Foursquare Super Swarm Фестивал
  • Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>

marketing »

Интернет vs. традиционален маркетинг во бројки
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 3 Nov 2011 | 4 Коментари

Share

Да, повторно ќе зборуваме за тоа колку Интернет маркетинг е добар за вашиот бизнис и колку придобивки ви донесува. Овој пат тоа ќе го направиме во бројки.  Најново објавениот инфографик од Mashable има неколку интересни бројки кои вреди да стојат во овој пост.

Јас ова го викам интернет наспроти традиционален, меѓутоа не е тоа буквалниот превод на оригиналниот пост. Можеби вистинскиот превод би бил двонасочен наспроти еднонасочен маркетинг, бидејќи во основа се работи за овозможување услови за вистинска комуникација и фидбек од страна на корисниците. Или пак, како што самиот инфографик кажува, поделбата е на нов и стар маркетинг, каде што новиот се фокусира на заслужување на вниманието на корисниците, нбаспроти купување на иститот, што е случај кај стариот маркетинг, кога производите и услугите им се наметнуваат на корисниците.

Проследувајќи ги сумираните статистики од инфографикот во постот, ќе ја добиете вистинската слика за нивните разлики и предностите на новиот маркетинг. Во основа главната порака која што треба да ја пренесе овој инфорграфик, е дека корисниците денес контролираат кои и колку информаци добиваат, за разлика од минатото кога тие помалку или повеќе ги примаа информациите кои компаниите беа решени да им ги сервираат.

Еве некои од најзначајните негативни статистики кои се презентирани во инфорграфикот:

  1. 86% од корисниците денес ги прескокнуваат ТВ рекламите. Ова во превод значи дека 86% од парите на компаниите алоцирање за ТВ рекламирање се залудно потрошени.
  2. 91% од корисниците не сакаат веќе да примаат мејлови за кои претходно самите се зачлениле. Ова во превод значи дека мејловите кои ги испраќаат компаниите се далеку од интересите на нивната публика и не ги почитуваат нивните потреби.
  3. 44% од мејловите кои ги испраќаат компаниите никогаш не се отворени од страна на корисниците. Ова во превод значи дека корисниците воопшто не се ни обидуваат да проверат дали во мејлот има нешто што би ги заинтересирало, поучени од нивното претходно искуство со добивање нерелевантна пошта.

Ајде сега да зборуваме малку за позитивни статистики:

  1. 61% од маркетерите се спремни да инвестираат во “заслужено” внимание од страна на корисниците. Ова во превод значи дека се повеќе компании се соочуваат со фактот дека маркетингот се менува и дека корисникот ја има контролата во свои раце.
  2. 83% од компаниите сметаат дека Facebook е критичен медиум за нивниот бизнис. Ова во превод значи дека влијанието на Facebook се помести од точката на “само за забава и персонална употреба” до точката на “значајно влијание за таргетираната публика”.
  3. 67% од компаниите кои продаваат на крајни корисници, и 41% од компаниите кои продаваат на бизниси, придобиле клиент преку Facebook. Ова е уште една потврда дека Facebook е канал кој ако се искористи правилно, може да ги оставри целите на бизнисот.
  4. 57% од компаниите придобиле клиент преку својот корпоративен блог. Ова е уште една потвда дека квалитетната и динамична содржина е круцијална за маркетингот на еден бизнис и неизбежно им носи на компаниите нови клиенти.
  5. 42% од компаниите придобиле клиент преку Twitter. Ова значи дека компаниите се грижат да бидат достапни и да се вклучат во динамична конверзација со своите корисниците.

На крајот мора да се истакне и најсензитивната категорија во овие статистики – парите:

  1. Интернет маркетингот чини 62% помалку од традиционалниот маркетинг. 
  2. 3 од 4 нови маркетинг канали чинат помалку од било кој традиционален маркетинг канал.

Останатите статистики ве оставам сами да ги анализирате во инфографикот на Voltier Digital и да размислите колку пари ќе потрошите и колку ефект ќе имате пред следната ваша кампања.

Share

4 Коментари

events »

Webit 2011 – посветен на огласувањето и важноста на корисникот
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 30 Oct 2011 | 4 Коментари

Share

Заврши и третиот по ред Webit Congress. Доколку не ја проследивте репортажата на крајот на последниот #комкаст на Kомуникации.нет, накратко да ви ги пренесам првите впечатоци:

  1. настанот беше скоро тројно поопширен и визуелно попривлечен од минатите 2 години
  2. годинава во фокусот беше посетеноста на настанот во бројки
  3. се повеќе земји се вклучуваат во настанот; според организаторот имаше посетители од 47 земји
  4. квалитетот беше на нешто пониско ниво од минатите 2 години
  5. техничката организација на настанот воопшто не ги исполни очекувањата – настанот помина во знакот на немање квалитетна интернет конекција
  6. гостите од медиумите скоро и да немаа услови за работа во салите.

И покрај тоа што имам доста негативни коментари (што не беше случај во минатите 2 години), на крајот повторно сум задоволна што бев дел од настанот, и потврдувам дека и следната година ќе учествувам. Ако минатите години бев импресионирана од презентациите и содржината, годинава сум импресионирана од волјата и желбата на “дигиталните номади” да бидат дел од вакви настани и меѓусебно да се поврзуваат и да разменуваат искуства. Како што знаете само од Македонија имаше преку 6о присутни, и бевме уредно и официјално поздравени уште на отворањето од самиот организатор Пламен Русев.

Годинава бев поканета како официјален блогер на настанот. Додека траеше, не си ја исполнив уредно должноста да пренесувам што се случува, што од немање услови, што од неиспиративни презентации. Меѓутоа, вака со прибрани впечатоци, верувам дека ќе следат низа постови и од мене и од Дарко, кои ќе ви доближат што точно се случување таму.

Новата главна мерка се интеракциите

Главна тема на настанот беше огласувањето, што во дигитален, што во традиционален формат, како и метриките за мерење на ефективноста од огласувањето. И покрај тоа што настанот е посветен на луѓето од интернет маркетинг светот, годинава имавме можност да проследиме серија на добро интегрирани кампањи, служејќи се со алатките на традицоналниот и интернет маркетингот. Скоро во секоја презентација посебно внимание се посвети на интеракциите, како нова неопходна мерка (замена за кликовите) која ќе ја мери успешноста на секоја една активност. Сите предавачи со посебен жар зборуваа за важноста на корисниците во целокупната комуникација. Не дека ова е нешто што не го знаеме и не сме го чуле безброј пати до сега, ама како што Новица зборува во својот пост, фино е да слушнеш како некои светски имиња сакаат да ги поттикнат маркетерите во овој дел од светот да го применуваат она што веќе одамна се прави на запад. Иако кај нас има видно будење на темава, сепак сме далеку од имплементација на трендовите кои на големо се зборуваат на ваквите настани. Ние сме на почетокот на убедувањата дека огласувањето треба да се сведе на CPM моделот, а светот веќе го напушта и овој пристап и измислува нови метрики како што е стапката на интеракции и вклученост од страна на корисниците.

Вреди да се издвои…

За издвојување се презентациите на Marc Bresseel – Microsoft,  Gillian Muessig – SeoMoz, Plamen Russev – eAcademy, Russ Lidstone – Euro RSCG London. Особено добри презентери, кои она што веќе стотици пати сме го слушале успеаја да ни го донесат од поинаков агол и повторно да не натераат да размислиме дали добро го познаваме. Не дека само овие предавачи имаа добри презентации, меѓутоа мене ми се допадна стилот и темите за кои зборуваа. Ниту еден од нив не употреби потрошени мотивирачки фрази без да даде конкретни примери за тоа како да се стават во употреба работите кои сите веќе знаеме дека треба да ги правиме. И ниту еден од нив немаше презентација од типот “многу сме јаки” (како што милува Дарко да ги нарекува комерцијалните презентации). Microsoft меѓу останатите примери, ја истакна кампањата на Jay-Z, преку која ја покажа важноста на интегрираните кампањи и чекор-по-чекор покажа како се спроведува исклучително успешна кампања за нов производ. SeoMoz секогаш има одлична презентација, а годинава особено интересна тема “Crowdsourcing”, за што смета дека всушност е вистинската насока за развивање на маркетинг кампањите во иднина. Тука особено беше истакната важноста на корисникот и неговите потреби, како главен фактор во креирањето на понудата за него. Организаторот на Webit, Plame Russev, ја промовирање својата книга “Power to the people” на многу фин и суптилен начин, преку добро склопена презентација со совети и идеи. Особено кај него ми се допадна што на неколку моменти, кога очекуваш дека ќе каже некоја стотици пати помината мисла, тој вметна неколку фини нови мотивирачки фрази, кои всушност ја одбежаа неговата презентација. Russ Lidstone имаше сосема поразлична презентација од останатите, и како што прокоментиравме со Дарко, потсетуваше на TED презентација. Зборуваше за ставањето на брендот во улога на глагол, односно поистоветување на брендот со видот на комуникација која ја спроведува.  Разочарување беше презентацијата на Facebook, неочекувано, бидејќи презентацијата им се сведе на многу основни совети за тоа што за брендот значат фан страниците и како може компанијата да се рекламира на Facebook.

Фотографии од настанот можете да гледате каj:Ivan Minic (burek.com) еден од официјалните блогери: Webit 2011 (Прв ден) и Webit 2011 (Забава за доделување награди и втор ден); 4ward: Our Webit 2011; InternetMarketing.mk: Webit Congress 2011.

Иако не бевме претерано многу инспирани да пишуваме сепак најавуваме дека ќе следуваат уште постови во следниве неколку дена.

Share

4 Коментари

advertising, marketing »

Совети за подобро интернет огласување
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 13 Oct 2011 | Нема коментари

Share

Текст оригинално е објавен во дневниот весник Каптал како навестување на обуката „Како да ја зголемите продажбата со помош на Интернет?” која ја организираат Kapital Academy и NewMediaMK.

Една од највредните работи кои ги нуди огласувањето на Интернет е можноста за попрецизно таргетирање и мерење на ефектот од кампањата додека трае. Ова значи дека секогаш треба да се планира можност да се интервенира во истата ако не ги остварува очекувањата. За да се врши таргетирање потребни се податоци, потребно е добро да го познавате пазарот и публиката. А за тоа се потребни агенции кои прават истражувања и агенции кои нудат соодветни системи кои овоможуваат таргетирање. Кај нас не можеме да се пофалиме со развиена структура на ова тема, но сепак, може да очекуваме дека наскоро работите ќе почнат побрзо да се менуваат. Интернет страниците се префрлаат кон моделите за продавање број на прикажувања на реклама наместо временски закуп, а најавени се и истражувања и статистики кои ќе ги прошират можностите за квалитетно таргетирање.

Немањето доволно податоци и системи кои ќе не поттикнуваат повеќе да се грижиме за ефектот на интернет реклaмите веќе со години резултира со релативно слабо развиен пазар на интернет огласување и ниско ниво на креативност. Како резултат на тоа, поголем дел од локално имплементираните кампањи се третираат како т.н. брендинг кампањи. Кај овие кампањи во фокус е промената на перцепцијата за брендот, а не целта да се предизвика некоја конкретна реакција како клик, конверзија или конверзација.

Виновници за доминацијата на овие кампањи има во сите табори, но тоа не ги решава проблемите. Наместо обвинувања, подобро е да се зафатиме за работа и да го туркаме овој дел од маркетинг индустријата побрзо напред. Во основа, нема ништо лошо да се работи брендинг-кампања на Интернет, иако тој нуди далеку повеќе, но и кога се работaт овие кампањи мора да се внимава на некои важни работи.

Сепак треба да таргетирате

Не е најважен дел од целиот процес, но сепак, не можете да одите на сите интернет страници. Секако дека сакате што е можно поголем број ваши потенцијални корисници да ја видат рекламата, но внимавајте, тоа може да значи и премногу преклопувања. Не практикувајте да ставате огласи на голем број интернет страници кои имаат иста или слична публика. Практиката “сите со еден удар“ не е толку многу позитивна кога станува збор за интернет-огласувањето. На тој начин вашиот оглас ќе им се појавува пречесто на едни исти луѓе, а со тоа ризикувате да предизвикате негативен ефект. Одберете по 1-2 страници од различен жанр со публика која има различни очекувања и не ги заборавајте помалите страници кои имаат полојална публика.

Дали се грижите за контекстот?

Веќе реков, целта на брендинг кампањата е промена на перцепцијата, па оттаму, мора да се внимава во кој контекст ќе биде примeна пораката. Дали посетителите на страницата ќе бидат во вистинската умствена состојба за вашата порака или ќе бидат зафатени со кликање на друг дел од страницата?

Дали се грижите каде ќе бидат поставени вашите реклами, не позициски, туку во поглед на содржината која ги опкружува? Секако, ефектот не е еднаков доколку објавите реклама за туристичка агенција, а текстот до неа зборува за некоја измама или болести во местото на кое вие сакате да ги испратите вашите корисници. Нивото на квалитетот на уредувачката политика на локалните интернет-страници е релативно ниско, па мора да се внимава и на тоа каква се содржина може да “улета” во периодот кога се рекламирате. Често младите интернет претприемачи немаат никакво претходно искуство со уредување медиуми, па занесени од популарноста на одредени содржини, создаваат контекст во кој ниту една порака не може да се сфати со висока доза сериозност. Во оваа насока, мора да се внимава и дали вашата порака ќе може да дојде до израз или ќе се стопи со останатата содржина. Тука мора да се внимава и на другите реклами – ако ги има премногу, ефектот на вашата, секако, ќе биде помал. Бирајте страници каде што има соодветен распоред на позициите за огласување и каде што публиката не очекува премногу реклами. Токму рекламите на тие страници можат да ви обезбедат поголемо препознавање и да остават впечаток дека добро сте ја сработиле кампањата.

Проверете колку плаќате?

Иако во ваквите кампањи нема да се грижите за тоа колку ве чини секој посетител кој ќе дојде на вашата страница и ќе преземе некоја акција, сепак, тоа не значи дека треба да се расфрлате премногу. Потребно е да водите евиденција и да го следите ефектот на кампањата со еднаков интензитет. Ако истата трае подолго, испланирајте неколку различни креативни решенија. Тестирајте и испробувајте додека трае самата кампања, извлечете го максимумот за парите кои ќе ги платите.

На Интернет можете да го следите однесувањето на вашиот потенцијален купувач со многу повеќе детали. Може да ја видите неговата директна реакција, брзо и едноставно да почнете некој вид директна комуникација за да му понудите нешто повеќе или поразлично. Секој дел од интернет-присуството е еднакво важен. Често една посета на потенцијален корисник почнува токму од рекламата која ја објавувате. Затоа, внимавајте, целокупната стратегија за настап на Интернет на вашата компанија мора да биде како симфониски оркестар. Која мелодија ја свири вашиот оркестар?

Share

Нема Коментари

SEO »

Интервју со Недим Шабиќ, SEO експерт од Босна и Херцеговина [видео]
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 6 Oct 2011 | Нема коментари

Share

Во постот посветен за првиот ден на конференцијата Webfest.me споделив дека Недим имаше забележителен настап на тема основи за оптимизација за пребарувачи (SEO). Недим (@neximuss) ќе зборува и на кратката програма на BlogOpen овој викенд, па ова кратко интевју може да послужи како загревање за претстојниот настан.

Ако некои прашања не ви се вклопуваат, тука пред се мислам на последното, погледнете ја целата презентација и делот со прашања и одговори и ќе ви стане јасно :)

Share

Нема Коментари

Tools, web design & development »

Како најлесно до дефинирање структура на вашата страница?
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 5 Oct 2011 | Нема коментари

Share

Дарко си има обичај од време на време да ми испрати материјали за читање и да ме “почасти” со добри информации. Реално, така и ми ги праќа: отворам и гледам ми стигнал мејл “Частовка”, и знам дека си имам квалитетен материјал за читање.  Пред некој ден ми испрати доста интересни документи од Econsultancy, еден од најдобрите извори за информации од областа на интерент маркетингот.

Еден од документите презентира метод за групирање на информации, кој што е стар веќе 11 години, но јас не сум имала прилика да го сретнам до сега како термин. Методот оригинално се нарекува “Card Sorting” и се дефинира како техника за истражување како луѓето групираат предмети, преку што може да се донесат логични заклучоци за развој на структура на информации која ќе биде прилагодена на корисничките навики и ќе го олесни пребарувањето на информации.

Оваа техника особено се користи за дефинирање на структурата на интернет страниците.  Колку многу сте мачеле да ја дефинирате мапа на страницата за најлесна навигација? Колку пати сте се двоумеле која е најдобрата структура за вашите внатрешни страници и како да им обезбедите најлесно пребарување на посетителите? Со оваа техника ќе можете барем да добиете претстава од каде да почнете со вашите одлуки и истовремено да се забавувате.

Како се спроведува?

1. Изберете го начинот преку кој сакате да анализирате: директно (лице-в-лице); преку пошта; преку електронска пошта; преку други електронски канали (на пр. социјални медиуми); за време на работилници, настани и сл.

2. Направете листа од предмети/информации за кои што сакате да направите анализа како корисниците логично би ги групирале. На пример, ако се работи за структура на вашата страница, внесете имиња на страниците во кои што треба да се имплементира содржината на страницата.

3. Внимателно одберете ги учесниците во процесот. Ако се работи за вашата интернет страница, тоа секако треба да бидат претставници на вашиот идеален посетител, т.е. да бидете сигурни дека тие се луѓето кои навистина ќе бидат посетители на вашата страница и ќе ги користат вклучените информации. Постојат различни препораки за бројот на учесниците. Според JUS (Journal of usability Studies), подобро да учествуваат поголем број на корисници, меѓутоа колку повеќе се, толку ќе биде потешко да ги анализирате резултатите. Главниот заклучок е дека е дека оптимален број на учесници е 25-30.

4. Изберете го начинот на спроведување. Постојат два типа на “Card Sorting” , отворен и затворен. Отворениот тип им дозволува на корисниците самостојно да ги дефинираат и групираат категориите на предметите/информациите. Затворениот тип им дозволува на корисниците да групираат веќе дефинирани и именувани категории на предмети и информации на начин што им е најлогичен ним.

5. Овозможете им доволно време на корисниците за групирање. Како што прочитав во документот од Econsultancy, за групирање на 50 поими треба на учесниците да им се дозволи околу половина час.

6. Кога ќе добиете посакуван број на одговори, завршете го процесот и приберете ги информациите. Потоа споредете ги резултатите од секој поединечен одговор и направете анализа колку од нив се поклопуваат. Веројатно за категориите ќе имате исти одговори од повеќе учесници. На пример ако се работи за структура на вашата интернет страница, на овој начин ќе им овозможите на вашите посетители да ви го дефинираат главното навигационо мени. Веројатно скоро сите учесници ќе ги групираат Контакт страницата заедно со страниците за Често Поставувани Прашања, Техничка Поддршка, Документи и сл.

7. Обрнете особено внимание на именуваните поими за кои не постои консензус во одговорите. На пример ако се работи за имињата на ванатрешните страници, можеби преименување на истите би довело до преклопување на мислењата на учесниците при групирањето.

Оваа техника е одлична за да си дадете одговор на прашањата кои верувам дека редовно ве засегаат:

  • Дали корисниците сакаат да видите информации групирани според предметот, процесот, бизнис групата, типот на информацијата или некоја друга категорија?
  • Колку се слични потребите на различни групи на корисници?
  • Како различни се нивните потреби?
  • Колку потенцијални главни категории постојат? (обично се однесува за навигација)
  • Како треба да се именуваат категориите?

Со помош на вашите корисници ќе ги разрешите дилемите и ќе бидете сигурни дека одлуките што сте ги донеле соодвествуваат на нивните потреби. Оваа техника ви е одличен прв чекор во креирање на успешна структура на страницата.

Се надевам дека доста од вас ќе ја пробаат или можеби веќе ја имаат испробани оваа техника, па очекувам да го споделите вашето искуство за упешноста или неуспешноста на методот.

Share

Нема Коментари

Next Page »
« Previous Page

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • Engagement Rings on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Gino Lesniewski on Спонзорирани објави, практика која отсуствува на локалниот интернет пазар
    • Marla Spotwood on Новогодишен пост
    • window cleaners on Односот со клиентот (корисникот) е единственото нешто што ви дава предност пред конкуренцијата
    • Devona Sawallich on Студија на случај: DEWmocracy – Mountain Dew
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.