Home » SEO

MSEO – Multilangual Search Engine Optimization

Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 15 Nov 2009 | 3 Коментари
Сподели

source: http://trafficboosterprov2.com/images/multi-language-seo.jpgНачнав неколку аспекти за SEO во минатите постови: “10 основни SEO техники” и “Успешна SEO – нелогично логичен потег“. Периодов детално се заинтересирав за локализација на оптимизацијата и како нарачано утринава налетав  на многу корисна статија токму на оваа тема. Решив да ви ја пренесам заради интересните статистики и корисните совети.

Читајќи ја статијата се фрапирав од податокот дека само 28.7% од целата онлајн популација пребарува на англиски. Меѓу топ 10 јазици кои се користат при пребарување се кинескиот на второ место, шпанскиот на трето, а потоа доаѓаат јапонскиот, францускиот, португалскиот и германскиот.

Интернет корисниците не само што сакаат да купуваат на својот јазик, туку се’ повеќе пребаруваат локално, како на пример на кинескиот Baidu, рускиот Yandex, францускиот Voila, германскиот GMX, шпанскиот Buscar. Тоа укажува на фактот дека доколку вашиот бизнис е насочен кон овие говорни подрачја, тогаш неизоставно мора да имате повеќејазична страница која ќе биде оптимизирана за локалните интернет пребарувачи кои се користат во овие земји.

Е тука веќе MSEO стапува на сцена. За разлика од SEO за глобална употреба, оптимизацијата за локални подрачја зема многу повеќе време и напор од обично, започнувајќи со изборот на клучните зборови, кои мора да се соодветни за земјата и културата на луѓето кои живеат на тоа подрачје. Интернет страницата на повеќе јазици нема да ви заврши работа доколку не се направи и темелна анализа на клучни зборови, преку кои таргетираните корисници би дошле до вашата страница. Воедно, додека се дефинира содржината на страницата, мора да се земе во предвид и културата на ова говорно подрачје.

Користењето на вистинските клучни зборови има многу предности. Не само што 93% од интернет корисниците пребаруваат на својот мајчин јазик, туку постои и многу голема разлика помеѓу пребарувањето со клучни зборови на англиски и на другите јазици. Имено, доколку Англичаните или Американците користат една фраза за пребарување, Германците на пример имаат многу синоними за оваа фраза кои напоредно ги користат. Додека една популарна англиска фраза може да има милиони пребарувања, истата таа фраза на германски или шпански ќе има малку пребарувања и ќе биде помалку конкурентна. Тоа значи дека доколку внимателно се избрани клучните зборови и фрази за одредено говорно подрачје, вашата страница ќе биде поконкурентна на локалните интернет пребарувачи и ќе има поголема можност да допре до вашиот таргет.

Локализацијата и преводот на вашата страница е макотрпен процес. Најдобро е да имате тим од професиони преведувачи кои исклучително ќе внимаваат содржината на страницата да е точна, соодветна и лесно разбирлива за таргетираното локално подрачје и притоа да ги следи основните SEO стандарди. Овој тим ќе ви биде од помош и за секоја наредна промена на вашата страница и адаптација на истата за таргетираниот пазар, а притоа може и многу да ви помогне во пронаоѓање на релевантни директориуми, интернет страници и сл. на таргетираниот пазар за off-page SEO и во адаптација на вашите маркетинг кампањи за овој пазар.

Да сумираме: Доколку оперирате интернационално, неизбежно е да внимавате на MSEO, кое ќе ви донесе многу повеќе посети, резултати и успех на таргетираните подрачја и кое треба да се сфати како долгорочна стратегија за нови можности за вашиот бизнис.

Оригинален пост:  Fresh Business Thinking
Слика: http://trafficboosterprov2.com/images/multi-language-seo.jpg
Сподели:
  • Facebook
  • Twitter
  • del.icio.us
  • Пријави на ping.mk
  • Share on Ukusno!
  • Share on linke.rs
  • Share on CroPortal
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Share on Кајмак.от
  • Print

Може да ти се види интересно:

  1. Што е Social Media Optimization (SMO)


3 Коментари »

  • Daniel :

    Во ова “93% од интернет корисниците пребаруваат на својот мајчин јазик” не спаѓа и Македонија.

  • Наталија (автор) :

    Нормално дека не спаѓа. Бројката е за вкупната интернет популација.

    Кај нас би било 3% од корисниците пребаруваат на македонски :). Шпекулирам, немам точни бројки за Македонија. Кога ќе имам ќе ги споделам.

  • darko buldioski :

    Имаме нешто во план, некое истражување, токму на оваа тема. Се надевам дека за неколку недели ќе имаме некои податок повеќе.

Коментирај!

Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.