4 oсновни елементи за
водење бизнис на Интернет
Оваа тематика се преплетува скоро низ сите досегашни постови, затоа што можеби е она кон што сите бизниси тежнеат или би требало да тежнеат.
Постот е превземен од Mashable, најголемиот извор на информации и новости поврзани социјалните медиуми и се останато што мене лично ме засега, а верувам и вас, и поради темата која што обработува е преведен за наши потреби.
Токму како што таму наведува и како што веќе имаме кажано, за да можете да имате бизнис на Интернет логично мора да имате и интернет страница. Креирањето на вашата страница воопшто не е едноставен чекор. Таа бара еден куп планирање и одлуки, пред се за информациите кои ќе бидат прикажани, распореденоста на тие информации и поврзувањето на сродните елементи во една логична целина. Во овој пост се наведени неколку основни елементи кои ќе ви помогнат да поставите и одржите успешно присуство за вашиот бизнис на Интернет. Пред да почнете со имплементирањето на наведените елементи, бидете сигурни дека сте го поминале следниов најважен чекор:
Дефинирање цели
Пред да превземете било какви чекори, дефинирањето на целите на вашето присуство на Интернет е иницијалниот чекор кој во никој случај не смеете да го прескокнете, бидејќи ниту еден следен чекор нема да биде успешен. Уште пред самото креирање на веб страницата мора да имате на ум што би сакале да добиете од нејзиното постоење. Меѓу најважните цели на кои треба да внимавате доколку сакате вашата веб страница да биде успешна е диференцирањето на својот бизнис од останатите и укажување на она во што вие се разликувате и во што сте успешни за да можете да привлечете клиенти.
За да бидете сигурни дека оставате добар прв впечаток на луѓето кои намерно или случајно ќе наидат на вашата страница мора на ум да ги имате следниве 4 елементи:
-
Вашата интернет страница
-
Блог за вашата компанија
Поради некоја причина многу бизнисмени бегаат од блогови. Тие сеуште имаат проблем да ги разберат предностите и придобовките кои поседувањето на блог би можело да им ги донесе.- Прво, пишувањето на блог ќе направи да звучите многу поверодостојно пред својата публика и да се афирмирате себеси како експерт и професионалец во областа.
- Второ, блоговите се ажурираат редовно, што е причина плус посетителите да се навраќаат на вашата страница и да прочитаат што има ново.
- Трето, пишувањето постови ви дава слобода и простор да го објасните она што го нудите во детали. Посетителите сакаат да знаат како да го користат вашиот производ, да прочитаат примери како другите луѓе го користат и како може да го направите нивниот живот полесен. Ваквата интеракција со вашите посетители значително ја зголемува можноста тие да станат ваши клиенти.
-
Форма за зачленување
-
Профили на социјалните медиуми
Се започнува од вашата интернет страница. Таа е најважниот дел од вашето присуство на Интернет и центар на вашиот виртуелен бизнис, бидејќи е првото нешто на кое корисниците ќе наидат доколку пребаруваат за вас. Следствено на тоа, таа е првиот елемент за контакт со вашите потенцијални клиенти.
За да бидете сигурни да не ги изгубите на првата посета, мора да наведете што е она што го работите и зошто тие да ви веруваат. Одговорите на овие прашања ќе ја донесат одлуката дали вашите клиенти ќе останат на вашата страница и ќе научат повеќе за вашиот бизнис.
Доколку тие одлучиле да продолжат понатаму, следен логичен чекор е да видат детали за вашиот бизнис и по што точно вие се разликувате од другите кои ја работат истата работа. Значи, треба да имате импресивна страница, различна од почетната, која што ќе ја опишува вашата компанија и ќе влијае на одлуката на посетителите да продолжат да читаат за вашиот бизнис.
Потоа, задолжително и неизоставно мора да имате посебна страница за контакт, каде едноставно и кристално јасно ќе им објасните на посетителите како да стапат во контакт со вас. Оваа страница треба да содржи информации за вашата адреса, телефонски број, е-mail и останати информации кои сметате дека се битни за клиентот најлесно да стапи во контакт со вас. Можеби е паметно да вклучите и мапа каде точно се наоѓате со насоки како лесно да ги пронајдат вашите канцеларии.
Овие три страници (почетна страница, страница за вашата компанија и страница за контакт) се основните кои што треба да ги имате за да креирате присуство на Интернет. Меѓутоа доколку сакате едноставно да бидете уникатни и различни од другите, мојот предлог е да креирате блог.
Откако ќе имате страница полна со вредни информации и блог кој постојано го ажурирате, ќе се соочите со пораст на посетите на вашата страница и секако зголемен број на потенцијални клиенти. Е сега како навистина да ги претворите посетителите во потенцијални клиенти?
За да можете всушност да го продадете она што го нудите, треба редовно да информирате за новостите. Но новите информации не секогаш стигаат до старите посетители на вашата страница. Луѓето можеби еднаш ја посетиле страницата, но потоа не се сетиле да се вратат назад и да видат што е ново. За да бидете сигурни дека новите информации ќе стигнат и до старите посетители ставете форма за зачленување на вашата почетна страница, каде посетителите ќе ја остават својата email адреса. Со оваа форма всушност добивате дозвола да им испраќате нови информации на адресите коишто луѓето доброволно ги оставиле.
За уште повеќе да ви се олесни работата, на пазарот постојат повеќе алатки кои ќе ви овозможат да испраќате убаво дизајнирани нови информации на сите луѓе наеднаш. Некои од нив се: Vertical Response, MailChimp, Constant Contact, Aweber. Пробајте некои од нив и направете избор на оној што најмногу ви одговара. Инвестицијата во ваква алатка ќе ви се врати дупло, бидејќи маркетингот преку email е можеби еден од најефикасните начини да придобиете клиенти.
Собирање на email адреси на посетителите ви овозможува да реагирате проактивно. Не мора веќе да чекате клиентите да дојдат кај вас, туку можете вие да стигнете до нив.

Уште еден проверен начин за генерирање потенцијални клиенти се социјалните медиуми. Социјалните мрежи ви овозможуваат директен и најлесен начин за контакт со потенцијални клиенти. Facebook Fan page или Twitter профил веќе стануваат неизоставен дел од секој бизнис. Доколку се дел и од вашата маркетинг стратегија, тогаш нивната застапеност на вашата страница е логичен чекор. Имплементирајте опција за посетителите да можат да станат фанови на вашиот Facebook Fan Page или да ве следат на Twitter директно од вашата страница. Овие два елементи ќе ви помогнат да останете во контакт дури и со оние луѓе кои само еднаш ја посетиле вашата страница.
Ова не се единствените елементи коишто би требало да ги проследите при максимизирање на вашето присуство на Интернет. Се пишувало за нив во минатите постови, а ќе се пишува уште многу и во идните. На вас останува да ги споделите своите совети и искуства со водењето бизнис преку интернет.
Извор: http://mashable.com/2010/02/10/business-web-presence/


Токму тоа е еден можен начин на користење на интернетот како маркетинг средство за бизнсите.
Сметам дека бизнис веб страна без блог и тоа не каков било туку блог кој ќе се ажурира постојано за темата во која е самиот бизнис (проблемите кои бизнисот ги решава) претставува „мртва“ веб страна и едноставно користа на бизнисот е никаква.
Понатаму интеграција со социјални медиуми и е-mail листа е уште едно надополнување за она што се нарекува inbound (влезен) маркетинг каде бизнисот не ги привлекува со притисок потрошувачите (а кој сака притисок) туку бизнисот едноставно лесно е најден од страна на оној која бара решение за проблем.
Би сакал да додадам уште некои алатки за е-mail (аутореспондери) а тоа се GetResponse кој навистина има брз раст особено по излегување на најновата верзија некаде во септември во која за првпат е вклучена можноста за видео е-mail. Со него имам искуство бидејќи ја користам про верзијата. Aweber кој е наведен во написот можеби е подобар во некои елементи од GetResponse особено за добрата аналитика и подобра репутација на deliverability на пораките. Aweber го анализирам уште и најверојатно ќе продолжам само со него поради една работа која најмногу не ми се допадна кај GetResponse а тоа kako сме именувани иако реагирав до Support тимот не можевме да најдеме заеднички јазик бидејќи компанијата е од Полска, а Полска е во ЕУ и останатото е јасно.
Друг квалитетен аутореспондер (но тоа е само дел од услугите кои ги има оваа алатка) е InfusionSoft но е поскап во однос на другите, но едноставно со поврзување на повеќето елементи кои ги има во него функционира и како квалитетен CMR систем.
Драган,
Благодарам за наведувањето на дополнителни алатки. Морам да се согласам дека сите со себе носат свои квалитети и секој се диференцира сам за себе со некоја уникатна функционалност која останатите ја немаат.
Би сакала да напоменам дека е многу важно на почеток да се направи правилниот избор. Доколку одредена алатка ја користите подолго време, многу е потешко да се одлучите да се префрлите на друга алатка, токму поради тоа што сите од нив на некој начин функционираат како CRM систем. Чуваат информации за Bounces и Unsubcribes и при секоја селдна кампања ги филтрираат овие луѓе. Доколку овие информации не ги аплицирате и во вашата база и се потпрете само на алатката која ја користите, тогаш ќе ви биде многу тешко да ги префрлите и на новата алатка која што ке се одлучите да ја користите.
Коментирај!
Blogroll
Архива