Контекстуално огласување и во Македонија
Конечно одиме чекор напред (е сега колку касниме не коментирам, ама што е тука е, битно е за добро).
Httpool денес промовираше нов производ – нов начин на огласување на македонските страни. Како што SeeBiz.net.mk пишува, контекстуалниот систем на огласување ја aнализирa содржината на страниците кои се дел од контекстуалната мрежа на Httpool и на посетителите им ги прикажува оние огласи кои тематски одговараат на содржината која ја има страницата.
Разговаравме со претставник од Httpool за новостите коишто тие ги подготвија и ги промовираа денес и утре очекувајте нов пост со детални информации за тоа како точно работи нивниот систем и какви се нивните очекувања.
Ајде ние да позборуваме накратко за тоа што контекстуалниот начин на огласување претставува. Системот на контекстуалното огласување всушност таргетира одреден посетител на страницата и врз основа на содржината што тој ја гледа во моментот излистува огласи поврзани со клучните зборови во содржината. Овој начин им овозможува на огласувачите да бидат присутни на страници кои што нудат содржина најрелевантна за нивниот бизнис. На тој начин тие си обезбедуваат многу поголеми шанси за успех. Огласите можат да се појават како реклами на самата страница или како реклама во скок-прозорец (pop-up).

http://www.dubaiinternetmarketing.com
Контекстуални огласии се прикажуваат и од интернет пребарувачите, во резултатите од пребарувањето, врз основа на одреден клучен збор којшто посетителот го впишува во полето за пребарување.

Оваа тема е многу опширна и ќе зборуваме уште многу за ова во наредните постови.
Во очекување на утрешниот пост со подетални информации директно од Httpool, би сакала да ве повикам на отворена дискусија сите вас коишто знаат нешто повеќе за новиот начин на огласување во Македонија и воопшто на темата.



Коментирај!