Наградни игри на веб
Лето е период кога има безброј наградни игри. Воглавно позната шема… тука се пиварниците, кока кола, пепси, летувања, топки, чадори, скутери, коли и така натака… познато ви е :). Од пред некоја година поголемите компании почнаа да отвараат специјални веб страници за наградните игри и таму да ги објавуават правилата и добитниците.
Со експанзијата на Facebook и секако далеку поголемиот број на интернет корисници во Македонија, неопходни беа и адаптации во овој поглед. Деновиве наидов на една реклама за наградна игра која ме потсети дека не ќе е лошо да пишам пост на темава. Па еве преку неколку локални примери да разгледаме неколку модели за спроведување наградни игри во кои е вклучен и интернетот.
1. Facebook страница и фамозното кликање Like!
Серија истражувања низ светот покажуваат дека над 20% од корисниците нa Facebook следат (стануваат фанови, а од скоро лајкаат) брендови за да добијат или бидат информирани за разни промоции, попусти и, се разбира, награди. Нема локални истражувања на оваа тема, но верувам дека и локалните корисници не се разликуваат многу. Од локалните брендови наградни игри на Facebook, меѓу другите, имаат T-Mobile, Nescafe, T-Home. Но и брендови со далеку поскромни буџети ги користат овие канали.
Кампањата на новиот бренд на Fructal, QL е една од тие кои докажуват дека не мора да станува збор за голем бренд и дека со помал број фанови сепак може да се обезбеди активност од своите фанови и да се доделат привлечни награди. Со нешто поголем број фанови од време на време награди се делат и на страницата на магазинот за понежниот пол Unique
2. Испрати го кодот преку нашата интернет страница
Пелистерка пријатно ме изненади со оваа опција која во рамките на својата актуелна наградна игра им ја нуди на своите корисници. На нивната веб страница има форма преку која, наместо преку смс, може да го испратите кодот за наградната игра. Немам код па затоа и не сум ја пробал дали функционира, ако некој проба нека сподели искуство. Покрај позитивната рaбoта што се одлучиле на ваква (условно речено поевтина опција) мора да им се забележи на организаторите дека формата за пополнување е предолга и бара премногу детали кои ни од далеку не ги пријавувате кога би го испратиле истиот код преку смс. И уште нешто, формата е длабоко закопана, да не речам скриена во подменијата на нивниот сајт. Информацијата за оваа можност е наведена и на ТВ рекламата, па далеку подобро би било доколку до формата има линк директно на нивната насловна страница.
3. Објави твит, добиј награда
Бројот на локални корисници на Twitter е доволно голем за да може да се спроведе наградна игра од помал обем и тука. Пред неколку месеци ние за 7 минути преку овој сервис поделивме 10 маички по повод 5 години комуникации.нет. Во моментов не ми текнува друг сличен пример, но верувам дека ги има или наскоро ќе ги има.
Знам дека има уште доста примери на оваа тема, но за оваа потреба доволно е и ова. Целта ми е да ја отворам темава. А на темава задолжително мора да се спомне и веб страницата посветена на наградните игри: Сите наградни игри во Македонија.
Коментарите се отворени ако знаете некоја интересна наградна игра која вклучува и можност да се биде дел од неа на интернет, бујрум.




[...] This post was mentioned on Twitter by darko156, nagradni igri. nagradni igri said: Наградни игри на веб – http://emarketing.komunikacii.net/nagradni-igri/ [...]
Студио модерна за своите брендови (Дормео, Космодиск..) често организира наградни игри за промоција на својата онлине продавница, и имплементација на маркетинг комуникација во рамките на оваа он-лајн продавница.Истите се базираат на собирање на е-маил адреси кои понатаму ги користат за е-маил маркетинг.Оставате е-маил адреса, па препорачувате на пријатели, колку повеќе пријатели повеќе поени добивате.
Не често, но и web портали ја зголемуваат посетеноста со организирање на наградни игри (пр. http://www.hrana.com.mk).
Се на се крајно време е наградните игри од печатените медиуми да преминат на веб…
Паметен потег има исто така и од страна на kubeti.com каде кодот од кубетите се внесува… интересен принцип кој сигурно ќе ги натера луѓето да се регистрираат доколку сакаат да си ја пробаат својата среќа.
На блогот и на ФБ страницата на Design Lab може да се гласа за најдобар концепт од понудените 25 полуфиналисти на овој студентски конкурс за дизајн на футуристички производи. Сите коментари и гласови влегуваат во наградна игра.
Организатор е компанијата Electrolux, која е и организатор на овој студентски конкурс .
Селекцијата на добитникот е според случаен избор (преку random.org), а наградата е Electrolux кафемат.
Интересен ми е и концептот на наградната игра на Зоолошка Градина што ја спроведуваат на ФБ. Секоја сабота доделуваат гратис влезници кои се добиваат преку интеракција со фановите на нивната ФБ Бстрана
Фала Бурха, го примеив и јас квалитетното присуство на Зоолошката на FB. Ми се чини има врска со партнерството со Стопанска Банка, но сеедно. Не знаев дека даваат награди и тие.
Ако ти е при рака не е лошо да го ставиш и линкот. Facebook не е баш лесен за пребарување :)
Патем, ај честито прв коемнтар на блогов. Благодарност, и желба да се множат :)
Јас всушност сум редовен читател на македонската блогосфера, меѓутоа не толку активно вклучен во дискусиите. Еден од нај омилените ми е и комукации.нет, па редовно го посетувам, и искрено ви честитам за сета работа што ја вршите во вебсферата.
И да, заборавив да напоменам дека проектот на Зоолошка е во партнерство со Стопанска Банка. А и линкот http://www.facebook.com/ZooSkopje
Претпоставував Бурхан, затоа и те навлеков да се вклучиш повеќе кога веќе се реши да искоментираш :). Благодарам за пофалните зборови.
Наградни игри преку веб (преку порталот Гурман™) организираат и и .
Она што фалеше во претходниот коментар: …организираат и [URL="http://gurman.mk/87r"]Caramelo™[/URL] и [URL="http://gurman.mk/8cl"]GUSTO[/URL].
Great article! What theme are you using? Looks very nice.
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари