Facebook Page vs. Facebook Group
Сподели
Ако веќе сте одлучиле Facebook да биде дел од промоцијата на вашиот бизнис, ОДЛИЧНО. Меѓутоа пред да почнете со било какви активности, јасно поставете си што точно очекувате од таквата промоција и имајте целосна стратегија.
Ајде прво да видиме кои се опциите за вашиот бизнис да биде присутен на Facebook. Oсвен рекламирањето, доколку сакате директна промоција на вашиот бизнис, бренд или услуга, креирањето на Fan Page, ви е потполн погодок. Од друга страна, доколку сакате да соберете повеќе луѓе со слични интереси на вашите и на вашиот бизнис на едно место, тогаш најдобро е да креирате група.
Веќе разјаснивме дека креирањето профил им припаѓа само и само на индивидуалците, токму поради причините кои што ги наведе Дарко во еден од минатите постови, тогаш ајде сега да разгледаме кои се разликите меѓу Fan Page и Група.
Facebook Pages вообичаено се користени за промоција на бизниси, непрофитни организации, познати личности итн. Во полисата на Facebook е потенцирано дека “само официјалниот застапник на бизнисот или брендот може да креира Facebook Page“. Со други зборови, Facebook Page треба да претставува официјална интернет страница за вашата организација. Еве неколку карактеристики кои се директно поврзани со Facebook Pages:
- Може да имаат повеќе од еден администратор – ова ви ја олеснува работата и ја зголемува можноста да бидете редовно активни во ажурирањето на вашиот Facebook Page;
- Постои анализа на посетеноста – Facebook Page прибира и ви дава информации за посетителите;
- Нема ограничување на бројот на фановите;
- Овозможува испраќање вести на сите ваши фанови одеднаш многу брзо и едноставно;
- Интернет пребарувачите ги индексираат.
Најчесто користен пример е Facebook страницата на “Coca-Cola”. Со точно 3 772 860 фанови во моментов (растејќи секоја секунда), мислам дека е најуспешниот пример за промоција на Facebook преку Fun Page, не заради бројот на фановите, туку заради квалитетот на содржината која што ја нудат, внимателно определена и точно таргетирана за своите фанови. овозможувајќи им да бидат активно вклучено во креирањето на содрчината, Coca-Cola успева да понуди една од најинтерактивните станици на Facebook. По бројот на фанови, во моментов пред неа има 15 други страници од кои само Facebook и Strabacks се побројни како брендови.
Facebook Groups може да креира било кој заинтресиран за промоција или собирање на група на луѓе со исти интереси. Сите членови на групата можат да постираат статуси, линкови, видеа, дискусии и слично, што кај Facebook Page може да биде ограничено од страна на администраторите. Еве неколку карактеристики кои се директно поврзани со Facebook групите:
- Активно партиципирање – како што веќе напоменав, сите членови активно учествуваат во креирањето на содржината во групата, што за нив ќе претставува поголем поттик и интерес повторно да се враќаат;
- Постојат 3 типа на групи: Отворени (било кој може да се зачлени); Затворени (може да се зачленат само поканетите од страна на администраторите); Тајни (само членовите и оние коишто се поканетите знаат дека ваквата група постои. ограничување е тоа што веќе еднаш поканет член, доколку ја одбил поканата, не може да се покани по втор пат).
Последнава недела, сите активни членови на Facebook можеа да ја забележат ново креираната група за Национална кампања за превенција на семејното насилство, “Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!“. Иако на почетокот делуваше како само уште една група на Facebook без посебна стратегија и дефинирани цели, сепак доживеа голем успех и актуелност и успеа да собере 22 952 членови (растејќи секоја минута), за помалку од една недела. Чувствителноста на темата која што ја обработува оваа кампања предизвикува многу голема одзваност на членовите и вклучување во дискусиите на оваа група, што мислам дека тотално допринесе за да ја оствари својата цел.
Најбитно од се е масовната изложеност на вашиот бренд и можноста да креирате свесност за вашето постоење. Доколку малку паметно го искористите она што Facebook го нуди бесплатно, и бидете самосвесни и претпазливи во исполнување на вашата стратегија, скоро неизбежен е зголемениот прилив на пари. За вашата промоција на Facebook да биде успешно поставена, веќе во следниот пост ќе ви напшам неколку совети и трикови, без разлика дали ќе одлучите да промовирате група или страница на Facebook.







Се мислев дали да пишам пост за групава која ја земаш за пример. Да те цитирам
„на почетокот делуваше како само уште една група на Facebook без посебна стратегија и дефинирани цели, сепак доживеа голем успех и актуелност и успеа да собере 22 952 членови (растејќи секоја минута), за помалку од една недела”
Мислам дека групава уште нема стратегија и дефинирани цели, дури и откако собра толку членови. Да собереш голем број на членови не треба да биде само по себе цел. Да, може да биде предуслов но не и цел. Групава можеше да од самиот почеток да има некој фокус, да биде модерирана т.е. насочувана кон разоткирвање и продлабочување на проблемите на зададената тема или слично.
Вака испадна само простор каде најголем дел од луѓето само се зачленуваат и пола од нив се изјаснуваат што е а што не е виситински маж и ја тераат на шега.
Да имало подготвена стратегија, верувам дека ќе имало и поконструктивен исход од позитивниот раст на нејзината актелност.
Секако ова е и општа препорака за оние кои сакаат да бидат пприсутни на FB. Ако правите нешто, однапред поставете си цел. Не правете група или страница за да ги имате и за да видите колку луѓе може да соберете таму. Тоа е само предуслов не и остварување на целта.
Одличен вовед за Facebook Page и Facebook Group. Понатаму ќе очекувам и tips&tricks:). Друго што ме интересира е некој да даде пример за успешно направена и воденa Facebook страна во Македонија. Мене не ми текнува…Иначе ѕидот на страната “Вистинскиот маж никогаш НЕ удира жена!“ на Facebook стана место за зезање и бистрење на балкански мудрости.
Видов добро водена Facebook страна. Страната на FC Vardar
Одличен пост!
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.
На Twitter
9 hours ago from HootSuite
13 hours ago from Tweet BFFs
14 hours ago from Tweet BFFs
15 hours ago from Chromed Bird
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари