7 совети за максимална празнична продажба
Празници се ближат, празници се ближат :). Празниците се омилен период на
маркетерите и на купувачите. Компаниите едвај ги чекаат за да продадат, луѓето трошат пари со задоволство, а тоа е совршена комбинација за секој бизнис.
За време на празниците продажбата секако се зголемува. Но можете да направите и нешто повеќе за уште повеќе да ја зголемите. Еве неколку совети како да продадете повеќе преку вашата страница за време на празниците:
- Направете празничен дизајн. Ако не сте сигурни дека треба да го менувате дизајнот на вашата страница, можете да направите тест во ограничен временски период и да анализирате како тоа ќе се одрази на вашата продажба. Според моето досегашно искуство, ќе биде успешно;
- Различен дизајн на страницата за посетителите во чии земји не е празник. Доколку решите да направите празничен дизајн, погрижете се да не ги загубите посетителите од земјите каде што не е празник. Ако вашата страница ја посетуваат луѓе од секаде во светот, нив прикажете им го досегашниот дизајн на страницата без празнични елементи.
- Таргетирајте одредено време за прикажување на празничниот дизајн. Анализирајето го однесувањето на купувачите. Направете заклучок во кое време од денот тие најмногу купуваат и што купуваат. Прилагодете ја вашата понуда врз основа на тие заклучоци и прикажете различен дизајн со различна понуда во различно време. Тоа ке ви помогне да постигнете максимална продажба.
- Различна содржина на акциите на вашата страница. Внимавајте како ќе им претставите на посетителите што сакате од нив да направат. За празници се подарува. Наместо да имате акција “Купи производ”, за празниците посоодветно ќе биде да ставите акција “Купете подароци за вашите најблиски”. Акцијата повторно останува иста “Продажба”, меѓутоа доколку ја искомуницирате соодветно на празниците, несомнено ќе ви донесе повеќе резултати.
- Помогнете им на посетителите да се идентификуваат самите себе во вашата содржина. При креирање на понудата имајте ги на ум нивните чувства и креирајте чувствителни пораки. На пример, ако продавате играчки, вашиот идеален купувач се родителите. За нив напишете нешто слично на: Што ќе им подарите на вашите деца за Нова Година? Во минатите 2 часа 50 мајки ја купија оваа супер количка за нивните синови. Дали би сакал и вашиот син да ја има истата?
- Испратете таргетирана понуда преку e-mail. Сегментирајте ги досегашните купувачи по локација, минати продажби, интереси и останатите параметтри кои ги знаете за нив. Спремете понуда прилагодена токму за нив и испратете ја на нивната e-mail адреса.
- Креирајте чувство на итност. Имајте пораки како: “25% попуст само до Нова Година”, или “Купете поевтино. Цените ќе се зголемат за 30% по Нова Година”.
Пробајте ги горенаведените препораки, доколку сакате да ја максимизирате продажбата за вашите празници. Но имајте на ум дека секогаш треба да се тестира. Не се впуштајте во кампања без да ја истестирате. Не можете да си дозволите да имате изгубени продажби заради неуспешна кампања.
Доколку се одлучите да искористите некои од наведените совети или веќе сте имале ваква кампања порано, ги очекуваме вашите искуства и резултати. Ајде заедно да креираме совети за најуспешни празнични кампањи.



Коментирај!