• Почетна
  • За блогот
  • Автори
  • Twitter Feed
     
>
SEO

Search Engine Optimization Оптимизација на веб страниците за подобар ранг кај пребарувачите

SMM

Social Media Marketing Употреба на SM за директна комуникација, зголеменa видливост и публицитет

E-MAIL

Совети и трикови за успешна директна комуникација со сегашни и потенцијални купувачи

Tools

Алатки за успешен и ефикасен маркетинг на вашиот бизнис преку интернет

SEM

Search Engine Marketing – Совети за платени маркетинг активности преку интернет пребарувачите

SMM »

Новогодишен аватар
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 24 Dec 2011 | Нема коментари

Share

Овој пост ќе биде малку различен од минатите, бидејќи нема да ви давам совети, нема да анализирам и нема да ви кажувам што е добро за вашиот бизнис на интернет. Во овој пост ќе делам малку новогодишно расположение. Зошто за една недела ни доаѓа и Нова Година, па оправдано ми е нели?

Причината за ова се појави пред четири дена, кога Нетокрација објави пост за тоа како Горан Пеуца, хрватски дизајнер, се инспирирал од празниците и им подари на твитерашите рачно фотошопирани аватари со божиќна капа. Идејата беше одлична и многу забавна, па ја ретвитав Нетокрација, со цел да споделам како се забавува хрватската твитерска заедница.

Што е уште позабавно, @indog, македонски дизајнер, одма се испирираше од тоа како се забавуваат хрватските твитераши, па предложи да се забавуваме и ние на сличен начин. И од тука се разви една долга дискусија, која заврши синоќа со конечен резултат.

Во прв момент, јас и @indog дискутиравме за некои драфт идеи како на пр. гиф во кој на сите аватари ќе им врне снег, нешто во стилот на Google’s Let it Snow (оваа идеја беше пресложена за брза изработка), или пак на сите аватари да им се монтира бела брада (оваа идеја беше соодветна само за аватари кои имаат лице). Нешто подоцна на @NotSocialMedia, на @drashmk и на @banekoma им се виде интересна идејата, па се вклучија во дискусија, а Бане богами и во работата. Го зеде аватарот на @darko156 и разви неколку идеи:

Кога веќе ги имавме првичните идеи, уште повеќе се загреавме за да се реализира овој мини проект, како што @Necovski го нарече. @banekoma и @indog со взаемна соработка и многу разменети твитови  (на крајот дискусијата ја префрливме на меил за да не го оптеретуваме тајмлајнот) и го средија последното решение на @indog, за да изгледа како што во моментов изгледа мојот аватар:

Истиот си го имам и на мојот Facebook профил. Сега ве повикувам сите твитераши и фејсбукаши да ги направите и вашите аватари и слики на профил како и мојата (доколку ви се допаѓа) и сите заедно да го споделиме новогодишното расположение.

Сликата е додадена на PicBadges, и се што треба да направите е да се логирате со вашите Twitter или Facebook сметки и да го додадете беџот на вашиот аватар.

За крај, сепак ќе го прекршам ветувањето во првата реченица и повторно ќе кажам еден мал совет до сопствениците на бизниси. Вакви мали, слатки идеи се добредојдени за онлајн заедницата и најчесто инстантно ги прифаќа. Добра креативна идеја во вистинско време може всушност да се реализира како фина мини кампања соодветна на актуелните случувања. Ваква едноставна идеја лесно може да резултира со успех.

Дополнување: Уште еден пример како Twitter заедницата лесно се организира за настани со некаква актуелна цел е настанот #елкамк чиј прв дел започнува денес во 12 часот и има вистинска, поголема цел. Сите детали можете да ги прочитате на Facebook.

П.С. @banekoma разви уште една идеја. Кој од вас го следи на Twitter веројатно веќе ја видел, за останатите ќе ја споделиме кога ќе ни дојде идеја како да ја употребиме :).

Share

Нема Коментари

SMM »

Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 7 Dec 2011 | Нема коментари

Share

Еден куп пати ви имам напоменато дека без квалитетна содржина, скоро и џабе трошите пари на маркетинг. Содржината е онаа која ќе ве продаде. И за да не биде ова мое проповедење залудно, се појави уште едно истражување кое ќе го потврди она што го зборувам. Ако не ми верувате мене, еве верувајте им на светските експерти MarketingProfs и  Content Marketing Institute кои направија истражување за тоа како во бизнисите гледаат на содржината како средство за маркетинг кон други бизниси, од аспект на алоцирање буџет и трендови.

Најбитните заклучоци кои ги издвојувам во постов покажуваат кои се плановите на компаниите за 2012 во поглед на содржината, и колку се разликуваат нашите компании од оние кои секојдневно се бават со производство на квалитетна содржина. За илустрација, 9 од 10 испитаници во ова истражување ја сметаат квалитетната содржина како едно од најбитните средства при маркетингот на својот бизнис.

Колку вие сте подготвени да потршите четвртина од вашиот маркетинг буџет за производство на квалитетна содржина?

Според моето искуство, ова поле сеуште е во фаза на созревање и раст на нашиот пазар. Свеста за придобивките и употребата на содржината како моќно маркетинг средство е разбудена кај нашите компании, но подготвеноста да се инвестира во истата сеуште спие. Според податоците во истражувањето испитаниците издвојуваат 1/4 од својот буџет за маркетинг и го инвестираат во креирање на квалитетна содржина, што не сум сигурна дека за брзо ќе се случи и кај компаниите на нашиот пазар. Ако во истражувањето се прави споредба во тоа колку пораснала употребата на одредени алатки и форми за креирање на квалитетна содржина во споредба со минатата година, кај нас може да се мери дали минатата година воопшто постоела некаква употреба и дали се појавиле компании оваа година кои ја употребуваат содржината за квалитетен маркетинг.

Но ајде доста зборуваме за тоа колку ние ја употребуваме и искористуваме содржината и да се осврнеме на тоа како развиените компании го прават тоа. Она што најмногу ме радува е што константно расте употребата на отдредени алатки и техники за креирање и дистрибуирање на квалитетна содржина во светот. За илустрација бројот на компании кои имаат свои блогови, или го користат блогот како форма за дистрибуција на содржина пораснал за 27% во однос на истото вакво истражување направено минатата година. Еве како изгледаат резултатите за употреба на останатите форми за креирање и дистрибуција на содржината од страна на компаниите:

Останатите форми завземаат помалку од 30% од испитаниците, па не се вклучени во графикот.

Друга информација од истражувањето која треба да се спомене е дека малите компании во поголем процент експериментираат и ги користат различните облици на креирање и дистрибуција на содржина во споредба со големите компании. И она што е уште поинтересно се индустриите во кои компаниите најмногу ја користат содржината како средство за маркетинг на својот бизнис. Iнтересно е што маркетинг и адвертајзинг индустријата не е со најголем процент :)

Потоа се разгледувано посебно социјалните медиуми како канал за дистрибуција на содржина. Со задоволство можам да кажам дека на нашиот пазар конечно Твитер зеде залет и се користи масовно од индивидуалците. Бизнисите не се толку масовни во употребата, но ако се направи истражување и споредба со минатат година, сигурно ќе има голема процентуална разлика на подобро. А еве како се користат социјалните медиуми од маркетерите според направеното истражување:

Креирањето и диструбицијата на квалитетна содржина компаниите го прават за да ги постигнат своите поставени цели. Секоја компанија има свои различни цели кои сака да ги оствари преземајќи го чекорот на креирање содржина. Според испитаниците неколку цели преовладуваат кај најголемиот број на компании:

Како што и самиот наслов кажува, најголемиот број на компани веќе алоцираат четвртина од својот маректинг буџет за производство на квалитетна содржина и се спремни да ги зголемат своите инвестиции. Дури 60% од испитаниците одговориле дека сè повеќе ќе инвестираат во маркетинг преку содржина во следната година:

Она што е уште поинтересно, компаниите сè повеќе бараат помош од  надворешни компании кои професионално се занимаваат со креирањето на квалитетна содржина, во споредба со минатата година:


Нема повторно да ве убедувам колку квалитетна содржина е клучна за вашиот маркетинг. Истражувањето “B2B Content Marketing” содржи уште неколку интересни статистики и заклучоци кои вреди да ги видите.

Она што јас сакам да го видам е како вие ја користите квалитетната содржина за зголемување на вредноста на вашиот бизнис. Споделете ги вашите искуства со користењето на содржината како средство за маркетинг на вашиот бренд.

Share

Нема Коментари

SEM »

Персонализирани реклами на Google
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 24 Nov 2011 | Нема коментари

Share

Знам дека доцнам со постов, и дека веројатно сите веќе сте свесни за промените во прикажувањето на рекламите, меѓутоа доволно е важна работава за да се напише и да се сподели.

Ако сте се обиделе да пребарате одреден термин на Google последниов месец, веројатно сте забележале малку поинаков приказ на оној дел каде што се прикажуваат рекламите, односно Sponsored Ads.

Првото нешто што јас го забележав, е дека рекламите почнале да се прикажуваат и под органските резултати од пребарувањето, како дополнување на оние што се појавуваат од десно или пак над органските резултати.


Следно што забележав е линкот во горниот десен агол, кој ми вели “Зошто овие реклами”?

И освен тоа што ми го кажа она што веќе го знаев, дека овие реклами се соодветни на клучните зборови што сум ги впишала во полето за пребарување, по природа на настаните морав да прочитам што баш намислил Google и ете зошто баш тие реклами ми ги прикажува, па кликнав на линкот во самото прозорче “Ads Preference Manager“. Овој линк носи до посебна платформа која всушност им овозможува на корисниците да ги прилагодат нивните преференци за прикажувањето на рекламите, и да ги отстранат оние категории на реклами или пак огласовучи кои не се релевантни на нивните интереси.

Со персонализирање на реклами, Google овозможува подобрување на искуството со пребарувањето, преку тоа што прикажува реклами кои се поврзани со одредени информации за корисниците, како на пример страниците кои ги посетуваат, нивните последни пребарувања или пак со информации од нивното Gmail сандаче. Всушност оваа опција им прикажува помалку реклами кои се директно поврзани со нивните интереси и се релевантни на нивното пребарување, користејќи ги информациите од нивните претходни акции при пребарувањето.

За да ги персонализира рекламите во резултатите од нивното пребарување, Google ги зема во предвид нивните пребарувања и ги комбинира доколку постои логична поврзаност помеѓу нив. Исто така ја зема во предвид и нивната историја на посетувани страници при што ви овозможува вам како огласувач, чија страница корисниците ја посетиле во минатиот период, да ги таргетирате конкретно овие корисници  со одредени специјални понуди релевантни за нивните интереси.

Доколку корисниците не сакаат да ги споделат своите информации за да бидат дел од персонализирањето на рекламите, тогаш ја имаат опцијата “Opt out”. По избирањето на оваа опција Google ќе им ги прикажува сите реклами соодветни на моменталното пребарување.

Она што е уште поважно да се спомене е дека Google овозможи употреба на опцијата  “Blocked Advertisers” во “Ads Preference Manager”, преку која корисниците преку својата Google сметка можат да ве блокираат вас како огласувач, и вашите реклами да не им се прикажуваат никогаш повеќе додека се логирани со својата сметка.

Погледнете го официјалното видео на Google за тоа како работи “Ads Preference Manager”.

Во меѓувреме Google направи одредени промени и со органските резултати од пребарувањето. Малa најава е сликата подолу, а за повеќе детали ќе ве оставам да читате на Инетрнетмаркетинг.ком.мк.

Новите опции на Google креираат уште поголем предизвик за вас како огласувачите, токму поради фактот што сега, уште повеќе од порано, многу е важно огласувачите да бидат ектремно внимателни со задоволување на интересите на корисните преку нивните реклами.Доколку не успеете да ја постигнете оваа крајна цел, тогаш ризикувате корисниците да ги блокираат вашите реклами, и да не можете да стигнете до вашата идеална публика.

Share

Нема Коментари

SMM »

Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
Автор: Дарко Булдиоски | Објавено на 11 Nov 2011 | Нема коментари

Share

IAB UKДалеку сме ние од реален муабет на оваа тема. Во МК каква-таква регулација на огласувачкиот простор има (ми се чини) само за ТВ. Колку таа се почитува и колку се санкционира е комплетно друг муабет, сега нити е место нити време. Муабетов го почнувам заради еден интересен (и пред се паметен) чекор на кој се реши британското еснафско здружение на интерактивни маркетинг агенции IAB UK.

Тие во обид за максимална заштита на корисниците, транспарентност и зголемување на кредибилитетот на медиумите и огласувачите воведоа едноставни правила (напатствија) со кои секоја платена промоција на социјалните медиуми мора јасно да биде означена.

Ако сакате подетално да ги разгледате напатствијата и примерите симнете PDF верзија.

IAB Македонија е во фаза на подготовка, а беше најавена и од претставникот на IAB Европа на воведната сесија на Webit. Улогата на оваа организација е токму таа, да го регулира, но пред се да го стимулира пазарот да се развива во позитивна насока, за на крајот сите да бидат среќни. Здравје боже, за година или две (оптимистички) се надевам дека и ние ќе ги дискутраме овие теми.

Патем, би сакал да го издвојам решението за спонзорирани твитови каде се вели:

A Twitter user is paid by a brand owner or marketing practitioner specifically to use Twitter to promote a brand, product or service. The brand owner or marketing practitioner should ensure that the Twitter user discloses the payment by including ‘#ad’ within their tweet.

И моментот дека спонзорирани објави од каков било тип не се дозволени на Facebook затоа што тоа ги нарушува правилата за користење на овој сервис.

A brand owner or marketing practitioner should not consider paying individuals to promote brands, products or services on the individuals’ pages or profiles on Facebook, even with disclosure, as doing so would contravene Facebook’s terms of service.

Via

Share

Нема Коментари

SEM, SEO, SMM »

5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето
Автор: Наталија Трајчевска | Објавено на 9 Nov 2011 | 1 Коментар

Share

Вчера Google конечно ги пушти новите страници за бизниси по долго најавување. Главната тема во постов не е насочена исклучиво кон новите страници, но на почетокот еве една интересна слика со 10 факти кои ги одбележуваат страниците:

Извор: HubSpot

Имајќи своја страница на Goggle+ како компанија и воопшто неговото користење за било каква активност и не е мала работа, земајќи го во предвид фактот дека Goggle+ веќе има 40 милиони корисници од јуни до сега.

Сo неговото појавување и со промените кои ги предизвикува континуирано, на многу начини влијае врз генерирањето посети на вашата страница преку пребарувачот на Google,  поради фактот што има огромно влијание врз позицијата на вашата страница при пребарување на Google и врз вашите шанси корисниците да кликнат токму на вашата страница.

Главните фактори за тоа како Google+ влијае врз пребарувањето на Google, HubSpot ги сумира во 5 точки во својата најнова електронска книга “Google+ за бизниси”:

1. Google+ ја подобрува интелегенцијата на Google 

Со појавувањето на Google+, на Google му станува многу полесно да анализира на кој начин луѓето споделуваат и комуницираат за заедничките интереси. Анализирајќи ја вашата активност на Google+, сега е во состојба да ви пласира резултати од вашите пребарувања кои се директно поврзани со вашите интереси и се многу порелевантни од порано. Не само што може да анализира што споделувате и кои се вашите интереси, туку врз основа на круговите на вашите пријатели, анализира со кои луѓе најчесто комуницирате и кои се најважните пријатели од вашите кругови. Така при вашето пребарување, прво ќе ги земе во предвид резултатите кои се поврзани со овие луѓе, бидејќи ќе знае дека ним најмногу им верувате и се потпирате на нивните совети.

2. Google+ го подобрува квалитетот на резултатите од пребарувањата

Google+ му ја олеснува работата на Google при идентификување на вистински профили или спамери. Профили кои се базираат исклучиво на споделување и фаворизирање на линкови од 1 страница, или профили на кои единствена активност е +1, тогаш може да станат сомнителни за Google и да бидат обележани како спамери. Исто така ако профилите следат профили кои се карактеризирани како спамери, исто така ризикуваат да бидат ставени во истиот кош. Активноста на ваквите профили нема да влијае врз резултатите од пребарувањата, при што значително се подобрува квалитетот на истите.

3. Google+ го изменува начинот на генерирање посети

Копчето +1 ја игра главната улога во оваа точка. Постои веднаш до резултатите од пребарувањата на Google, и секако може да се додаде на било која интернет страница. Копчето +1 во позадина се врзува со URL-то,

односно адресата на страницата, па при креирање или менување на истата бидете многу внимателни, бидејќи ќе го ресетирате бројот на +1. +1 има огромно влијание врз оценките за квалитетот на страницата при рангирањето на истата, и затоа е од исклучителна важност да се насочите кон стимулирање на активноста на истото. Страниците кои имаат додадено +1 копче, според HubSpot добиваат 3,5 пати повеќе посети од Google од оние кои немаат.

4. Google+ ја подобрува стапката на кликови

Копчето +1 има директно влијание врз одлуката на луѓето дали да кликнат на вашата страница или не. Уште пред да кликнат, тие во резултатите од пребарувањето имаат информација колку луѓе го кликнале +1 за вашата страница, што всушност им дава индикација колку е истата популарна. Со овие информации на посетителите сега им е поелсно да ги избегнуваат страниците кои не се популарни и да ги посетуваат оние кои всушност им се допаѓаат на останатите корисници.

5. “Direct Connect” или директно поврзување

Петтата точка се однесува на директната интеграција помеѓу новите Google+ страници наменети за бизнисите и резултатите од пребарувањето на Google. Со пуштањето на страниците во употреба, Google ја пушти и новата опција “Direct Connect”, која автоматски ги интегрира овие 2 работи.

Опцијата се рефлектира на пребарувањето на тој начин што им овозможува на корисниците кои пребаруваат страници на Google+ едноставно да ги пронајдат и на Google.com. За да ги прескокнат редовните резултати од пребарувањето, тие едноставно треба да го додадат знакот + пред името на фирмата/брендот кој што сакаат да го пронајдат.

Доколку веќе креиравте Google+ страница за вашиот бренд и сакате да го искористите овој начин на пребарување, прво мора да ја активирате  ”Direct Connect” опцијата, која се наоѓа на вашата Google+ страница. Со кликање на “connect your website” линкот, ќе бидете однесени на посебна страница за прилагодувања, каде со внесување на потребните информации и инсталирање на прикажаниот код на вашата страница,  ќе можете да ја активирате бараната опција. Сепак, со активацијата не сте ја завршиле целата работа. Google алгоритмите прават селекција за тоа кои страници ќе бидат вклучени, затоа погрижете се да ја промовирате вашата страница на повеќе начини и да си обезбедите поголеми шанси за вклучување.

Последниве промени на Google, ни даваат до знаење дека начинот на кој што се рангираат страниците во резултатите од пребарувањето воопшто не е ист како порано. Сега, уште повеќе од порано, корисниците имаат огромно влијание врз тоа како се рангираат нашите страници, преку своите активности на социјалните мрежи. Ако порано знаевме добро да се испотиме за да ја оптимизираме нашата страница користејќи ги сите посочени практики и совети, сега дополнително треба да се испотиме да им дадеме вредност на нашите посетители кои всушност стануваат клучната алка за успешноста на нашето присуство на Интернет. Навиките за пребарување се менуваат, исто како што се менува и начинот на рангирање, и сега е многу важно да не ги испуштаме од вид интересите на нашите корисници и да правиме се за да ги задоволиме. На крајот, корисниците се тие кои одредуваат колку вреди нашиот бренд.

Share

1 Коментар

Next Page »

    Blogroll

    • All Facebook
    • Драган Варагиќ
    • eConsaltancy Blog
    • Mashable – The Social Media Guide
    • Nebojša Radović
    • Sherpablog
    • Social Media Marketing Blog
    • SocialMedia.biz

    Архива

    • December 2011
    • November 2011
    • October 2011
    • September 2011
    • August 2011
    • July 2011
    • June 2011
    • May 2011
    • April 2011
    • March 2011
    • February 2011
    • January 2011
    • December 2010
    • November 2010
    • October 2010
    • September 2010
    • August 2010
    • July 2010
    • June 2010
    • May 2010
    • April 2010
    • March 2010
    • February 2010
    • January 2010
    • December 2009
    • November 2009
    • October 2009
    • September 2009
    • August 2009

    Последни постови

    • Новогодишен аватар
    • Сè повеќе инвестиции во маркетинг преку содржина
    • Персонализирани реклами на Google
    • Основни напатствија за платена промоција на социјалните медиуми
    • 5 начини на кои Google+ влијае врз пребарувањето

    Most Commented

    • Сите на Webit...
    • Маркетингот на социјалните медиуми бара 24/7 посветеност
    • Зошто сте игнорирани на социјалните медиуми?
    • Неколку локални прашања во врска со SEO
    • Интернет продавница: 7 чекори за отворање на интернет продажно место

    Последни коментари

    • professional contract beds on Зошто Facebook Page, а не личен профил за твојот бренд
    • kefir grains in australia on [IdejaX - Gary Vaynerchuk] Содржината е крал, маркетингот е кралица а контекстот најважен :)
    • cougars dating  on [Webit] Како Ericsson им приоѓа на огласувачите
    • Fruit Carving on PPC, бидете чекор пред конкурентите
    • Pumpkin Carving on Дали Твитер ќе ги “убие” Твитер клиентите?
    Придвижено од WordPress | Entries (RSS) | Comments (RSS) | Arthemia тема на Michael Hutagalung Хостирано на mkhost.