10 корисни совети за користење на LinkedIn

Како петти најкористен друштвен медиум, LinkedIn заслужува еден ваков пост кој ќе ви помогне успешно да го менаџирате вашето присуство таму.
Прво и основно мора да сфатите дека ова не е Facebook. Внимавајте на кого ќе му дозволите да биде дел од вашата мрежа на контакти, а воедно и вие да бидете во неговата. LinkedIn ви овозможува дополнителна можност за создавање клиенти, но примарната цел овде не е продажбата, туку остварување вредни контакти. LinkedIn се базира на максимална доверба. Најверојатно е и најпозната платформа која што е базирана на доверба.
Е кога веќе сфативме дека LinkedIn е многу посериозна платформа каде што професионалците ги шират своите мрежи на контакти, можеме да продолжиме понатаму со неколку корисни факти коишто го карактеризираат овој медиум:
- Основното што мора да го направите е да го исполните вашиот профил:
- Внимавајте како ќе ја дефинирате вашата професија, бидејќи покрај вашето име тоа е првото нешто што го забележуваат посетителите вашиот профил. Освен вашиот работен назив, можеби би сакале да додате и неколку главни карактеристики што ве дефинираат вас како професионалец;
- Слика – задолжително! Во никој случај не смеете да имате несериозна слика (некоја од вас со друштвото или сл.). Повторно, ова не е Facebook, овие луѓе на прво место се ваши професионални контакти, а не пријатели;
- Внимателно дефинирајте што ќе напишете во кусиот преглед за вашата професија. Ова секако мора да се однесува на вашите главни карактеристики и работни обврски. Размислувајте што некој би сакал да прочита доколку сака да соработува со вас или да ве ангажира како професионалец;
- Наведете информација за контакт. Олеснете им на вашите контакти да ве пронајдат доколку имаат било каква понуда за вас;
- Соберете препораки, но не од секого, туку од луѓето на коишто вашите клиенти би им верувале. Не барајте од непознати да ви напишат препорака. Тоа би изгледало како чиста измама;
- Запомнете: можноста да контактирате луѓе не е ваше право, туку дозвола од нивна страна. Не ја упропастувајте со праќање сувопарни промоции се со цел да продадете;
- Не праќајте анонимни мејлови, барајќи од луѓето да ви пратат покана;
- Ако прифаќате премногу контакти, вашиот профил станува премногу актуелен и мамка за спам;
- Станете познати со активно учество и без спам, вклучувајќи се во дискусии, постирајќи вредни новости и сл. Луѓето ќе го ценат знаењето и вредноста која што ја придавате во нивната мрежа;
- Искоритете ги препораките, маркетинг материјали, интернет страница, блог…Ќе влеете доверба кај идните клиенти;
- Не барајте од луѓето кои се занимаваат со работа конкурентска на вашата да ве претстават пред нивните клиенти. Тоа е глупаво;
- Повеќето највлијателни директори се таму. Однесувајте се со нив исто како што би се однесувале во физичкиот свет, за да можете да остварите некој бенефит;
- Приклучете се на групи само според вашиот интерес; помалку спам – повеќе вредни информации;
- Како да добиете повеќе членови во вашата група? Едноставно прашајте: пратете мејл и линк со учтива покана. Повеќето од нив ќе прифатат и ќе бидат почестени.
Листава без сомневање може да стигне до 101. За препораки и совети за користење на LinkedIn се пишува на големо. Споделете се’ што сте читале или што ќе ви падне на ум за поефикасно и професионално користење на оваа вредна платформа.


Јас подолго време имам профил таму, но баш поради сите тие работи кои ги наведе кои од претходно ги зна не се впуштив во додавање на секакви пријатели. одлична анализа, одбив до сега неколку кои немаа ништо општо со тоа со кое се занимавам јас, ии да сепак убаво нагласено станува збор за мрежа во која се пронаоѓаат партнери, идни проекти и сл. станува збор за професионална социјална мрежа во која навистина идентитетот со кој се претставуваш е важен за другите.
благодарам!
драго ми е што учам од оваа страна.
Драго ми е што пронајде корисни совети од постов. Сите треба да постапуваат на тој начин, за да можат да изградат мрежа на контакти вредни за својот бизнис.
Од друга страна, освен што треба да се винимава чија покана се прифаќа, треба да се внимава и на кого се прака покана, бидејќи доколку одреден број на луѓе ја одбијат вашата покана, постои ризик LinkedIn да го блокира вашиот профил.
Благодарам што не следиш и се надевам ќе не читаш и понатаму.
Одлично сумирано.
Само ќе додадам дека во групите треба што повеќе да се дискутира и сподели што поголемо знаење од конкретната областа за да се стекне впечаток дека навистина знаете што зборувате. Тогаш, самите ќе приметите колку ќе се зголеми вашата вредност но и бројот на квалитетни конекции/контакти.
Superb weblog! I really love how it is easy upon my eye balls and also the information are very well written. I’m wondering how i might be notified whenever a brand new publish has been made. I have activated for your feed which ought to have the desired effect! Have a nice day time!
Коментирај!
Blogroll
Архива
Последни постови
Most Commented
Последни коментари