Интернет маркетингот не е мистерија –
Дојдете на обука
Во ноември ви ветивме серија од обуки поврзани со Интернет маркетингот. И токму поради сите проблеми наведени и елаборирани тогаш, решивме да си го исполниме ветувањето. Минатата обука, која ги опфати основните алатки и техники за Интернет огласувањето, нè поттикна уште повеќе да се ангажираме и да го задоволиме интересот и апетитот на учесниците. Нивната инволвираност во усовршувањето на нивните знаења од оваа тема, ни даде стимул да размислуваме на уште пошироко ниво и да сакаме да ги споделиме нашите пошироки знаења.
Затоа овој пат решивме дека дојде правото време да зборуваме за една поширока тема од која Интернет огласувањето опфаќа само еден дел и закажавме обука на тема Интернет маркетинг. Во секој еден пост на блогов се зборува за важноста на Интернет маркетингот за вашиот бизнис денес и за можностите и предностите кои тој ви ги пружа. Веќе е повеќе од јасно дека ако сакате да имате успешен бизнис денес, мора да имате успешно присуство на Интернет. За да го постигнете ова успешно присуство постојат некои основни чекори и предзнаење кои токму оваа обука ви ги нуди.
На обуката, како посетител ќе добиете одговор на следниве прашања:
- како најлесно да ја адаптирате вашата маркетинг стратегија во чекор со техниките и алатките за Интернет маркетинг
- како Интернетот влијае на растот на вашиот бизнис и ја прави вашата маркетинг стратегија поконкурентна
- како да остварите успешна комуникација
- како да ја пронајдете вашата целна група на Интернет
- кои се најчестите грешки и проблеми и како да се справите со нив
- и уште многу други методи на постигнување успешно присуство на Интернет за вашиот бизнис.
Целната група за која е наменета оваа еднодневна обука опфаќа: сопственици и менаџери на мали и средни компании, директори на продажба и маркетинг, маркетинг специјалисти, специјалисти за односи со јавност, специјалисти за електронска трговија и сите ентузијасти кои имаат потреба да научат како Интернет маркетингот треба да се вклучи во постоечката маркетинг стратегија.
Краен рок за пријавување и уплата е 29.03.2010.
Бројот на учесници е ограничен на 15 заради задржување на квалитетот на содржината и можноста да се посветиме соодветно на сите учесници, а тука може да се симне деталната агенда на обуката (pdf).
Доколку сметате дека оваа обука ќе биде од корист за вас и вашиот бизнис, или имате некој за кого сметате дека оваа обука е наменета, нам ќе ни биде задоволство да ве видиме на 30.03.2010 во Httpool тренинг центарот.
Ние тука не застануваме. Следете не редовно да дознаете кога во следниот период ќе има обука и на други теми кои со сигурност ќе ви бидат од дополнителна корист.




Коментирај!