Blackhat SEO – Неетички маркетинг процес
Сите коишто работат Интернет маркетинг се соочиле со предизвикот да користат Blackhat SEO. Идејата е да победите во битката со Интернет пребарувачите и да го постигнете своето место без разлика што се треба да направите за тоа. Ако Интернет пребарувачите сакаат густо оптимизиран текст, тогаш им даваме таков наместо оној кој е логичен. Ако тие сакаат линкови, тогаш ајде да ги купиме линковите и да ја завршиме работата.
Но дали е тоа навистина така? Како и во секоја војна, има правила и закони коишто го ограничуваат она што смеете или не смеете да го направите. Дури и ако сметате дека на овој или на оној начин не ја преминувате границата на дозволеното, има работи коишто сепак не треба да ги правите.
Маркетерите обично дејствуваат многу агресивно во постигнување на својата цел. Ако сакаат линкови кои водат до нивните страници, тогаш ќе направат се за да ги добијат овие линкови: агресивно коментирање по други Интернет страници (без разлика дали се релевантни или не), праќање еден куп мејлови на секаква публика, автоматско коментирање и други слични несоодветни работи кои ги карактеризираат единствено како спамери.
Пред да се одлучите да дејствувате на овој начин, замислете си како е да бидете од другата страна. Постојат еден куп приказни за успешни Интернет страници, блогови, кои морале да бидат затворени заради илјадници спам коментари. Дали е фер вашата Интернет страница да не постои веќе затоа што некој се одлучил да игра според пократкиот, но неетчки пат?
Слатка е идејата да бидете први на Google за кратко време без разлика колку тоа ќе ве чини финанскиски или етички. Да речеме дека сте храбри и се одлучивте да користите вакви методи. Ајде да анализираме што всушност се случува при користењето на Blackhat SEO техники:
1. Ја пренатрупавте вашата страна со клучни зборови затоа што Интернет пребарувачите ја вреднуваат густината на истите? Замислете како вашите посетители ќе ја читаат ваквата содржина. Дали тие би останале на страна на која секој втор, трет збор е ист и содржината нема никаков логичен тек? Дали вие на нивно место би продолжиле да читате ваква содржина?
2. Ги додадовте клучните зборови неколку пати во изворот на вашата страница невидливи на прв поглед? Некој малку поподготвен посетител кој би се одлучил да го види изворот лесно ќе сфати дека се користите со неетички методи. А бидејќи е докажано дека лошиот збор многу побрзо се шири, во следниот момент ќе прочитате на неколку места за вашата неетечка оптимизација на страницата. Дали тогаш ќе ви значи високото рангирање на Интернет пребарувачите?
3. Ви требаат линкови кои ќе водат на вашата страница? Лесно е да ги нафрлате каде ќе стигнете по блоговите и да изградите база на линкови кои ќе ви помогнат кон подобрување на Off-page оптимизацијата. Но дали водите сметка колку
се релевантни постовите на кои сте го оставиле вашиот линк? Дали водите сметка што ќе помислат читателите на блоговите доколку вашиот линк непрестајно го гледаат во коментарите на секој втор блог на кој ќе наидат?
4. И повторно очајно се обидувате да ги надмудрите Интернет пребарувачите прикажувајќи за нивните спајдери една страница, а за посетителите друга? Користејќи doorway страници или cloaking можеби некогаш успеваше да ви донесе успех, меѓутоа денес само е причина повеќе за да добиете пенали или уште полошо, да бидете банирани. Спајдерите следат одредени техники за пронаоѓање на ваквите страници, ја следат навигацијата, пренасочувањето и други фактори кои алармираат за постоењето на овие страници.
На крајот, дали Blackhat SEO е секогаш погрешен начин да се борите со Интернет пребарувачите? Мислам дека одговорот е јасен. Ако веќе сте направиле Интернет страница, нормално е дека сакате да имате многу посетители и таа да биде позната. Меѓутоа доколку сте се одлучиле да ја оптимизирате по пократкиот пат, тогаш им давате порака на посетителите дека можеби немате долгорочна стратегија и многу брзо ќе ве снема.
Интернет пребарувачите играат клучна улога за секој поединец којшто има Интернет страница. Тогаш зошто би сакале да ги надмудрувате и да ризикувате да бидете на нивната црна листа? За сметка на краткотраен успех, ја ризикувате вашата долгорочна стратегија и вашиот бизнис на Интернет.
Да се здобиете со успех на Интернет пребарувачите, како би добиле посетители и клиенти е долг и макотрпен процес, но придобивките од истиот се далеку поголеми и подолгорочни. Па ваш е изборот, сакате да играте валкано или сакате да имате успех?



[...] This post was mentioned on Twitter by Viktor Stojanovski and Natalija, Petar. Petar said: Blackhat SEO – Неетички маркетинг процес – http://emarketing.komunikacii.net/blackhat-seo/ [...]
Коментирај!