Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
Еден куп пати ви имам напоменато дека без квалитетна содржина, скоро и џабе трошите пари на маркетинг. Содржината е онаа која ќе ве продаде. И за да не биде ова мое проповедење залудно, се појави уште едно истражување кое ќе го потврди она што го зборувам. Ако не ми верувате мене, еве верувајте им на светските експерти MarketingProfs и Content Marketing Institute кои направија истражување за тоа како во бизнисите гледаат на содржината како средство за маркетинг кон други бизниси, од аспект на алоцирање буџет и трендови.
Најбитните заклучоци кои ги издвојувам во постов покажуваат кои се плановите на компаниите за 2012 во поглед на содржината, и колку се разликуваат нашите компании од оние кои секојдневно се бават со производство на квалитетна содржина. За илустрација, 9 од 10 испитаници во ова истражување ја сметаат квалитетната содржина како едно од најбитните средства при маркетингот на својот бизнис.
Колку вие сте подготвени да потршите четвртина од вашиот маркетинг буџет за производство на квалитетна содржина?
Според моето искуство, ова поле сеуште е во фаза на созревање и раст на нашиот пазар. Свеста за придобивките и употребата на содржината како моќно маркетинг средство е разбудена кај нашите компании, но подготвеноста да се инвестира во истата сеуште спие. Според податоците во истражувањето испитаниците издвојуваат 1/4 од својот буџет за маркетинг и го инвестираат во креирање на квалитетна содржина, што не сум сигурна дека за брзо ќе се случи и кај компаниите на нашиот пазар. Ако во истражувањето се прави споредба во тоа колку пораснала употребата на одредени алатки и форми за креирање на квалитетна содржина во споредба со минатата година, кај нас може да се мери дали минатата година воопшто постоела некаква употреба и дали се појавиле компании оваа година кои ја употребуваат содржината за квалитетен маркетинг.
Но ајде доста зборуваме за тоа колку ние ја употребуваме и искористуваме содржината и да се осврнеме на тоа како развиените компании го прават тоа. Она што најмногу ме радува е што константно расте употребата на отдредени алатки и техники за креирање и дистрибуирање на квалитетна содржина во светот. За илустрација бројот на компании кои имаат свои блогови, или го користат блогот како форма за дистрибуција на содржина пораснал за 27% во однос на истото вакво истражување направено минатата година. Еве како изгледаат резултатите за употреба на останатите форми за креирање и дистрибуција на содржината од страна на компаниите:
Останатите форми завземаат помалку од 30% од испитаниците, па не се вклучени во графикот.
Друга информација од истражувањето која треба да се спомене е дека малите компании во поголем процент експериментираат и ги користат различните облици на креирање и дистрибуција на содржина во споредба со големите компании. И она што е уште поинтересно се индустриите во кои компаниите најмногу ја користат содржината како средство за маркетинг на својот бизнис. Iнтересно е што маркетинг и адвертајзинг индустријата не е со најголем процент :)
Потоа се разгледувано посебно социјалните медиуми како канал за дистрибуција на содржина. Со задоволство можам да кажам дека на нашиот пазар конечно Твитер зеде залет и се користи масовно од индивидуалците. Бизнисите не се толку масовни во употребата, но ако се направи истражување и споредба со минатат година, сигурно ќе има голема процентуална разлика на подобро. А еве како се користат социјалните медиуми од маркетерите според направеното истражување:
Креирањето и диструбицијата на квалитетна содржина компаниите го прават за да ги постигнат своите поставени цели. Секоја компанија има свои различни цели кои сака да ги оствари преземајќи го чекорот на креирање содржина. Според испитаниците неколку цели преовладуваат кај најголемиот број на компании:
Како што и самиот наслов кажува, најголемиот број на компани веќе алоцираат четвртина од својот маректинг буџет за производство на квалитетна содржина и се спремни да ги зголемат своите инвестиции. Дури 60% од испитаниците одговориле дека сè повеќе ќе инвестираат во маркетинг преку содржина во следната година:
Она што е уште поинтересно, компаниите сè повеќе бараат помош од надворешни компании кои професионално се занимаваат со креирањето на квалитетна содржина, во споредба со минатата година:

Нема повторно да ве убедувам колку квалитетна содржина е клучна за вашиот маркетинг. Истражувањето “B2B Content Marketing” содржи уште неколку интересни статистики и заклучоци кои вреди да ги видите.
Она што јас сакам да го видам е како вие ја користите квалитетната содржина за зголемување на вредноста на вашиот бизнис. Споделете ги вашите искуства со користењето на содржината како средство за маркетинг на вашиот бренд.






Коментирај!