7 совети за оптимизација на PPC кампањите
Користејќи маркетинг преку интернет пребарувачи (SEM), односно вклучувајќи платени кампањи по клик
(PPC) во вашата маркетинг стратегија, често ризикувате да потрошите многу пари за минимално враќање на инвестициите. Многу од прашањата околку буџетот и враќањето на инвестициите од овие кампањи, можат безболно да бидат решени со нивна оптимизација.
Она на што треба да обрнете внимание се напорите вложени во оптимизација на ваквите кампањи, проследени со многу тестирање на различни реклами, различни клучни зборови и фрази и постојано мониторирање на текот на кампањата. За да бидете сигурни дека вашите реклами се добро оптимизирани, употребете ги следниве неколку совети при креирање на кампањата:
1. Наслов на рекламата
Насловот на вашата реклама е можеби најважниот дел од вашата кампања. Што повеќе потенцијални клиенти се пронајдат во насловот, толку поверојатно е дека тие ќе кликнат на рекламата и ќе дојдат на вашата Интернет страница.
2. Клучни зборови
Таргетираните клучни зборови треба да бидат вклучени во самиот наслов на рекламата. Најчесто потенцијалните клиенти не читаат повеќе од насловот, па така ако не вклучите клучен збор нема да им биде јасно за што е вашата реклама.
3. Ценовна стратегија
Доколку практикувате ценовна стратегија, вклучете ја вашата цена во самиот наслов на рекламата. Најголемиот број од потенцијалните клиенти најмногу вреднуваат ефтина понуда, па доколку вашата цена е пониска од таа на конкурентите и е вклучена во вашиот наслов, многу е веројатно дека тие ќе кликнат на рекламата.
4.Бесплатни понуди
Доколку на вашите потенцијални клиенти им нудите нешто бесплатно, тогаш таа понуда задолжително мора да биде во самиот наслов на рекламата. Ова е добар поттикнувач тие да кликнат на рекламата и да дојдат на вашата Интернет страница, каде ќе бидете во можност и да ги убедите дека треба да купат од вас а не само да ја искористат бесплатната понуда.
5. Display URL
Display URL на рекламата, или адресата која што потенцијалните клиенти можат да ја видат, треба да биде кратка и експлицитно да го промовира вашиот бренд или компанија. Оваа адреса треба да биде соодветна на почетниот дел од адресата на која што вашата реклама ги носи посетителите по нивниот клик.
Пр. доколку рекламата треба да носи на http://emarketing.komunikacii.net/category/sem/page/2/, тогаш Display URL најдобро е да биде eМarketing.komunikacii.net.
6. Чувство на итност
Вашите реклами треба да предизвикуваат чувство на итност. Заменете ги зборовите како “неверојатна понуда”, која што не ја опишува прецизно вашата понуда, со зборови како “достапно само во следните 24 часа” и слични на нив, кои им креираат чувство на итност на потенцијалните клиенти. Вака дефинираната понуда ги тера веднаш да кликнат на рекламата за да не ја испуштат можноста да ја искористат вашата понуда.
7. Индикатор за кредибилитет
Доколку имате простор и доколку тоа ви е важно, додате индикатор за кредибилитет.
Пр. “30-дена гаранција за враќање на парите” или “ИСО сертифицирана компанија”.
Иницијалната цел на PPC кампањите е да постигнете што поголем CTR – Click Through Rate – процент кликови во однос на прикажувањата/импресии на вашата реклама, како би си создале можност да го зголемите и процентот на конверзии, односно да ја исполните целта која сте ја дефинирале за вашата страница (пр. продажба или барање на дополнителни информации).
Горенаведените совети се само дел од она што може да ви помогне при оптимизација на вашите реклами. Користејќи ги нив сте само чекор поблизу до постигнување на вашата дефинирана цел.


[...] This post was mentioned on Twitter by Natalija, Martin Dimovski. Martin Dimovski said: RT @Natalija: Нов пост: 7 совети за оптимизација на PPC кампањите http://emarketing.komunikacii.net/optimizacija-ppc-kampanji/ [...]
Коментирај!