Facebook Page vs. Facebook Group (Втор Дел)
Сподели
Решивте да креирате Facebook Page или Facebook Group? Еве неколку совети како да го максимизирате резултатот од промоцијата. Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат во исполнување на вашите цели и поставената стратегија (нели зборувавме дека мора прво да ја дефинирате стратегијата и да решите што очекувате од ваквата промоција).

Facebook Pages
- Додадете апликации како видео и слики. Понудете им на вашите фанови што поинтерактивни елементи. Ваквите елементи го предизвикуваат нивното внимание и нивното искуство со вашата страница на Facebook;
- Секој таб на страницата има свое URL. Тоа ви дозволува да си одберете кој таб би сакале да биде првата страница која што посетителите ќе ја видат кога ќе дојдат. Исто така тоа ви дава можност да одлучите која страница ќе ја користите за off-page промоција;
- Редовно ажурирајте го статусот со интересни и забавни факти. Ажурираните информации ќе се појават во News Feed на вашите фанови, и доколку се доволно интересни и поттикнувачки, ќе ги предизвикаат да ја посетат вашата страница повторно;
- Додате ја апликацијата Pools. Таа неизбежно ќе предизвика интеракција од вашите фанови. Pритоа мора да се потрудите да бидете интересни во креирањето на анкетите;
- Искористете ја апликацијата Notes за да vnesete RSS од вашиот блог. На тој начин ќе си обезбедите уште еден извор на посети на вашиот блог;
Facebook Groups
- Прво бидете сигурни дека секој кој што сака да се зачлени, ќе може да го стори тоа. Па направете ја вашата група глобална. Уште при сетирањето изберете вашата група да е глобална и достапна до сите корисници на Facebook, и пристапот да е отворен такашто сите членови на групата ќе можат да си покануваат свои пријатели да се придружат;
- Вклучете што повеќе информации. Не ги пополнувајте само задолжителните полиња. Колку пoвеќе информации и клучни зборови додатете за вашата група, толку посериозно ќе ве сфатат членовите и воедно ќе си ја зголемите шансата да се појавите погоре на Facebook Search. Замислете дека групата е личен профил за вас, за вашата компанија, за вашиот бренд. Колку што би обрнале внимание на вашиот личен профил, толку обрнете и на вашата група;
- Групите по default имаат URL кое е тешко за паметење. Искористе ја апликацијата http://apps.facebook.com/webaddress/ за да креирате прилагодливо URL (најмногу до 30 карактери), лесно за промоција и најважно лесно за помнење;
- Со новите промени коишто Facebook ги воведе сега групите се со скоро ист дизајн како и личниот профил и информациите од групите се појавуваат во News Feed на вашите членови. Она што вам ви преостанува е да ја интензивирате вашата група со интересни дискусии, линкови, видеа, слики. Статична група нема да предизвика ничие внимание. Ако членовите наидат на предизвикувачка дискусија неизбежно е дека ќе дојдат и ќе се вклучат активно во дискутирањето;
- Креирајте настан, физички или виртуелен. “Edit Event” секцијата ви дозволува да ја поставите вашата група како домаќин на настанот. Многу често се случува луѓето коишто ќе го најават своето присуство да не се појават. Најдобро би било пред настанот уште еднаш да ги контактирате и да се осигурате дека ќе бидат таму. Тоа ви е можност плус за интеракција со вашите членови;
- Групата ви дозволува да испратите порака во сандачето на сите ваши членови (се додека бројот не надминува 5000). Ќе звучи како клише, но пораките мора да бидат интерсни, релевантни, кратки, и најважно ретки. Број 1 причина за напуштање на групите се пречести и нерелевантни пораки. Доволно е два пати месечно да ги ажурирате вашите членови со порака;
- После некое време, промовирајте ги вашите најактивни членови во “Officers”. Тоа ќе им даде чувство дека се вредни и дека се навистина дел од вашата група и ќе им послужи како поттик да бидат што поактивни, да придонесуваат со квалитена содржина и да ја промовираат вашата група на нивни пријатели. Не грижете се, тие ќе имаат исти привилегии како и сите останати членови, но нивното име ќе се појавува на групата и сите ќе можат да го видат;
- Промовирајте ја својата група. Ставете линк до групата на вашиот профил или на релевантни места надвор од Facebook, вашата интернет страница, вашата листа на e-mail адреси, на останатите друштвени медиуми, па дури и offline и поканете ги вашите пријатели да се придружат.
Во моментов постојат повеќе од 45 милиони групи на Facebook, па ако сеуште не сте станале дел од таа заедница, време е да побрзате.
На крај мора да запомниме дека иако Facebook Groups и Facebook Pages сега изгледаат скоро исто, сепак тие служат за различна намена. Групите се креираат за да поттикнат комуникација и колаборација помеѓу индивидуалците/членовите на групата, додека Facebook Page ви е најдобар начин да ја пренесете вашата порака како организација, бренд, производ до вашите фанови.
Доколку поседувате Facebook Group и Facebook Page ве повикувам да ги споделите вашите искуства во коментарите и да не известите за нивното постоење. Ќе ни биде драго сите успешни примери да ги вклучиме во нашите следни постови. Секогаш е подобро кога се учи од локални искуства.






Zahvaljujući ovom blogu i Velikom Bratu sve lakše razumem Makedonski :) Eto zahvalnica za Komunikacii.net i za Viki i Kiki iz Velikog Brata :)
[...] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, Natalija. Natalija said: Facebook Page vs. Facebook Group (2) http://bit.ly/2NAaZC Неколку совети како да го максимизирате резултатот од промоцијата [...]
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.
На Twitter
14 hours ago from MetroTwit
14 hours ago from TweetDeck
14 hours ago from TweetDeck
1 day ago from Chromed Bird
Blogroll
Архива