Месечна архива за месец: March 2010
marketing, web design & development »
Имате Интернет страница на која доаѓаат многу посетители, но сепак вашиот профит стои во место? Тогаш сте одработиле само половина од вашата домашна задача. Успеавте да ја направите вашата страница позната, многу луѓе да ја посетуваат секојдневно, а потоа едноставно си одат. Имате уште работа тука.
Доколку се занимавате со трговија на Интернет, главен параметар кој го мери вашиот успех е зголемувањето на продажбата. Мора да научите како вашите посетители донесуваат одлука да купат од вас и при тоа малку да ја поттикнете нивната одлука да купат токму од вас. Еве …
events »
Во ноември ви ветивме серија од обуки поврзани со Интернет маркетингот. И токму поради сите проблеми наведени и елаборирани тогаш, решивме да си го исполниме ветувањето. Минатата обука, која ги опфати основните алатки и техники за Интернет огласувањето, нè поттикна уште повеќе да се ангажираме и да го задоволиме интересот и апетитот на учесниците. Нивната инволвираност во усовршувањето на нивните знаења од оваа тема, ни даде стимул да размислуваме на уште пошироко ниво и да сакаме да ги споделиме нашите пошироки знаења.
Затоа овој пат решивме дека дојде правото време да …
E-MAIL »
SMM, Tools »
Еве уште една добра вест рано наутро. Facebook извади бета верзија за следење конверзии. Ова е причина плус да почнете да го користите рекламирањето на Facebook, доколку сеуште не сте почнале.
Вака на прв поглед, изгледа многу едноставно. Ајде да направиме еден краток преглед, иако луѓето сè добро си објасниле во нивниот прирачник за корисници:
Во левото мени се појавува уште еден таб “Tracking”:
Во овој таб имате можност да креирате нов таг за следење, или да генерирате извештај за веќе постоечките тагови:
По избирањето на опцијата да генерирате нови тагови за следење, треба …


