Новогодишен аватар
Овој пост ќе биде малку различен од минатите, бидејќи нема да ви давам совети, нема да анализирам и нема да ви кажувам што е добро за вашиот бизнис на интернет. Во овој пост ќе делам малку новогодишно расположение. Зошто за една недела ни доаѓа и Нова Година, па оправдано ми е нели?
Причината за ова се појави пред четири дена, кога Нетокрација објави пост за тоа како Горан Пеуца, хрватски дизајнер, се инспирирал од празниците и им подари на твитерашите рачно фотошопирани аватари со божиќна капа. Идејата беше одлична и многу забавна, па ја ретвитав Нетокрација, со цел да споделам како се забавува хрватската твитерска заедница.
Што е уште позабавно, @indog, македонски дизајнер, одма се испирираше од тоа како се забавуваат хрватските твитераши, па предложи да се забавуваме и ние на сличен начин. И од тука се разви една долга дискусија, која заврши синоќа со конечен резултат.
Во прв момент, јас и @indog дискутиравме за некои драфт идеи како на пр. гиф во кој на сите аватари ќе им врне снег, нешто во стилот на Google’s Let it Snow (оваа идеја беше пресложена за брза изработка), или пак на сите аватари да им се монтира бела брада (оваа идеја беше соодветна само за аватари кои имаат лице). Нешто подоцна на @NotSocialMedia, на @drashmk и на @banekoma им се виде интересна идејата, па се вклучија во дискусија, а Бане богами и во работата. Го зеде аватарот на @darko156 и разви неколку идеи:

Кога веќе ги имавме првичните идеи, уште повеќе се загреавме за да се реализира овој мини проект, како што @Necovski го нарече. @banekoma и @indog со взаемна соработка и многу разменети твитови (на крајот дискусијата ја префрливме на меил за да не го оптеретуваме тајмлајнот) и го средија последното решение на @indog, за да изгледа како што во моментов изгледа мојот аватар:

Истиот си го имам и на мојот Facebook профил. Сега ве повикувам сите твитераши и фејсбукаши да ги направите и вашите аватари и слики на профил како и мојата (доколку ви се допаѓа) и сите заедно да го споделиме новогодишното расположение.
Сликата е додадена на PicBadges, и се што треба да направите е да се логирате со вашите Twitter или Facebook сметки и да го додадете беџот на вашиот аватар.
За крај, сепак ќе го прекршам ветувањето во првата реченица и повторно ќе кажам еден мал совет до сопствениците на бизниси. Вакви мали, слатки идеи се добредојдени за онлајн заедницата и најчесто инстантно ги прифаќа. Добра креативна идеја во вистинско време може всушност да се реализира како фина мини кампања соодветна на актуелните случувања. Ваква едноставна идеја лесно може да резултира со успех.
Дополнување: Уште еден пример како Twitter заедницата лесно се организира за настани со некаква актуелна цел е настанот #елкамк чиј прв дел започнува денес во 12 часот и има вистинска, поголема цел. Сите детали можете да ги прочитате на Facebook.
П.С. @banekoma разви уште една идеја. Кој од вас го следи на Twitter веројатно веќе ја видел, за останатите ќе ја споделиме кога ќе ни дојде идеја како да ја употребиме :).


Коментирај!