Конвертирајте повеќе посетители – Сега!
Сподели
Колку пати сте се двоумеле како да ја распоредите содржината и елементите на вашата страница? Колку пати сте се плашеле дали е тоа вистинскиот дизајн кој ќе ви ги донесе посакуваните резултати? Колку пати не сте можеле да се одлучите помеѓу два или повеќе дизајни или распоред на елементите на вашата страница?
А зошто воопшто да се двоумите? Доколку се наоѓате во ваква ситуација и не сте сте сигурни кој е вашиот победнички дизајн, распоред или содржина на страницата време е да ги засукате ракавите и да почнете со тестирање. Оптимизацијата на вашата страница и тестирањето на различни варијанти на страницата се 2 најважни елементи кои можат да направат огромна разлика во сумата на вашиот профит, конвертирајќи што повеќе посетители во ваши клиенти. Но како да бидете сигурни дека дизајнот и содржината на вашата страница ќе бидат доволно привлечни за вашите посетители да станат ваши клиенти?
Google Website Optimizer е многу едноставна алатка која што ќе ви помогне да ги решите вашите дилеми. Скоро и да ќе ја донесе одлуката за најдобрата страница место вас. Спремете различни дизајни или пак различна содржина (2-3 е оптималниот број на варијанти) и спремни сте да почнете со екпериментот. Во зависност од тоа дали сакате да тестирате различен дизајн или пак различна содржина, треба да го изберете и соодветниот екперимент (A/B experiment или Multivariate Experiment).
Се што треба да направите е да имплементирате краток код на различните варијанти; да ја определите целта на ваквиот екперимент (страница до која посетителот треба да стигне за да ја оствари вашата цел) и да имплеметирате код и на оваа страница. Потоа оваа алатка напоредно ќе ги прикажува различните страници и ќе го мери нивниот преформанс. По одредено време (оптимално, 200 остварени цели – во зависност од она што вие сте одлучиле дека ви е цел на страницата) алтката ви кажува која од различните варијанти е вашата победничка, т.е подобро си ја остварува целта.
Она што скоро секогаш го заклучувам од ваквите екперименти е дека можно е најдобриот и најпрекрасниот дизајн на светот да не ја исполнува вашата цел , туку сосема обична страница со добро испланиран распоред на елементите и добро обмислена и прикажана содржина може да направи бум за вашиот профит. Како маркетинг човек, секогаш земајте ги за приоритетни распоредот на елементите и содржината и не најстојувајте на силно впечатлив дизајн кој ќе биде најубав на светот, а сепак нема да ја содржи посакуваната комбинација на содржината и нејзиниот распоред.
Е сега фатете се за работа и тестирајте колку одредена промена на вашата страница влијае или не влијае на остварувањето на вашата цел и споделете ги вашите искуства.
Може да ти се види интересно:








[...] This post was mentioned on Twitter by Natalija, IT.com.mk. IT.com.mk said: Конвертирајте повеќе посетители – Сега! (via еМаркетинг блог) http://tinyurl.com/yd2kupj [...]
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.