3 основни совети за поефикасно интернет огласување
Сподели
За жал мораше да налетам на негативен пример за да се измотивирам да напишам пост со неколку кратки и релативно едноставни совети кои неопходно мора да се почитуваат кога се планира и спроведува интернет кампања.
Деталите на примерот:
- реклама поставена на Facebook, која води до интернет страницата на компанијата која се рекламира. Еве ислустрација. Станува збор за извесна фирма Axis која рекламира обука.

Сајтот на Axis.com.mk и нивниот оглас на Facebook
1. Линкот на огласот треба да води до конкретната понуда
Бидете сигурни, оној/онаа што ќе кликне на огласот веќе покажал/а иницијален интерес. Мора да го дочекате со содржина која ќе соодветсвува со пораката која го донела таму. Покажете дека е на вистинското место и дека токму тоа што го бара, вие го нудите. Во ниту еден случај не го носете посетителот на насловна страна, каде меѓу другото се наоѓа и она за што дошол. Патем, ниту еден посетител нема од прва да види реклама на Facebook и да сврти одма на телефон за да дознае повеќе за понудата. Секогаш прво ќе кликне. Каков впечаток ќе добие понатаму и што ќе прави….
2. На својата страница понудете повеќе инфорамации од самиот оглас
Една од причините зошто е добро огласувањето на интернет е токму (условно речено) неограничениот простор кој може да си го дозволите на својот сајт. Токму затоа самиот оглас треба да биде интересен, провокативен да го натера корисникот да кликне за потоа на „свој терен” да му „продадете” се што сакате :). Во спротивно, доколку на рекламата некоја информација е појасна и подостапна отколку на самиот сајт, посетителот ќе треба да чека повторно да му е појави истата на Facebook.
3. Користете кирилица
Нема потреба да се појаснува зошто. Македонски се пишува на кирилица, толку. Ако ова не е доволно… еве уште една причина: на Facebook секој клик се менуваат голем број оласи од страна, локалните се издвојуваат и по кириличното писмо. Затоа ако сакате да ви биде позабележлив огласот покрај забележлива но не премногу драстично невообичаена слика (како за FB) користете и кирилица.






За користење кирилица ептен си во право. Огласот да, ке биде позабележлив доколку е на кирлица, бидејки се останато е на латиница.
А што со случајот кога корисникот го гледа фб на македонски јазик? Во тој случај се му е на кирилица ова ќе му биде на латиница пак ќе биде впечатливо.
@димитар зборувам за рекламите, не за менијата и содржината на FB :)
Браво Нате… Имаш право, а Даниел од Аксис ми е другарче на ФБ. Му пишав, па ќе видиме…
Поздрав до екипата од ИМБ (интернет маркетинг блог, нема везе со Битолска Млекара)…
Ц, ц, ц Алек, па од тебе ова не го очекував…. види бе таму кој е автор на постот…
Леле, стварно, ти си автор… Ја мислев дека само Нате била… Сори!
Добар пост иако има многу да се зборува на оваа тема.
Секако се согласувам дека страната на која води рекламата треба да биде посебна т.н landing page на која ќе биде објаснета понудата и исто така ќе има некој вид на call to action – или повик за некаква акција – дали е тоа да се пополни некој формулар или да се симне нешто од тој сајт.
Оваа со акциите е чисто за самите адвертајзери да имаат повеќе податоци за своите потенцијални клиенти. Секако секој со своја стратегија. :))
Секако дека има уште многу на темава… ама со време :) ќе биде.
Фала за коментарот Ивана. Мислам дека ти е сефте на блогов :) или грешам?
не е сефте – само од одамна немам коментирано. инаку редовно те следам на блогов и тебе и нате – како бивша колешка :)
Плус, за академија како Вас, многу некреативна реклама. Мислам дека самиот дизајн на рекламата треба многу да кажува за оној што се рекламира.
@фала Ивана, цениме :)
@UX не сакав да се врзувам премногу за конкретниот пример… сакав да извлечам некои погенерални совети… ама комплетно се сложувам со твоајта забелешка
Патем, „на академија како Вас”? на кого се обраќаш? тука не е академијата? или мислиш дека ќе го читаат ова? :))
Сепак, изгледа не сум кликнал каде што треба…
http://www.axis.com.mk/Default.aspx?news=82741b24-0d06-4944-92f8-19dd9290420d&ln=3
на оваа адреса има повеќе детали за обуките… значи по некоја логика ова би требало да биде и Landing страна…
и повторно од дизјан гледна точка е #fail. Микс на МК и ЕН, слика (флаер) со недоволен квалитет….
@Buldioski па би требало барем малку да се “интернет активни” за да прочитаат кога некој ги фали или критикува, а посебно за вакви работи.
А ако почнеме да збориме за design, usability или па не дај боже UX(User Experience), ќе испадне блог пост должина на коментаров :))
[...] This post was mentioned on Twitter by sead93, Natalija and Oliver Noveski, Slavica Biljarska. Slavica Biljarska said: RT @Natalija 3 основни совети за поефикасно интернет огласување – http://0.mk/internetoglasi post by @darko156 [...]
Коментирај!
Држи се до темата. Не спамирај. Благодариме.
На Twitter
9 hours ago from HootSuite
13 hours ago from Tweet BFFs
15 hours ago from Tweet BFFs
15 hours ago from Chromed Bird
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари