Колку и да сакав да го одбегнам социјалниот момент на Google со +1 и Google+ (некако не ми привлече внимание), со оваа новост веќе е неизбежно да му се посветам. Како што најавија на официјалниот блог на Google, oд октомври, копчето +1 ќе го гледаме и на сите Google реклами во Google Display мрежата. Според статистиките, +1 досега го имплементирале повеќе од милион страници и има повеќе од милијарда имресии.
Ако ги отворите вашите AdWords сметки, повеќето од вас веќе ќе забележат дека при креирањето на нова кампања е додадена уште една секција која се нарекува Social Settings. Оние кои сеуште ја немаат оваа опција, до октомври ќе ја дочекаат секако.

Со ваквите опции Google покажува дека сериозно се занимава со социјализирање на вашите реклами, или подобро речено, им дава особена предност на корисниците да влијаат на вашиот CTR. Значи ако досега внимавате на добро избрани клучни зборови и содржина која ќе го предизвика корисникот да ја кликне вашата реклама, сега треба да се погрижите да го убедите корисникот дека сака да ја сподели таа реклама, односно да го кликне +1 копчето. Со кликање на копчето, сите негови пријатели ќе бидат всушност во можност индиректно да ја видат вашата реклами, независно од тоа какви клучни зборови сте одбрале да плаќате.
Значи ако досега тврдев дека содржината е крал, сеуште го тврдам тоа, но сега ќе додадам дека корисникот се повеќе станува кралската круна за совршен резултат на вашите реклами.
Ако досега сте пропуштиле да се информирате како работи +1 на Google Search, AdWords Help свршено ви ги објаснува сите прашања кои можат да ви паднат на памет.
Она што останува да видиме е како ќе се развиваат понатаму Google AdWords Social Setting. Иако сега +1 само индиректно влијае на Quality Score-от на рекламите преку CTR, очекувам дека мнгоу скоро ќе се случат промени и на ова поле. Исто така многу скоро очекувам да се имплементира ова влијание и на статистиките за успешноста на рекламите. Какви се вашите очекувања за можните позитивни или пак негативни влијанија на +1 врз PPC рекламите?
Оваа година Webit се многу добри и се расфрлија многу со влезници кои им ги доделија пред се на медиумските спонзори. А веројатно и на сите други видови спонзори, ама за тоа немам потврдени инфромации :). Како и да е, огромен број македонци ќе одат следниот месец во Софија и ќе имаат можност од прва рака да ги следат настаните на овој конгрес.
Денес на твитер почнаа да се групираат, организираат и пребројуваат луѓето кои ќе одат, но некако спонтано дојде па ми даде идеја да се обидеме некако да се преброиме и да се само организираме за да си поминеме поубаво.
Затоа и го пишувам овој пост, за да ги повикам сите кои планираат да одат да го споделат својот план тука во коментар за да се најдеме кој се ќе оди, со што ќе оди и каде ќе биде сместен. Па ако треба некому помош или слично да си помогнеме.
Значи, коментартие се отворени. Јас, Мите и Наталија одиме сигурно, уште не сме решили со кое превозно средство, но поучени од нивното минатогодишно искуство веројатно ќе одиме на опција на изнајмување на стан во Софија. Вие?

Пред околу 2 недели беше најавено дека Фејсбук тестира нова опција која ќе ни дозволи да ги следиме постовите на луѓето на нивните профили иако не сте ги додале како ваши пријатели. Сте го забележале новото копче во горниот десен агол на профилите на вашите пријатели? Јас прв пат го забележав викендов и искрено ме фати неспремна. Не знам дали сите од вас го имаат, но и да не е така за некои време ќе се појави и кај вас.
Фејсбук го претстави своето “Subscribe” копче, како директен одговор на Гугл+ опцијата да се следат и објавуваат јавни постови, Досега веројатно за ваквата активност ги користевте Твитер и Гугл +. Она што е поважно претплатувањето на објавите на останатите Фејсбук корисници е ако на пример, некој Фејсбук корисник се преплати на вашите постови (статуси, слики, видеа и сл.) секоја ваша акција ќе му се појавува во нотификациите.
И за да е комплетна сликата, не ги забори ниту Гугл+ круговите, па додаде и нови листи на пријатели. Со подобрените паметни листи (како што Фејсбук ги нарекува), сега сте во можност да споделите релевантна содржина со избран круг на луѓе, уште полесно од претходно. Она што е уникатно во овие листи е што може автоматски да се ажурираат, врз основа на податоците кои ги имате вие и вашите пријатели внесени во вашето инфо. Врз основа на одредени параметри, како на приемр, работата, местото на живеење, образованието, податоци за семејни и останати врски, Фејсбук ги групира пријателите во различни групи. Вие можете рачно да додавате или бришете пријатели кои сметате дека не припагаат на одредени листи, а Фејсбук ги додал автоматски.
Она што е важно да се истакне е дека со новите опции Фејсбук ги заменува сите вредни функционалности што Гугл+ успеа да ги понуди на пазарот. А она што е интересно да се истакне дека овие опции им овозможуваат на корисниците подобро да ги заштитат своите постови, и истовремено подобро да ги споделат со корисниците кои не им се пријатели. Грижејќи се да ја подобри приватноста, Фејсбук овозможува и вашите постови да бидат јавно достапни за сите и послено пристапни.
Јас сеуште не можам да се привикнам на новите опции и ќе ми треба некое време да почнам квалитетно да ги користам, а да биде ситуацијата уште „полоша” Facebook најави уште промени. Какви се вашите размислувања за овие новини?
Оваа година повторно ќе присуствувам на Webit. По трет пат сметам дека конференцијата е доволно вредна и го заслужува не само регионалното, туку и светското внимание. Првиот пат присуствував во потрага по нови знаења кои можам да ги имплементирам во секојдневната работа. Ако сакате да се потсетите на темите од првиот WebIT, прочитајте го постот “Впечатоци од Webit 2009 – e-Marketing & e-Business“. Лани како дел од нивниот проект “Највлијателните луѓе на Интернет“, со ваша помош се здобив со бесплатна карта како дел од првите 5 на листата од Македонија. На минатогодишниот настан, заедно со Мите успеавме да покриеме повеќе панели и да ви ги пренесеме заклучоците од панелите во повеќе постови, со фокус на маркетингот и апликацииите за мобилни уреди.
Оваа година веќе го проширивме нашиот интерес и ќе присуствуваме како официјални блогери/партнери на покана на г-динот Пламен Русев, претседател на одборот на e-Academy и почесен Webit амбасадор. Како што веќе пишуваше Мите на комуникации.нет, годинава настанот добива поголеми размери и станува пофокусиран, со 7 паралелни теми и саем.
Како дел од мрежата на партнери, Дарко утринава доби официјално известување за успешноста на проектот “Највлијателните луѓе на Интернет”, кој за прв пат се реализираше минататa година, но продолжува и оваа година и тоа уште помасовен и поуспешен. Како што не известуваат од организацијата, а истото можете да го забележите и на страницата на “Webit 2011 Most Influental People Online“, oд почетокот на овогоденишниот проект, до денес, 1300 луѓе од 77 земји во Централна и Источна Европа се во трка за да ги добијат наградите кои организаторот ги подготви оваа година:
Г-динот Пламен Русев истакнува дека оваа година проектот доживува експанзија скоро во целиот свет. Во моментов лидер на скалата на највлијателни луѓе е Италија, а веднаш по неа се Романија, Молдавија, Македонија, Грција, Велика Британија, Холандија, Америка, и на десеттото место е Швајцарија. Главна цел на проектот е да го промовира Интернет пазарот во светот и да ги истакне највлијателните луѓе во виртуелните заедници.
Доколку сакате да се вклучите во трката и да бидете дел од наградените, прочитајте ги правилата кои детално ви објаснуваат како работи проектот.
Колку често сте сретнале блог пост или видео од блогер/корисник со рецензија на одреден производ или услуга во кој тој го споделува својот личен став и искуство со дадениот производ/услуга? Мислам во Македонија, да се разбереме. Знам дека низ светот тоа е честа практика, а и во регионов веќе некое време се практикува. Но кај нас ја нема, би додал, за жал.
Иако постојано ги држам отворени можностите за некоја ваква активност, мене лично не ми се укажала шанса, а не дека не сум ја барал, за да спроведам ваков тип на маркетинг активност. Да појаснам со збор два повеќе. Значи зборуваме за маркетинг активност која подразбира давање на тест/употреба на одреден производ или услуга на блогер или денес веќе т.н social media influencer (не знам превод на ова) со цел тој да напише нешто за тоа на својот блог, да пишува на twitter или да објави видео (пожелно на youtube :).
Едно истражување во америка покажува дека ова е една од најомилените интернет маркетинг тактики кои ги практикуваат маркетерите таму.
The survey found that 48.8% of marketers have used a sponsored blog post, while 32.5% said they would use it, and 39.4% have sponsored a tweet, while 35.6% said they would use that social media sponsorship. Additionally, only 23.2% have sponsored an online video, but 50.2% said they would use such a social media sponsorship.
Секако при спроведувањето на ваква активност мора добро да се следат повеќе работи со цел точно да се измери ефектот од истата. Се мери квалитетот на објавата, мислењето, споделувањата, кликовите и слично. Истражувањето кое го објавува eConsaltancy утвдува дека маркетерите сметаат дека најважен е квалитетот на објавената содржина. Уште една важна работа кога се работат спонзорирани објави е и вреднување на самата објава. Имено, не е исто да се пише блог пост или видео во споредба со твит или статус објава на Facebook.

Како и да е, оваа маркетинг алатка може да биде многу ефективна, но во исто време ако не е сработена како што треба и ако самите објавувачи не се доволно транспарентни да предизвика негативен ефект. За се ова треба добра подготовка, симулација на различни сценарија и подготовка за реакција на истите. Кога сме веќе на темава морам да посочам и еден пример на блогер кој особено ми се допаѓа како ги пишува своите спонзорирани посотви. Сеако тука зборуваме за блогерската етика и слични детали. Станува забор за Joost de Valk кој не пишува за производ или сервис кој не го користи лично. Погледнете некои од неговите постови и ќе ви стане јасно, патем вреди да се прочита и по некоја дискусија под постовите.
И секако да се вратам на локалниов пазар. Кој е твојот став? Прво, дали има капацитет кај блогерите и останатите social media influencers за да креираат ваква содржина? Второ баш ме интересира од која локална компанија би сакале да видите тестирани производи/услуги?