Facеbook следи конверзии
Сподели
Еве уште една добра вест рано наутро. Facebook извади бета верзија за следење конверзии. Ова е причина плус да почнете да го користите рекламирањето на Facebook, доколку сеуште не сте почнале.
Вака на прв поглед, изгледа многу едноставно. Ајде да направиме еден краток преглед, иако луѓето сè добро си објасниле во нивниот прирачник за корисници:
- Во левото мени се појавува уште еден таб “Tracking”:
- Во овој таб имате можност да креирате нов таг за следење, или да генерирате извештај за веќе постоечките тагови:
- По избирањето на опцијата да генерирате нови тагови за следење, треба да пополните неколку едноставни информации како: име на тагот што ќе следите, категорија која го дефинира вашиот код и вредност на конверзијата (незадолжителна опција која означува колку вредност конверзија од Facebook носи за вашиот бизнис):
- По дефинирањето на горенаведените опции добивате еден едноставен код кој треба да го внесете на вашата целна страница пред </body> тагот. Вашата целна страница се дефинира според тоа што сакате да постигнете со имањето на Интернет страница (пр. зачленување за новости, регистрации за користење услуга, оставарување контакти и сл.). По страниците каде луѓето можат да ги внесат нивните податоци, обично имате страница за благодарност на која треба да го ставите овој код. Имено, кодот може да се внесе на било која страница на која вие сакате да следите некаква активност:
- По внесувањето на овој код, Facebook е спремен да ги следи вашите конверзии и да вади извештај според ваша желба:
Доколку веќе сте добиле покана да бидете дел од бета тестирањето, ајде сите заедно да тестираме и да видиме каква работа завршил Facebook и дали станува уште посериозен играч во полето на Интернет огласувањето.








Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.