10 основни SEO техники
Толку многу се зборува за SEO и многу луѓе кои се нови во интернет маркетингот често се прашуваат зошто оваа тема е толку актуелна и толку многу важна. Ајде да почнеме од почеток. Што всушност е SEO?
SEO е кратенка од Search Engine Optimization, што во превод значи оптимизација за интренет пребарувачи и опфаќа различни техники и методи кои помагаат при подобрување на ранкот на вашата страница на интернет пребарувачите, како би можеле да привлечете што повеќе посетители. Добра оптимизација на вашата страница е исклучително важна. Затоа морате што подобро да се запознаете со оваа тема, бидејќи без тоа, вашиот интернет бизнис има многу помалку шанси за успех.
Е сега сфативме дека без оптимизација нема успех, па ајде да се фатиме за работа. При оптимизацијата, обично во превид се земаат 2 основни фактори: on-page SEO и off-page SEO.
On-Page всушност е делот во кој што треба да работите директно на вашата страница. Off-page SEO е оној дел во кој што можете да изведувате активности поврзани со оптимизацијата индириктно (надвор) од вашата страница, т.е. со размена на линкови со другите интернет страници.
Ајде прво да зборуваме за делот кога треба да посветите внимание директно на вашата страница. За да бидете сигурни дека вашата страница е солидно оптимизирана за да обезбеди подобар ранк на интернет пребарувачите, запрашајте дали таа ги исполнува следниве критериуми:
- Дали вашата страница има наслови не подолги од 60 карактери?
- Дали вашата страница има опис не подолг од 250 карактери?
- Дали вашата страница содржи листа на клучни зборови не подолга од 100 карактери?
- Колку често определените клучни зборови се содржат во текстот на вашата страница?
- Дали користите H1 таг за насловите во текстот на вашата страница кои ги содржат клучни зборови?
- Дали сите слики на вашата страница содржат ALT текст?
- Дали сите линкови на вашата страница се исправни?
- Дали вашата страница содржи .xml мапа?
- Дали вашата страница содржи robot.txt фајл?
- Дали вашата страница е W3C и HTML валидна?
Доколку одговоривте позитивно на сите горенаведени прашања, можете да бидете сигурни дека сте ги преземале основни чекори за успешна оптимизација. Имајте на ум, оптимизацијата не е нешто што се прави еднаш и засекогаш. Резултатите нема да дојдат веднаш, но бидете трпеливи почекајте ги и повторно вратете се на нашиот блог за да прочитате некои од понапредните SEO техники.



Коментирај!