Home » web design & development

Безболни и бесплатни интернет маркетинг методи

Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 15 Aug 2009 | Нема коментари
Сподели

За да можете да влезете во интернет маркетинг водите, нормално на почетокот ви треба веб страница.  Па доколку до сега не сте направиле една, време е да го сторите тоа. Веќе потоа, можете веднаш да почнете со останатата работа. Има неколку безболни, но најважно бесплатни методи кои што задолжително би требало да ги употребувате доколку сакате да имате успешна маркетинг кампања за ич пари. Во овој пост наведени се неколку од нив:

  1. Линкови, линкови, линкови
  2. Фокусирајте се на зголемување на ранкот на вашaта страница. Еден од најдобрите начини за тоа е да имате што повеќе линкови кои водат до неа. Најлесно е да разменувате линкови со други релевантни страници. Пуште се во поход. Најдете ги оние страни кои што се поврзани со природата на вашиот бизнис и контактирајте ги со барање за размена на линкови.

  3. Новости
  4. Овозможете им на посетителите да се регистрираат/претплатат за да можат да добиваат новости во врска со вашиот бизнис. Ова ќе ви помогне да остварите добра и редовна врска со нив како ваши потенцијални клиенти. Внимавајте новостите што им ги праќате да бидат кратки, конзистентни, интересни и наменети за поширока употреба, да не бидат конкретно врзани само за вашите производи и ништо друго.

  5. E-mail маркетинг
  6. Најефективен, а воедно и најисплатлив начин да ги држите вашите клиенти информирани за се што се случува со вашите производи и услуги е е-mail маркетингот. Најдете/створете ја базата на своите корисници, напишете едно добро, богато и интересно парче и пратете им на сите. Само бидете сигурни дека не спамирате, или многу наскоро ќе се соочите со многу поплаки кои негативно ќе се одразат на вашиот бизнис.

  7. Статии
  8. Напишете неколку квалитетни статии во врска со вашите производи и услуги и ставате ги на вашата страница. Редовно ажурирајте ги и да внесувајте нови информации. Ова ќе ви помогне да бидете индексирани  од пребарувачите полесношто за вас значи многу повеќе посетители.

  9. Форуми
  10. Најдете интернет форуми каде што има дускусии поврзани со природата на вашите производи и услуги. Придружете им се и редовно пишувајте или одговарајте на прашања постирани таму. Ова ќе ја зголеми вашата репутација како член на форумот. Во својот потпис вклучете го линкот до вашата страница што истовремено многу ќе придонесе во зголемување на видливоста на вашиот бизнис. И повторно, да потсетам, не спамирајте. Нема да ви се исплати.

Е сега за да не биде постов дво-километарски, а има уште многу да се зборува на темава, навратете пак за да прочитате уште вакви, мали, слатки финтички. И за горенаведените ќе зборуваме во детали.

Епа, c u soon.

Сподели:
  • Facebook
  • Twitter
  • del.icio.us
  • Пријави на ping.mk
  • Share on Ukusno!
  • Share on linke.rs
  • Share on CroPortal
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Share on Кајмак.от
  • Print

No related posts.


Коментирај!

Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.