Месечна архива за месец: October 2009
marketing, SEM »
Во минатите постови зборувавме за новиот начин на огласување којшто конечно пристигна во Македонија – контекстуалното огласување. Новиот производ на HTTPool им овозможи на македонските фирми и бизнисмени нов начин на привлекување посетители и клиенти на нивните страници и тоа веќе почна да се користи на големо на страниците во мрежата на HTTPool.
Наидов на неколку реклами на некои од локалните страници и портали и доколку не сте виделе, еве како тие изгледаат:
Е сега тука има нешто што мене не ми се допаѓа. Поправете ме ако грешам, но во моите очи …
events »
Крај на Glocal: Inside Social Media конференцијата за нови медиуми, којашто од 15 до 17 Октомври се одржуваше по трет пат во просториите на New York University Skopje.
Трите дена завршија, секој на свој начин. Морам да признаам дека ова беше најразновидната конференција на која сум присуствувала. Да, се’ се вртеше околу друштвените медиуми, но имаше најмалку 20 различни аспекти, видувања и размислувања, колку што и презентeрите беа различни меѓу себе.
IT.com.mk и itdogadjaj.com, ми помогнаа да си заштедам зборови од прераскажување на што точно се случуваше таму. Топло ви препорачувам да …
events »
Готово е, готово. Заврши Webit и јас се вратив дома пред 2 дена. Се извинувам на сите вас што малку го запоставив блогот и не стигнав порано да напишам пост. Ама затоа бев многу ажурна на Twitter. Се надевам дека ме следевте редовно. Епа ајде сега да ви пренесам колку што можам повеќе од се што се случуваше таму.
Како што на еден блог веќе прочитав, секое чудо за три дена, т.е. ова траеше 2 дена. И навистина беше чудо, иако уште на почетокот ме дочека разочарување. Сакајќи да слушам предавање …


