Месечна архива за месец: September 2009
SEM, marketing »
Httpool Contextual функционира врз основа на клучни зборови. Целта на овој систем на огласување е да се направи таргетирано огласување односно огласот да му се појави на посетителот на одредена веб страна во моментот додека се интересира за одредена област.
SEM, SEO, marketing »
контекстуалниот систем на огласување ја aнализирa содржината на страниците кои се дел од контекстуалната мрежа на Httpool и на посетителите им ги прикажува оние огласи кои тематски одговараат на содржината која ја има страницата.
SEO »
Според моето искуство, најболна и највеќе дискутирана тема на сите оние коишто се занимаваат со интернет маркетинг е оптимизацијата за интернет пребарувачите. Темата на којашто дискутиравме е застапеноста на клучните зборови во мета таговите и содржината на страницата. Иако и јас како почетник ја застапував тезата дека треба да се стори се’ (читај: што поголема застапеност на клучните зборови), за да можат интернет пребарувачите најлесно да ја индексираат страницата, сега имам и малку подвоено мислење, заради неколку причини:
Tools »
Колку би било добро кога на посетителите на вашиот сајт би им овоможиле да пребаруваат низ содржини кои не се објавени само на вашиот сајт туку и на други сервиси и сајтови каде е присутен вашиот бренд или компанија.
Lijit е алатка која го овозможува токму тоа.
Во основа Lijit е пребарувач базиран на енџинот на Google. Сервисот до максимум ја поедноставува опцијата за сопствено нагодено пребарување (custom search) која веќе подолго време ја нуди Google. Со неа може секој индивидуално да го дефинира полето на пребарување, т.е. да ги внесе сајтовите …
E-MAIL »
E-mail маркетингот, доколку се користи правилно, е еден од најисплатливите начини на промоција на вашиот бизнис. Воедно, оваа техника претставува еден од најлесните, најбрзите и најевтините начини за остварување на комуникација со вашите сегашни и потенцијални клиенти.
Успешноста на овој метод на промоција/комуникација најчесто се мери со бројот на лугето коишто го отвориле e-mail-от и бројот на кликовите кои што тој ги генерирал. Но не секогаш луѓето ги отвараат e-mail-овите и не секогаш луѓето кои што ги отвориле се заинтересирани за она што вие го нудите, што значи дека вие нема …

