Have a Mint
Сподели
Прв чекор при само поставување на еден веб сајт кој има некакова конструктивна цел секако е вметнување на код кој ќе jа следи посетеноста. Мислам дека и нема потреба да се елаборира посебно зошто е тоа потребно нели?
Сепак, изборот е голем, а начинот на кој различните сервиси ги следат активностите и ги прават извештаите се разликува од сервис до сервис. Кога човек ќе заглави малку повеќе во овие статистики ќе посака да има повеќе и уште повеќе. Google Analytics најчесто не е доволен, особено ако имате желба да ги следите активностите во живо и да реагирате соодветно. Интернетов е динамична работа па потребни ни се и соодветни алатки.
Колкумина од вас ќе помислат на сервис за аналитика кога некој ќе ви понуди пеперминт бонбонче? Епа токму на таа веб адреса е сместен сервисот Mint. Овој сервис претставува хостиран сервис за следење на активностите на вашата веб страна и по таа основа се разликува од оние како GA кои е базираат на cookies (колачиња). За предностите и недостатоците на едниот или другиот принцип на следење ќе посветиме повеќе внимание во некој следен пост.
За да можете да го инсталирате овој сервис потребно е вашиот сервер да задоволува некои основни критериуми кои во основа ги има секој понов Linux базиран хостинг план. Секако треба малку време и основни познавања за да го инсталирате но потоа следуваат задоволствата.
Mint ги следи и прикажува сите релевантни податоци како број на посети, адреса од каде е дојдена посетата, пребарувачи, прелистувачи и сл. Она што го прави различен и привлечен е неговиот интерфејс. На само една страна тој ги прикажува сите податоци кои ги собира и пренесува во реално време. Овозможува преглед по месец, недела, ден па дури и час. На самиот сајт Mint имаат поставено демо сметка на која можете да го расчепкате овој сервис пред да одлучите дали сакате да го инсталирате на вашиот сервер.
Се на се, овој сервис не нуди многу големи работи но сепак, прегледниот интерфејс и можноста во живо да се има ефективен пристап до статиситката на посетителите на вашиот сајт е примамлива работа. Јас барем знам дека мене ми во најмала рака забавно, но доста често и неопходно брзо и ефективно следење на активностите на некои веб страниците и кампањите кои ги работам. Како сте вие задоволни од своите алатки за следење на статистика? Што ви фали а што ви е тотално неважно?









Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.