Контекстуално огласување – направете го исправно
Во минатите постови зборувавме за новиот начин на огласување којшто конечно пристигна во Македонија – контекстуалното огласување. Новиот производ на HTTPool им овозможи на македонските фирми и бизнисмени нов начин на привлекување посетители и клиенти на нивните страници и тоа веќе почна да се користи на големо на страниците во мрежата на HTTPool.
Наидов на неколку реклами на некои од локалните страници и портали и доколку не сте виделе, еве како тие изгледаат:

Е сега тука има нешто што мене не ми се допаѓа. Поправете ме ако грешам, но во моите очи ова не истото со она на што ние/јас сме навикнале со контекстуалните огласи. Потполно разбирам дека ова е ново и дека HTTPool ги дале сите свои напори за да функционира, но идејата не е само да се направи туку да се направи како што треба.
Ајде да направиме една споредба со Google Ads на коишто сите сме навикнале и на рекламите на Facebook, коишто се добро познати и многу користени на нашиот домашен пазар. Еве како тие изгледаат:
Уште на прв поглед се видливи разликите нели? Она што мене не ми се допаѓа во HTTPool рекламите се следниве неколку работи:
- Дизајнот почнувајќи од изборот на фонт, големина и бои – секој според својот вкус, но сепак мислам дека може далеку подобро од ова;
- Просторот помеѓу две реклами е преголем, што воопшто не дава чувство на складност и пријатна слика
- Карактерите на насловот не се добро пресметани, што предизвикува тој да се прекрши во два реда. Ќе забележите дека и насловите на Facebook рекламите се прекршуваат во два реда, но сето тоа е изведено чисто, складно и на далеку подобар начин. Тоа не е случај со Google рекламите, што според мене најдобро изгледаат
- Повторувањето на рекламите од истиот огласувач воопшто не е добар избор. Секој огласувач мора да има рамноправно право и да биде подеднакво застапен, затоа што ценовниот модел е по кликови, а не по импресии.
Разбираме дека системот е нов и дека уште ќе се софистицира и подобрува, меѓутоа сегашната состојба ја намалува вредноста на резултатите. Можеби сеуште има малку огласувачи, што би било причина за ваквата состојба, но подобро е да се направи како што треба, како би привлекле повеќе огласувачи.
Е сега и покрај горенаведените негативности, морам да кажам дека HTTPool го направија првиот чекор што е од исклучителна важност за огласувањето во Македонија. За кратко ќе почнеме да објавуваме реклами и на нашиот блог, при што примарна цел ќе ни биде да пратиме како се развива сервисот и да пренесуваме информации од прва рака. Се надеваме дека HTTPool се свесни дека мора и понатаму да работат и дека нивниот систем ќе биде во чекор со светските системи за контекстуално огласување.
Во некои од следните постови ќе се обидам да дадам и неколку совети за огласувачите, како би можеле да го максимизираат резултатот од контекстуалното огласување.


[...] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski and Natalija, topsy top5k. topsy top5k said: Контекстуално огласување – направете го исправно – http://bit.ly/XjeUG [...]
Neznam sto se macat so httpool, neka koristat google ads. Moze sekoj da se reklamira. Jas licno uopste ne bi go koristel ovoj httpool
Имаме домашни ресурси, а богами имаме и знаење, само треба посериозно да се потрудиме правилно да ги употребиме. Доколку нашиот домашен систем успее да им биде достоен на светските, немам воопшто против да се користи.
Здраво Нате,
Го прочитав текстот и сакам да кажам дека е супер што давате коментари за да можеме да се подобриме во услугите што ги нудиме.Ќе ги земеме сите коменатри во предвид и ќе пробаме визуелно да ги подобриме огласите. Сакав само да дадам појаснување за последниот коментар за повторување на огласите. Платформата е отворена, огласувачите сами си внесуваат текст кој што сакаат да им се појави. Во овој случај клиентот креирал различни огласни групи со различни клучни зборови и затоа огласите се појавиле на исто место односно на иста веб страна бидејќи страната ги содржела клучните зборови од огласите.Сепак ова си е избор на клиентот.Инаку за резултатите од кампaњите можам да кажам декa имаат доста висока стапка на клик и дека од дневно предвидениот буџет се троши скорo 90% до 13h.
Очекуваме уште коментари. :)
Драго ми е што ти се допаѓаат коментарите и што ги прифаќате безрезервно. Сите ние треба заедно да работиме за да го понудиме најдоброто од Македонија :). Не се сомневам дека системот ќе биде успешен, односно веќе е успешен, според податоците за CTR.
Она што мене не ми се допадна во врска со повторувањето на огласувачите е токму нерамономерната застапеност на сите огласувачи. Како што веќе реков можеби причината за тоа е што сеуште има малку огласувачи. Но, системот мора да прати дали огласите доаѓаат од ист профил и дали линкот на различните огласи води на иста страна, па на тој начин да ги филтрира повторувачките огласувачи.
Поздрав и од мене и ветувам дека ќе добивате уште коментари за да се подобри квалитетот на се она што имаме да го понудиме.
Во секој случај македонските компании (во овој случај Httpool) треба апсолутно да ги следат примерите од светските гиганти за контектстуално огласување (Google, Yahoo…). Не верувам дека кај нив ќе се случи 2 реклами од еден огласувач да се појават на исто место.
На крај на краевите јас како огласувач никогаш не би сакала повеќе од една реклама во исто време да биде прикажана на потенцијалниот купувач затоа што тие реклами се најчесто наменети за различен таргет маркет.
А доколку огласувачите на Httpool креиралe различни огласни групи со различни клучни зборови (како што кажува Сања) тогаш самото контекстуално огласување е нерелевантно затоа што сите реклами (со различни клучни зборови) се појавуваат на иста содржина на сајтот.
Ништо злонамерно, само укажувам на фактите. :-)
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари