Целна страница (landing page) – школски пример на BlackBerry
Случајно пред некој ден сакав да пребарам дали точно сум го испишал во еден твит името на брендот за паметни мобилни телефони BlackBerry. Си отворив Firefox и во полето за внесување на адреса (кое служи и како поле за пребарување, појаснување за оние кои не испробале :) си го внесов зборот. Испадне дека точно сум го напишал, но ова пребарување ме доведе до нова интересна информација која ме инспирираше да го напишам овој пост.
Бидејќи Google ми е наместен како основен пребарувач, при користењето на оваа функција самиот прелистувач преку пребарувачот те носи на некоја страница доколку за пребарувањето постои многу точен резултат. Тоа му доаѓа како да стиснеш I’m feeling lucky на Google.
Слетав јас на BlackBerry но не на нивната насловна страна за корпоративниот или глобалниот сајт туку слетав на страница специјално подготвена за мене. Односно не баш за мене туку за сите посетители кои и пристапуваат од Македонија. Значи дека за секоја земја оваа целна страница е соодветно прилагодена.
Добро, ова и не е толку посебно, слетуваш на страница на која има текст на твојот јазик. Но, она што е особено корисно е што оваа страница е комплетно употреблива од сам старт. Значи нема стандардна навигација, заморни долги текстови и сл. Оваа страница е креирана по сите препораки како се креира класична целна страница.
Таа веднаш нуди избор на мобилен телефони достапни во Македонија и преку кои оператори истите се достапни. Секако може наместо по телефон да се изврши преглед и по оператор па потоа да се види понудата на телефони. Одлично. Корисно. Токму она што мотивира да се разгледа убаво понудата.
Се разбира со клик на некоја од опциите автоматски ќе бидете пренесени на соодветната страница каде се наоѓа комплетната понуда на операторот за соодветниот модел. Добрo, ова баш и не се подразбира за T-Mobile затоа што тие не успеаа да го продолжат ова мое позитивно корисничко искуство и носат само на некоја од почетните страници на нивниот сајт. За разлика од нив ONE и VIP си го имаат ова врзано токму како што треба.

За некои земји се промовира и глобалнaта Facebook страница
Малку без везе ама ми дојде потреба да пишам заклучок :)
Значи…. убаво разгледај ја страницата на BlackBerry и размисли дали и каде може ова еднакво ефективно да се преслика во твојата следна кампања, затоа што оптимизацијата, дизјанот и употребливоста на целната страница е клучна за добра конверзија.



Superb website Links To Your Site…
[...]Thanks for your great post, I hаvе linked here we arе at your blog here.[...]…
Коментирај!