How low, can you go?
Сподели
Се спремав да го напишам постов, по самото завршување на обуката за основи на интернет огласување. Но пуст, крај на година секогаш има многу работа, па не се стига се. А очигледно мора и да се најде некоја понова мотивација…а среќа во МК интернет сферава мотивации има на претек.
На обуката се обидував да елаборирам CPM (cost per mile) односно CPI (cost per impression) моделите на интернет огласување се подобри за двете (главни) инволвирани страни, огласувачите и сопствениците на содржина. Од серијата прични, овде ќе наведам само неколку:
За огласувачите: CPM моделот неопходно подразбира дека оној кој плаќа за огласот ќе се обиде да извлече максимум од него. Односно ќе се потруди да ја погоди (тергетира) вистинска публика, ќе се обиде да не и здосади на публиката, односно ќе внимава да не предизвика контра ефект од огласот и секако на крај ќе мери ефективност и конверзии.
За сопствениците на содржина: Како зголемува профит сајт кој продава на кило (читај време)? Става повеќе банери, така? И до кога така? Како ќе го наплати зголемениот број на посети? Склучил договор со фирма Х за една година и завршил работа… за исти пари на фирмата сега и нуди 10 пати повеќе импресии од пред 9 месеци. CPM решава проблем нели? Повеќе посети, повеќе пари. Помалку банер позиции, поголем ефект од истите. Клучниот момент: ротација на банери. И секако, на овој начин, кога огласувачите ќе ги засега ефективноста ќе може да продадете поскапа имресија доколку вашата публика вреди повеќе.

Сево ова и многу повеќе, на обуката, го поткрепувавме со примери, а со уште поубави примери од локалниов Интернет пазар го потврди и Савица од Httpool. Нема да должам сега со конкретните бројки (во некоја следна прилика, не се тајна), но верувајте и покрај сите пазарџиски муабети и за двата случаја бројките одеа во полза на овие моделите.
И за крај, нели мотивацијата…. Он.нет, Кајгана & Co. Како изгледа денешниот ден на просечен интернет корисник во МК:
Влегувате на сајт, оп, за добредојде имате реклама на цел екран. Добро ајде, одите понатаму. Оп, некоја што се отвара ви се отвора и таму кај што треба и таму кај што не треба, одите поантаму… и сфаќате дека ве следи едно лого до поинтерот на глушецот и геледате на календарот во ќошот. ДА БЕ 2009 е, а еве ја чекаме и 2010. Среќа што не сум редовен читател на забавниве МК сајтови, зошто на начинот на кој ме третираат тешко дека ќе ме задржа долго…
Да ја потхранам приказнава со серија негативни твитови на темава (само од денес):





http://0.mk/55f3
http://twitpic.com/unqul
http://twitpic.com/unuey






[...] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, darko buldioski. darko buldioski said: Бог Пост: How low can you go? http://emarketing.komunikacii.net/how-low-can-you-go/ [...]
Поздрав до луѓето кои држат (и наплаќаат) обуки за интернет огласување, се самопромовираат како експерти и консултанти за е-маркетинг, а никад во живот немале реални искуства во оваа област. Покомотно се чувствуваат кога блогираат и прераскажуваат теории, и држат предавања како “експерти” :)
Пошто знаете како треба, нели, баталете блогирање, фатете се за работа и покажете им на сите како треба. Со вашето знаење би требало да имате загарантиран успех, покажете им на Он Нет, Кајгана и останати како тоа го прават мајсторите :)
До тогаш, твитајте. Твит твит, твит твит :)
Па пријави се Андреј да те видиме кој си ти и што правиш, барем ние не се криеме, а дека работиме, работиме.
Јас чепкам нешто од фотошоп и во фотошоп сум правел рендери за автомобили, па почнав да држам обуки за конструкција на автомобилски мотори. Наредно ми е да станам консултант за автомобилска механика. Ми фали само некоја НВО и грант за проект :)
На вистинско место си, ние имамем грантови на претек :) Бурум, ќе ти помогнеме.
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.
На Twitter
14 hours ago from MetroTwit
14 hours ago from TweetDeck
14 hours ago from TweetDeck
1 day ago from Chromed Bird
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари