Линкот е новото колаче (cookie)
Links are the currency of the web and traffic is money so these are important trends for our portfolio companies and for everyone who does business on the web.” – Fred Wilson
Една од клучните предности на интернет маркетингот секако е можноста за следење на интеракцијата во живо. Постојат голем број алатки кои нудат разни податоци за активностите кои ги преземаат вашите посетители со вашата содржина. Со експлозијата на социјалните мрежи и доминантната улога која тие сега ја имаат во поглед на канали за промоција и дистрибуција на содржина, следењето на интеракциите беше ставено пред нов предзвик.
Колачињата кои досега беа главни веќе не можат да ги прикажат сите детали кои им се потребни на маркетинг специјалистите. И како што веќе напоменав и во самиот наслов но и во првиот цитат, (неговото височество) линкот добива се поголема улога и побогати функции. Во продолжение само 3 алатки кои може да се најдат секому во следната кампања.
URL Builder
Google нуди алатка со која можете да го збогатите вашиот линк со дополнителни информации за медиумот преку кој планирате да го споделите, кампањата, клучните зборови и сл. Целта е подоцна при анализaта на посетеност во Google Analytics да можете да разграничите точно од која кампања слетале посетителите на вашиот сајт и секако што тие правеле таму.
ClickMeter
Станува збор за релативно нова алатка која токму врз основа на потребата од следење на линкови во кампањи нуди широка палета на податоци кои во живо ги прикажува за вашиот линк. Еве само дел од опциите кои ги нуди: Unlimited tracking-links, No expiration for tracking-links, Click-fraud detection, Click distribution on world map, Cumulative tracking-links analysis with a single account, Short URL redirection trough our featured short domain 9nl.com, Link tagging(customizable URL for search engine optimization), Social media measurement
Bit.ly
Овој сервис се наметна како најквалитетен благодарение на раното препознавање на важноста на линк економијата на најпопуларниот микроблогинг сервис Twitter. Отвореното API и големата листа на алатки овозможува употреба на овој севис во рамките на вашиот прелистувач, апликација или директно на самиот сајт. Не нуди богатство на информации како ClickMeter но сепак и тоа што го нуди не е за потценување.
Насловот на постов е директно позајмен од насловот на презентацијата на Jonathan Strauss од Awe.sm сервис кој професионално нуди услуги токму на тема скратување и следење на линкови. Презентацијата еве ја подолу. Задолжително искликај ја и не заборавај следниот пат кога ќе правиш кампања да ставиш линк кој со кој ќе може попрецизно да го утврдиш успехот на истата.


Бидејќи немам многу познавање од оваа област, ме интересира, која е разликата во следење на кликови преку гугл аналитика и еден од овие сајтови? Се регистрирав и на двата, разбирам како функционираат, мерат кликови, мегутоа не ја разбирам разликата.
Васја, аналитикс следи се што се случува на твојот сајт и кога некој клика на линк кој води до твојот сајт го дава во реферал листата. Но со гоелмиот број на апликации за користење на социјалните медиуми не може доволно прецизно да се следи ефективноста на едне линк.
Дополнително не можеш да разликуваш секој клик од која кампања е, дали е од е-билтен или линк на твитер или и сл.
Коментирај!
Blogroll
Архива