HTTPool – Контекстуален систем на огласување
Во минатиот пост ви ветив дека ќе следат повеќе информации за новиот систем на огласување во Македонија, којшто Httpool го промовираше во понеделникот. Ги контактиравме, им поставивме неколку прашања и во овој пост ви ги пренесуваме нивните одговори и очекувања во врска со нивниот нов производ.
Тие не информираа дека Httpool Contextual во регионот функционира повеќе од 2 години, меѓутоа еве сега е соодветно да се пласира на македонскиот пазар.
![]()
Еве што уште јас извлеков како најбитно од она што тие истакнаа во врска со производот:
- Како фунционира ситемот?
- Од каде идејата за водведување на контекстуално огласување на македонските страници и зошто баш сега?
- Какви се вашите очекувања од воведување на ваквиот систем?
- Што точно очекувате дека би се сменило во огласувањето на македонските страни?
- Дали верувате дека овој начин ќе го надмине бројот на огласите со банери
Системот функционира врз основа на клучни зборови. Целта на овој систем на огласување е да се направи таргетирано огласување односно огласот да му се појави на посетителот на одредена веб страна во моментот додека се интересира за одредена област.
Интернет страните имплементираат код кој претходно го генерираат во платформата. При генерирање на кодот им се овозможува да изберат димензии на огласот, боја на рамка, боја на позадина, боја на наслов, боја на текст.
Огласувачите кога ја креираат својата кампања имаат можност истата да ја поделат во огласни групи. Огласна група е онаа група која може да содржи повеќе огласи кои се повикуваат на исти клучни зборови. Огласувачите eдноставно внесуваат буџет за кампањата, дневен лимит и клучни зборови.
Огласот може да содржи слика (shop ad) и тогаш има одредени спецификации: да содржи 25 карактери во насловот и 50 во главниот дел.

Оглас без слика треба да има 25 карактери во насловот, 70 во главниот дел и има видлив линк.

Системот ги рангира огласите врз основа на тоа колку клучни зборови се поклопуваат со содржината која во моментот ја чита посетителот. Првиот оглас што ќе се појави значи има најголем број од зборовите кои ги има статијата која во моментот ја чита посетителот, вториот оглас има помалку клучни зборови кои ги содржи статијата итн.
Системот има транспарентен прглед на статистиката, при што дава колку од кликовите се валидни, а колку не. Дури се прави и анализа за тоа каде интернет медиумите ги имаат поставено кодовите и дали прават прекршување на правилата за да бидат дел од овој систем. Со ова се мисли дали користат машини, роботи за да генерираат повеќе кликови.
Идејата за воведување на контекстуално огласување на македонските страници постои уште многу одамна, но беше потребно некој да ја развие и напорно се работеше на тоа. Сега се одлучивме за воведување на овој начин на огласување бидејќи на пазарот му беше потребно нешто ново; многу мали и средни претпријатија па дури и поединци кои сакаат да прикажат што работат, а луѓето да дознаат за нив немаат доволно финансиски средства за да откупат простор на најпосетуваните страни; можност оние кои досега не го користеле интернетот како дел од својот маркетинг микс да го видат и почувствуваат неговиот ефект и резулат.
Од страна на медиумите пак да го продадат , односно да остварат профит од оние позиции кои им се непродадени или пак профит од неискористениот простор на страните, а воедно да бидат и во чекор со новитетите.
Очекувањата се позитивни, бидејќи до сега после многуте состаноци наидовме на позитивни критики како од страна на медиумите , така и од страна на огласувачите. Со овој начин на огласување сакаме да го прекинеме табуто дека само големите компании можат да се огласуваат на интернет, како и интернет медиумите кои се во зачеток односно во почетна фаза на можат да остварат приходи. Предноста е и тоа што со овој начин на огласување нема продукциски трошоци како изработка на банери, потребна е само добра идеја за текст која може да се менува во било кое време и само една добра слика. Очекуваме овој производ да биде добро прифатен, затоа што овозможува огласување со лимитиран буџет, а воедно е и доста корисен начин на огласување. Едноставно кажано си купувате посети на вашата страна.
Ова е само уште еден нов начин на огласување кој се применува надвор од Македонија, и сега Httpool го овозможи и во Македонија. Очекуваме да ги потикнеме сите мали страни и страни кои се со поспецијализирана содржина да се развиваат уште повеќе и да имаат начин на кој би си го финансирале своето развивање. Сега да не се очекува некоја преголема заработка, бидејќи и заработката зависи од посетеноста на страната, квалитетот на содржините на страната, итн.
Мора да се направи разграничување на различните начини на огласување. Огласувањето со банери, без разлика какви дали стандардни или rich media формати си има свои предности, додека ова огласување си има свои предности.Огласувањето со банери е наменето за широката популација односно креирање на brand awareness. Додека овој начин на огласување е сосема различен и служи за таргетирано огласување.
На SeeBiz.net.mk можете да прочитате за предностите кои ги дава оваа платформа на огласувачите и интернет медиумите.
На крајот ни се заблагодарија што им овозможивме да го презентираат новиот производ и најавија дека Httpool продолжува да развива нови начини на огласување на интернет. Наскоро ќе не информираат за новините. За сите вас коишто би сакале да дознаате нешто повеќе, можете слободно да ги контактирате на info@httpool.com.mk.



Коментирај!