Home » marketing

Back to the basics

Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 9 Sep 2009 | 4 Коментари
Сподели

Многу често кога ќе кажам што работам, интернет маркетинг специјалист, луѓето ме гледаат чудно зошто повеќето се уште не знаат што точно е интернет маркетинг и што точно тој овозможува. Најчесто тоа се луѓе кои што се нови во тој свет и кои ете сега сакаат да го промовираат својот бизнис на интернет. И кога ќе се потрудам да објаснам што точно јас работам со примери, пак не им е доволно јасно зошто до вчера нели биле запознаени само со brick-and-mortar светот.

Епа ајде да почнеме тогаш од почеток, за да им помогнеме на оние кои што сеуште се сомневаат што интернетот светот има да понуди.

Ајде прво да се потсетиме кои се основните елементи на маркетингот:

  1. Производ
  2. Цена
  3. Дистрибуција
  4. Промоција

Знам дека сите се свесни за ова, ама сакав да ги набројам од проста причина што денес најмногу внимание се обрнува на промоцијата, заборавајќи ја важноста и значењето на останатите. Најголемите проблеми во маркетинг стратегијата на една компанија многу ретко се поврзани само со начинот на промоција и се во директна зависност и од останатите три елементи. Многу е важно што твојот производ претставува, како ја одредуваш и комуницираш цената на истиот, и на кој начин ќе го позиционираш, исто колку што е важно како ќе го промовираш.

Знаејќи го ова, може да се издвојат неколку факти за резултати од добро поставена интернет маркетинг стратегија:

  1. Зајакнување на брендот и репутацијата на компанијата
  2. Генерирање потенцијални клиенти и продажба
  3. Остварување на длабоки врски со постоечките купувачи
  4. Намалување на оперативните трошоци.

Очигледно, сите факти се директно или индиректно поврзани со сите елементи на маркетингот, а не само и единствено со промоцијата.

Имајќи добра промоција без квалитетен производ, добро определена цена и правилно позиционирање, нема да ви донесе задоволувачки резултати.

http://emarketing.komunikacii.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/stumbleupon_48.png http://emarketing.komunikacii.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/delicious_48.png http://emarketing.komunikacii.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/google_48.png http://emarketing.komunikacii.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/facebook_48.png http://emarketing.komunikacii.net/wp-content/plugins/sociofluid/images/twitter_48.png


4 Коментари »

  • Бранка :

    Драга Наталија, честитки за блогот, ви пожелувам многу успеси, и на тебе и на Дарко!

    Но, ќе забележам дека со постов ни оддалеку не одговори на прашањето што всушност работиш, иако тоа го најави во воведот. Дали ова значи дека ќе следи Back to the basics 2, 3, 4…. ?

  • Natalija (автор) :

    Бранка, фала најмногу за честитките и воедно за првиот коментар на нашиот блог. Забелешката е на место. Верувај дека ќе следи уште многу и дека можеби и ќе досадувам зборувајќи што работам :). Ветувам дека во еден пост ќе напишам накратко за моето искуство. Можеби и ни фали страница “За авторите” па ќе ја додадеме дополнително.

  • Бранка :

    Да, добра идеја :) Сепак, поентата ми беше друго – дека ако најавиш во еден пост дека ќе пишуваш за нешто, пишувај за тоа.

    Во секој случај, со задоволство ќе ве следам понатаму. Честитки уште еднаш :)

  • Natalija (автор) :

    Се надевам дека ќе не следиш и дека и понатаму ќе ни даваш коментари и сугестии, со цел да станеме подобри.

    Фала уште еднаш и поздрав.

Коментирај!

Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.