од лично искуство можам да потврдам дека се навистина незаменливи. Јас лично не можам без Google Apps, Tweetdeck, MailChimp и сл. А ти?

Share

Нема Коментари

Next Page »
« Previous Page

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • window cleaner in South London on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    • Engagement Rings on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Gino Lesniewski on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Marla Spotwood on Новогодишен пост
    • window cleaners on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.